Црвено Црна армија 1987

Црвено Црна армија 1987

Share

ФАН СТРАНА НА БРЕНДОТ ВАРДАР И РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

14/06/2025

АНАЛИЗА: Успех, Неуспех или солидна сезона за РК Вардар?🔴⚫️

Откако се оладија главите, решивме да дадеме наше видување на сезоната на РК Вардар, главно прашање е дали беше успешна(Куп Трофеј), неуспешна(пораз сред Скопје за титула), или солидна сезона во која освоивме трофеј кој рака на срце на почеток на сезоната ни малку не не поврзуваа за тој трофеј, а па од друга страна го загубивме можеби оној поважниот сред Скопје. Најпрво Вардар е Вардар, целите секогаш се највисоки, целите и мора секогаш да се 3 титули(Лига, Куп, СуперКуп), по една пауза момците го освоија Купот и автоматски обезбедија натпревар за СуперКупот, најверојатно негде почеток на Септември или евентуално крај на Август. Да се навратиме малку на почетокот на сезоната, Вардар градеше екипа за титула во македонска лига и најмалку проаѓање во следна фаза на Европската Лига, големиот ростер, брзата смена на Недановски по веќе очигледното испаѓање од Европската Лига доволно ни укажуваа дека управата веќе ги среди финансиските проблеми и главна цел сега се трофеите, главна цел е да се врати Вардар онаму каде што припаѓа, па веќе нема оправдувања туку едноставно управата бара РЕЗУЛТАТ! Моментум кој го приметија и навивачите кои од натпревар во натпревар се повеќе ги имаше во салата, без разлика дали РК Вардар играше против РК Еурофарм Пелистер, РК Алкалоид или па против Пролет или Прилеп(без потценување на никој тим). Комити и официјално се вратија на натпреварите од Суперлигата, поточно од плеј офот и беа ветер во грб на играчите! По ни завршена полусезона, откако веќе и вардарците останаа без надеж дека можно е да земеме нешто од титулите, дојде до смена на тренерската позиција, дојде Милано кој на почеток всади мала надеж но пак онака тивко си зборевме дека можно е сепак да земеме некоја титула, како поминуваше времето се повеќе и повеќе се воигруваше Вардар и рака на срце веќе ни се зголемија и целите, ако со цела сила го напаѓавме купот, почнавме да рачунаме и на лигата нарочито по натпреварот во Битола, па потоа дојде и натпреварот во финалето, каде што надежите и амбициите само се зголемија за дупло од што беа, но се тоа траеше до последниот натпревар кога Милано го забележа првиот пораз на домашен терен, пораз кој не чинеше Титула и евентуален пласман во ЛШ, по тој натпревар наводно Милано добил отказ и РК Вардар бара тренер кој ќе биде предводник на овој нов Вардар, се споменува Чупко, легенда вардарова но за тоа нешто покасно во месецов кога најверојатно ќе имаме и некоја погласна шпекулација или можеби потврда за кој ќе го наследи Милано. Како и да е, сезона исполнета со бомба од емоции, почнавме со самодоверба, по Алкалоид го изгубивме компасот, па потоа со Милано тргнавме по титули, ракометно плеј оф лудило ни следуваше кое за жал ние не бевме тие што се изборивме до крај за таа титула, како и да е играчите изиграа, изгинаа, па и тренерот сигурно сакаше, но ете кога не е судено, не е, на нас ни останува следната сезона, сезона во која амбициите се поголеми од оваа и се најавува дека ќе тргнеме кон нешто поголемо во Европската Лига и титула во Суперлигата па и во Купот!

Вардарци, Комити, Македонци, Скопјани, се гледаме на трибини од следната сезона, сезона која уште од сега очекуваме напад на трофеи!

