13/05/2026
Ale Mirror 😎
Дел од најновата летна колекција на италијанската Але ❤🇮🇹
👉 Повеќе инфо:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/category&path=248
Вашите авантури започнуваат со нас!
На едно место, ве покануваме сите заедно да градиме вистински центар за сите вљубеници во спортовите во природа. Во периодот кој следува ќе ви ги претставиме брендовите кои ќе бидат наши партнери во следните авантури и кои со нашето искуство, искрено ви ги препорачуваме, а исто така и дел од нивната програма која набрзо ќе ни биде на располагање. Outdoor.mk покрај продажба често ќе организира и пр
13/05/2026
Ale Mirror 😎
Дел од најновата летна колекција на италијанската Але ❤🇮🇹
👉 Повеќе инфо:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/category&path=248
22/04/2026
Бјанки Аркадекс АЛ, со ГРХ 12с 😎
Новото ѕверче од палетата на Бјанки - достапно и кај нас !
👉 Уживајте во комфорни друмски искуства: како на асфалт, така и на земјен пат.
👉 Повеќе инфо:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/category&path=257
01/04/2026
Детски велосипеди од полската РОМЕТ 😍
👉 Повеќе инфо:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/category&path=65
18/03/2026
Виа ферата сет на чешката компанија Рок Емпаер - моделот ДинаГо 😎
Со затоплување на времето, еден од планинарските клубови од Скопје, веќе е подготвен да овозможи нови искуства во вертикалите за своите членови 😇
👉 Повеќе инфо за овој виа ферата сет:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=164&product_id=3850
18/02/2026
Двајца нови Бјанкисти 😍
Нивен избор: еднуренс рејсинг моделот Бјанки Инфинито и аеро моделот Бјанки Олтре Рејс 😎
👉 Бјанки во својата палета на друмски модели, има голем избор - различни геометрии, бои, опреми… И убав избор на доволен број големини, за што попрецизен избор за секој возач…
Одберете и Вие - Бајнки!
Одберете и Вие - 140 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот ❤️🇮🇹
10/02/2026
Гривел Треил 3 🔥
👉 Троделни стапчиња, многу лесни и многу компактни кога се склопени - идеални за сите сезони и разни авантури во природа.
📍 Повеќе инфо:
https://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=162&product_id=3853
05/02/2026
Најновото Бјанки Виа Нироне 7 😎
Сега веќе од 1600 евра 🔥
Вашата нова „ендуренс“ машина - никогаш подостапна.
📍 Моделот за 2026 година на Бјанки, со популарното име „Виа Нироне 7“ (адресата во Милано на првата продавница на Едуардо Бјанки во 1885 година) - е одличен за Ваши комфорни друмски возења на асфалт, но и надвор од него.
📍 Сега веќе со 1х12 опрема, Шимано хидраулика, можност за користење и на пошироки гуми за дополнителен комфор, внатрешно спроведување на кабли за целосно чист лик...
👉 Одберете боја, одберете големина и резервирајте : [email protected] 👈
01/02/2026
Покрај тоа што врвните италијански брендови Бјанки, Але и Елит, се сретнуваат во нашиот продажен центар, од оваа година, тие се партнери во два врвни светски тима во друмското и триатлон натпреварувањето:
👉 Во натпреварувањето во најсилните друмски трки, Бјанки, Елит и Але, се дел од компаниите кои застануваат зад тимот на Бахрен Викториус, а во триатлон натпреварите на највисоко ниво, тие застануваат зад тимот Бјанки Про Триатлон.
