Fit Games Competition

Fit Games Competition

Share

Annual crossfit & functional fitness competition

Fit Games Vol.2 - Галерија 09/10/2018

На 07.10.2018 година (недела) се оддржа второто издание на Fit Games Vol. 2 - натпревар во функционален фитнес.

Натпреварот помина во одлична атмосфера. Квалитетот на натпреварот беше на неспоредливо поквалитетно ниво во однос на минатогодишниот.

Имено, оваа година Fit Games Vol. 2 се оддржа во склоп на 6 годишната роденденска прослава на Skopje City Mall, на платото пред трговскиот центар. Имаше силен натпреварувачки дух (тоа сликовито ќе го видите преку сликите во оваа галерија). Натпреварот беше посетен од многумина луѓе кои беа дојдени да ги гледаат, бодрат и мотивираат натпреварувачите и кои беа случајни минувачи.

Организаторите обезбедија парични и останати вредни награди. Вкупниот награден фонд на овој натпревар изнесуваше 700 евра кој е распределен помеѓу првите 3 пласирани од двете категории мажи и жени.

Честитки до момците и девојките со најдобри резултати оваа година на Fit Games! 🙌🏆🎉

Во категорија мажи:
🥇Игор Попоски
🥈Иван Благојевски
🥉Бојан Диков

Во категорија жени:
🥇Теодора Цветковиќ
🥈Илина Георгиевска
🥉Јорде Саздовска

За 1во место во двете категории добија по 200 евра, ранци Nike, Sony Wireless Headphones од Galerija (Skopje City Mall).

За 2ро место во двете категории беа поделени по 100 евра.

За 3то место во двете категории беа доделени 50 евра.

Сите 6 натпреварувачи кои се качија на пиедесталот добија вредни награди од нашите спонзори: месни производи од Pirutnina Ptuj ваучери од Qubit Plus и Cryo MK и пакет протеински барови од BeHealthy.

Натпреварот немаше да се оддржи без несебичната поддршка од Skopje City Mall, Општина Карпош, Nike, Ewopharma – Flexofytol, Fitness House, SN Осигурителен Брокер, вода MaYa, Perutnina Ptuj, Be Healthy, Cryo MK, Qubit plus, Млекара Јока, ПроМедика и Алгасан.

Огромна благодарност до коорганизаторот на овој настан - Оливер Целески и Nagomy Fitness Center, судиите, и сите оние кои помогнаа и се погрижија овој настан да се реализира безпрекорно од логистички и организациски аспект.

Секако, благодарност и до нашите фитнес пријатели кои го поддржаа овој настан - Ultimate Fit Alebras, Фитнес Револуција и Мој Тренер,

Голема благодарност и до модератор на настанот - Марко Новески и на нашиот познат hip hop DJ Irie Scratch кој не забавуваше до самиот крај на натпреварот.

Благодарност до сите учесници и поддржувачи на Fit Games Vol.2! 💫
Се гледаме следната година! 😉

Второ издание на натпреварот во функционален фитнес - Fit Games | Zazabava.com 03/10/2018

"По успехот на минатогодишниот настан, организаторите на Fit Games повторно повикуваат на предизвик за проверка на физичката спремност во спортска, пријателска и забавна атмосфера на 7 октомври со почеток во 12 часот на платото пред Skopje City Mall." 💪

Второ издание на натпреварот во функционален фитнес - Fit Games | Zazabava.com По успехот на минатогодишниот настан, организаторите на Fit Games повторно повикуваат на предизвик за проверка на физичката спремност во спортска, пријателска и забав...

30/09/2018

Уште точно една недела до големиот настан Fit Games! 💫На многу од пријавените учесници ќе им биде прв натпревар, прво искуство, за кое ви ветувам дека нема да се покаете. Но, добро е да дојдете подготвени физички и психички, па затоа ќе споделам неколку совети кои јас ги научив низ долгогодишното искуство како натпреварувач. 👇