Од секој пораз нам ни е мака, но што да се прави кога Вардар се сака! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Ашреф Маргели си заминува од скопски Вардар! 🔴⚫️

Ашраф Маргели, 28 годишниот туниски репрезентативен десен бек, потврди заминување по само една сезона во РК Вардар откако се огласи на својот инстаграм профил каде што се заблагодари за сите убави моменти поминати во црвено-црниот дрес, со ова станува и шестото официјално заминување од РК Вардар за следната сезона. За сега не се знае каде ќе ја продолжи кариерата па истиов пост ќе биде обновен кога ќе се дознае неговата нова средина. Маргели дојде во РК Вардар од тунискиот Есперанс, по одличната прва полусезона во РК Вардар, Маргели во финишот од сезоната се мачеше со повреда која го оддалечи од терените и не му дозволи да продолжи на исти начин како он што знаеше. Играч кој знаеше како да ја дигне публиката со бомба шут од 10 метри, борбен, страствен и желен за фудбалска публика. Му посакуваме среќа понатаму во кариерата и нормално го чекаме на некој натпревар да не посети, затоа што Вардар е една фамилија!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ АШРЕФ!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

🇹🇳 شكراً جزيلاً لك على كل شيء يا أشرف!
مرةً فاردار، ستبقى فارداراً دائماً! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Хансер Родригез го заменува скопски Вардар со францускиот второлигаш Каен! 🔴⚫️

Хансер Родригез, 25 годишниот Кубански репрезентативец, воедно и десно крило на РК Вардар, е петото летно официјално заминување од РК Вардар. Хансер дојде пред 2 сезони, во периодот кога дојдоа и поголемиот дел од играчите на овој РК Вардар, настапуваше со успех и со мотивације изминативе 2 сезони и стана голем миленик на вардаровата публика, играч кој знае да мотивира и да ја дигне публиката кога најмногу му е потребно на тимот. Ни беше чест што имавме таков играч во свои раце кој знае да подигне и публика и да го поттикне соиграчот да го даде максимумот од себе, се надеваме дека понатаму патиштата ќе ни се спојат повторно, но тогаш да напаѓаме поголеми цели, европски титули!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ХАНСЕР!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

🇨🇺 ¡GRACIAS POR TODO, HANSER!
¡UNA VARDAR, SIEMPRE VARDAR! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Стефан Петриќ го заменува скопски Вардар со ГРК Охрид! 🔴⚫️

Стефан Петриќ, 24 годишниот српски лев бек на РК Вардар по 2 сезони си заминува од скопската престолнина која ја заменува за градот до езерото, Охрид и со тоа станува и четвртото официјално заминување од РК Вардар за следната сезона! Петриќ во РК Вардар дојде од белградскиот Партизан како надежен и играч кој треба да биде еден од поглавните играчи на РК Вардар во таа сезона, тоа и беше но откако во изминатава сезона доби конкуренција во 2 добро познати европски имиња како Борозан и Хориха, шансата која ја добиваше рака на срце беше минимална, па најверојатно и тоа довело до размислување за промена на средината. Стефан Петриќ според нас е еден од најпотценетите играчи во овој состав, затоа што се работи за играч кој чим добиеше шанса он ја користеше максимално. Петриќ како што напоменавме погоре се сели во ГРК Охрид, екипа која следната сезона нема да биде само една нагазна мина, туку ќе напаѓа нешто за кое што се борат РК Вардар, РК Еурофарм П. и РК Алкалоид веќе подолго време! Бели, остани упорен и докажи дека знаеш, па по некое време те чекаме назад, онаму каде што припаѓаш семејството во кое беше и Татко ти, ЦРВЕНО ЦРНОТО СЕМЕЈСТВО!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ БЕЛИ!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

🇷🇸 ХВАЛА ТИ НА СВЕМУ, БЕЛИ!
ЈЕДНОМ ВАРДАРАЦ, ЗАУВЕК ВАРДАРАЦ! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Томислав Јагуриновски го заменува скопски Вардар со германски второлигаш! 🔴⚫️

Томислав Јагуриновски, 26 годишниот репрезентативен десен бек го напушта РК Вардар и се сели во втората бундеслига во екипата на Десау со што станува третото официјално заминување на РК Вардар за следната сезона! Томи во РК Вардар имаше неколку епизоди, но последната му беше најуспешна кога се работи за индивидуален квалитет, кога дојде од РК Тинекс Пролет во РК Вардар. Десен бек кој можеби со екипи од послаб квалитет немаше да одигра со некој интензитет, но беше претпознатлив по квалитетот кој го прикажуваше во дерби натпреварите, на пример како во Охрид за финалето против РК Еурофарм Пелистер. Поголем дел од последната епизода во РК Вардар, сам го носеше товарот на таа десна бековска позиција па и немаше право на грешка, затоа што само он ќе беше главен виновник доколку таа позиција го немаше вистинскиот квалитет. Доста пати критикуван и оспоруван но секогаш го давал максимумот колку што е можно. Му посакуваме многу среќа во новиот клуб, и се надеваме дека ќе ни биде гостин на некој натпревар во Скопје!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ТОМИ!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Михаил Аларов го заменува скопски Вардар со шампионот на Европскиот Куп - РК Алкалоид! 🔴⚫️

Македонскиот 27 годишен репрезентативен пикер, Михаил Аларов по 2 ипол сезони си заминува од РК Вардар, но не и од Скопје, па така што станува и второто официјално засилување, а негов нов клуб ќе биде РК Алкалоид, поточно градскиот ривал. Аларов дојде од екипата на РК Тинекс Пролет во РК Вардар, тогаш за Вардар најтешките мигови, мигови во кои беше принуден да се посвети само на македонското првенство, по пола година Аларов заедно со Мечка станаа дуо во одбрана од кое се плашеа и најдобрите, Аларов низ годините се афирмираше и во стандарден репрезентативец кој според нас требаше да биде лидер во одбраната заедно со Мечка! Борбен, страствен, голем вардарец и голем миленик на публиката, Аларов беше еден од тие кого највеќе го болеше домашниот пораз, играч кој прв дојде кај Комити да се поздрави и играч кој беше спремен да биде мотивациски предводник на еден подобар Вардар, но за тоа можеби и негде понатаму, нашата приказна нема да престане, се надеваме повторно да се врати во вардаровиот дрес но тогаш како засилување кое ќе ни треба за во Лига на Шампиони!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ МИХАИЛ!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

10/06/2025

Официјално: Ларс Кооиј го заменува скопски Вардар со новиот бундеслигаш Бергишер! 🔴⚫️

Холандскиот 24 годишен репрезентативен пикер, Ларс Кооиј по една сезона си заминува од РК Вардар со што станува и првото официјално заминување од црвено-црниот табор за идната сезона, кој што го заменува двократниот европски шампион со новиот бундеслигаш Бергишер. Ларс Кооиј беше еден од најпотценетите играчи но брзо по доаѓањето на Милано стана јака конкуренција за нашиот Мечка се до периодот кога доби незгодна повреда и не можеше да го даде својот максимум за РК Вардар во финишот од сезоната. Ларс дојде од германски третолигаш, но за каков играч сме добиле добро кажува што следна станица ќе му е елитната бундеслига! Борбен, пркосен и играч кој секогаш знаеше да биде благодарен на публиката и на клубот од кој јаде леб, па така и даде коректна изјава за холандските медиуми кога македонската публика беше линчувана токму од нив!

🇲🇰 ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ ЛАРС!
ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, ЗАСЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ! 🔴⚫️

🇳🇱 BEDANKT VOOR ALLES LARS!
EENS EEN VARDAR, VOOR ALTIJD EEN VARDAR! 🔴⚫️

07/06/2025

ДОЈДЕ ДЕНОТ!

Момци, бараме игра од срце, бараме борбеност, бараме храброст и бараме решителност, бидете тие што ќе ја создадат новата шампионска ера на ВАРДАР, бидете тие што навивачите ќе ги ценат и поштуваат понатаму и за кој клуб да настапувате, затоа што ова не е само натпревар, ова е натпревар кој може да го врати РК Вардар онаму каде што припаѓа, европскиот крем, а кога ќе дојде и третата европска титула некаде ќе го пишува овој состав на играчи, состав кој евентуално го однел РК Вардар повторно во ЛШ, ќе го пишува како составот кој го спомнуваме кој го урна Металург и ја донесе титулата која најави подобри европски денови на Вардар! Затоа, бидете ТИЕ, бидете ТИЕ ИГРАЧИ, кои ќе бидат запишани во првите редови за почетокот на една нова вардарова ера! Предноста е кај нас, ни одговара и реми, АМА ОДИМЕ ПО ПОБЕДА!