❗ Во оваа една недела нема да можете да ја подобрите вашата физичка спремност, затоа распоредете ја паметно енергијата и фокусирајте се на правилна исхрана и доволно одмор.
❗ Тренинзите нека бидат кратки, без многу повторувања за да не добиете воспаление на мускулите. Предлагам да ги распоредите на следниов начин: понеделник, вторник, среда - тренинг, четврток - одмор, петок - активен одмор (трчање, веслање, планинарење, со помал интензитет) и сабота секако одмор пред натпревар. Правете повеќе вежби за мобилност и истегнување.
❗ Не правете драстични промени во исхраната. Продолжете да се храните како до сега, само зголемете го внесот на протеини и масти, и потрудете се да обезбедите 10 часа сон.
❗ На денот на натпреварот станете порано, појадувајте како и секој ден, а за остатокот од денот подгответе протеини, БЦАА, изотоник и микс од јаткасти плодови - лесни се за конзумирање, содржат калории кои ќе ви дадат енергија и не ве прејадуваат, што е многу важно за кросфит натпревар. Хидрирајте се постојано, но не се препивајте со вода. Веднаш по event-от внесете протеински шејк и овошје.
❗ 20-30 минути пред секој event влезете во warm up просторот и почнете да се загревате со класична подготовка за тренинг. Ако event-от бара да најдете max тежина пробајте да подигнете приближна килажа на таа што ви е замислена. Не го барајте PR- от за време на загревање. Прекинете со загревање 5 минути пред да почне тренингот, на некои натпревари можеби ќе седите во редица и до 15 минути, затоа не се прегревајте.
❗ Кога ќе бидете повикани на вашата платформа поздравете го судијата, кажете го вашето име и презиме и исклучете се од околината. Во тој момент треба да бидете сами со себе и со задачата која ви е зададена. Слушајте ги одбројувањата на судијата. Доколку ви каже "no rep" повторете го движењето и не си правете притисок.
❗ Мојата тактика е ваква: секогаш пробувам да го следам мојот ритам, зависно од тренингот. Ако се вежби што ми годат влегувам поинтензивно на почетокот за да направам растојание од другите натпреварувачи, а после држам темпо со 80% од max, а при крајот на тренингот секогаш влегувам 100%. Секогаш користете ја тактиката што ја користите на тренинг, не пробувајте да експериментирате на натпревар.
❗ Најважно од сѐ е да задржите психичка стабилност, не се вознемирувајте, не се откажувајте, истерајте го натпреварот до крај. Немојте да се каете за ниедна грешка, бидете задоволни од тоа што сте го постигнале и прославете го вашиот успех.

Со среќа! 🙂
Oliver Celeski

27/09/2018

Пријави се на Fit Games! 😎

Освен тоа што ќе ги тестираш сопствените граници и ќе се дружиш со луѓе со кои имаш заедничка пасија за здрав, активен живот, ќе имаш можност и да си одиш дома со некоја од вредните награди што ги спремивме со нашите партнери и поддржувачи!

⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️

🥇Прво место во двете категории (мажи/жени): по 200 евра, Nike спортски ранец + пакет награди

🥈Второ место во двете категории: по 100 евра + пакет награди*

🥉Трето место во двете категории: по 50 евра + пакет награди*

⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️⚠️

🎉*Пакет награди за првите три места: пилешки и мисиркини месни производи од Perutnina Ptuj; CryoMK ваучери (терапија во cryo сауна за прво место, local cryo therapy за второ место, Normatec recovery за трето место), ваучери за бесплатен дијагностички преглед во Qubit plus; пакет протеински и енергетски барови од BeHealthy.

Сите учесници на Fit Games ќе добијат arm band за носење на телефонот на рака, ваучер за 20% попуст за дијагностички преглед во Qubit plus, дизајнирана маица, оброк од Fitness House, вода MaYa, и овошје (банани и јаболки). 🍌🍎🥛

Огромна благодарност до нашите поддржувачи: Општина Карпош, Ewopharma Makedonija (Flexofytol), Skopje City Mall, Nike, Perfect Poultry (Perutnina Ptuj), BeHealthy, Cryo MK, Qubit plus, Млекара ЈОКА, SN OSIGURITELEN BROKER и нашите соработници: NagomyFitness Centre, Ultimatefit Alebras, Фитнес Револуција, mojtrener.mk, Fitness House, Maya Water, Irie Scratch, Marko Noveski. 🤝✌️

Пријавувањата траат до 04.10.2018 📆

https://www.facebook.com/events/1907698209539808/ - Линк до настанот!

Можете да се пријавите во:

📬Приватна порака
📍Nagomy fitness studio
📍Фитнес Револуција
📍Ultimate Fit Alebras
📍Мој Тренер

Ги имаме сите предуслови за незаборавна дружба, немој да ја пропуштиш! 😎💪

26/09/2018

Стигнаа и вежбите! 🏋️💪
Натпреварот ќе се одвива во 3 дела - од резултатите во првите 2 дела ќе се издвојат 10 машки и 5 женски натпреварувачи кои ќе продолжат во финале, односно во третиот дел од натпреварот каде што ќе се натпреваруваат во уште една вежба. Како и минатата година, последната вежба ќе им биде соопштена на лице место на натпреварувачите кои ќе влезат во финале.

Пријавувањето е во тек, местата се ограничени, побрзајте! ⏳😀

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Ljubjanska 4, 1000 Skopje
Skopje