МОЖЕТЕ, САКАТЕ И ЌЕ УСПЕЕТЕ!
МОМЦИ ИГРАЈТЕ ЗА СКОПЈЕ!
ИГРАЈТЕ ЗА КОМИТИ!
ИГРАЈТЕ ЗА НЕПРЕСПАНИТЕ НОЌИ!
И ИГРАЈТЕ ЗА НЕПРАВДИТЕ!

СКОПСКИ ВАРДАР, ЗАСЛУЖУВА ТИТУЛА!

02/06/2025

ИЗМАЧУВАНИ!
МАЛТРЕТИРАНИ!
ЗАДРЖУВАНИ!

УШТЕ ШТО НЕ ДОЖИВЕАА КОМИТИ ПО ПАТ, А РЕЗУЛТАТОТ? РЕЗУЛТАТОТ ГО ДАДОА РАКОМЕТАРИТЕ! ЕДНОСТАВНО, ВАРДАР+КОМИТИ Е НЕОСВОЈЛИВА ТВРДИНА!

ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА КУПОТ ПО 17-ти ПАТ!

БРАВО МОМЦИ!!!

20/05/2025

РК Вардар против бранителот на Купот ќе ја напаѓа седумнаестата Куп титула! ⚫️🔴

Куп на Македонија (Полуфинале):
РК ВАРДАР - РК Алкалоид (17:00ч)
ГРК Охрид - РК Еурофарм Пелистер (19:30ч)

РК Вардар го доби противникот за полуфиналето во Купот на Македонија, а тоа е екипата на РК Алкалоид, бранителот и должникот од минатиот Ф4! Пред нас ни следува можеби и најинтересниот Ф4 во историјата на Македонија, 4 екипи, скоро изедначени но сепак со мало издвојување се фаворизираат вечните ривали да се борат за тој Куп Трофеј! Куп натпреварите и во минатото ни докажувале дека не секогаш победувал најдобриот и фаворитот, во изминатото сме губеле финале во моменти кога сме биле најдобри не само во Македонија туку и во Европа! Никој не смее да се потцени, во моменти кога сите екипи на свој терен се тврд орев, затоа смирено и да си ја играме нашата игра, и заедно да го вратиме куп трофејот во црвено-црните витрини, а потоа и да ја нападнеме дуплата круна со освојување на Македонската СуперЛига! РК Вардар моментално е најтрофеен клуб во Македонија, но и највеќе го освојувал Купот на Македонија (17), најблиску до РК Вардар се екипите на РК Металург (РК Металург РА) кој има освоено 6 титули, а трет на листата е РК Еурофарм Пелистер кој има освоено 5 титули!

ВАРДАРЦИ И КОМИТИ САКААТ КУП ТИТУЛА!

20/05/2025

‼️🤾‍♂️ УПИС НА ГЕНЕРАЦИЈА 2012
РК Вардар врши упис на деца родени 2012 година кои сакаат да тренираат ракомет како дел од најтрофејниот клуб во Македонија. До крајот на мај ќе се одржат и повеќе тренинзи во салата во СЦ „Јане Сандански“ со нашите тренери. Повеќе детали по пријавувањето.
✅ Пријавување: секој ден од 9 до 15 часот
👉 Контакт: Маја Папуџиева
📧 [email protected]
☎️ 071 247 213

27/04/2025

РК ВАРДАР ОДИ ПО ДВОЈНА ТИТУЛА! 🔴⚫️

РК Вардар е првиот учесник на Ф4 од Купот на Македонија!
По победите над РК Бутел и втората екипа на РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар ја помина победнички оваа подолга епизода во Битола, па така и обезбеди пласман на Ф4 најтешко од сите свои конкуренти за титулата во Купот! РК Вардар ќе тргне по својата 17-та титула во Купот, додека е во пол позиција да ја освои и својата 16-та Суперлигашка титула! Сеуште нема информации каде ќе се одржува Ф4, но очекуваме во најбрз можен рок повеќе информации!

НО НАЈМНОГУ МЕРАК МИ ПРАВИ, ВАРДАР ДА ОСВОИ КУП! 🔴⚫️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Skopje