👉 Бахрен Викториус во својата ергела ги има на располагање Бјанки Олтре РЦ и Бјанки Специалисима РЦ моделите, а Бјанки Про Триатлон тимот - се разбира ТТ машината, Бјанки Акила РЦ. На ова секако одлично се надополнуваат и облеката од врвни материјали и совршен фит на Але, како и супер-популарните Флај шишенца и тренажери на Елит 😎
Бјанки, Але и Елит - најдоброто, само во нашиот продажен центар ❤🇮🇹
23/01/2026
Челесте семејството во Македонија е во постојан раст 😍
👉Имаме двајца нови Бјанкисти, а нивен избор: Бјанки Т-Троник Х. Овој модел веќе се вози по друмовите и планинските патеки од неколку возачи, па очигледно станува полека и прв избор на е-велосипед кај нас. 😎
📍Атрактивен дизајн, со одлична опрема. Повеќе инфо: https://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=256&product_id=3839
19/12/2025
Полека, но сигурно зимата си доаѓа. Свесни сме дека “сериозната зима” е малку одложена во последниве години, но веќе е забелено на планините, а ќе станува и сеʼ позабелено. 😇
Клубовите во меѓувреме си се опремуваат за своите следни зимски акции, со соодветна опрема. Меѓу нив и членовите на ЗПСК Кожуф од Гевгелија. ❤️
Согласно личните потреби, нивен избор се неколку различни модели на дерези на италијанската компанија Гривел: Г1, Г10 и Г12 - во класична и полуавтоматска верзија, како и торбички за дерези, за безгрижно пакување во ранец…😎
18/12/2025
Пред да дојде сезоната - секогаш е добро да се потсетиме 👇
На кратко да претрчаме низ состојките на муабетот:
👉 - Пред тргнување во нова авантура, да си додадеме во списокот со опрема кој го проверуваме пред секое заминување и ставка прашање: „Дали знам што правам?“, „Дали се потсетив/исплашив?“...
4 главни состојки за лавина: снег, временски услови, терен и предизвикувач...
- Во 90% од случаите со жртви во лавини: или жртвата сама ја предизвикала лавината или некој близок од групата. Тоа значи дека не влегуваме во непознатото и спорадично ни паѓаат лавини - ние сме главниот предизвикувач...
👉 Најважно: детекција на замките кои ни ги сервира умот
Можеме да знаеме се': да проучуваме кристали на снегот, да гледаме профил на слоеви, да следиме прогнози, температури, правец на ветер, да ја гледаме „големата слика“ на терен, да се движиме еден по еден и да се исчекуваме кога поминуваме „сомнителен терен“ итн итн - но сепак сите сме подложни на замки кои ни ги сервира умот, кои прават да заборавиме се' што знаеме и кои во (нај)голема мера и се виновни за „едната лоша одлука“.
🛑 Дел од тие замки - кои никогаш не се добра причина за продолжување:
- Се движиме во „познат терен“, во кој сме биле „милион пати“, “има траги од други кои поминале“, „ништо не се случило до сега овде“;
- Фокусираност на цел: долго време планирана тура која „мора“ да се помине или врв кој „мора“ да се качи сега/денес;
- Бркање на првиот и последниот снег: „кој знае од кога не сум бил на снег“, „кој знае кога следен пат ќе дојдам пак на снег“, „имам многу работа, семејни обврски - ова мора да го искористам сега“...
- Следење на „експертот“/„искусниот“: помалку искусните прилично лесно и молкум следат „поискусен“ во групата, кој „знае се'“, „бил ваму/таму по светот“... А и експертот од ароганција може да згреши бидејќи до сега ништо не му се случило...;
- Парирање/прифаќање: докажување пред луѓето во групата дека сте им рамни на способностите или пак едноставно дека можете да ги следите и да сте дел од групата;
- (Не)комуникација: знајте ги луѓето во групата - дали сакаат да се безбедни, дали би разговарале за движењето низ чуден терен или само сакаат да бркаат лудило проекти, пуштете глас без страв или срам ако нешто е сомнително...
👉Заминување без базична опрема за движење во снег (пример дерези и цепин) е лудило. Дополнителна опрема пак како лопата, сонда и трекер - во огромна мера ја зголемуваат безбедноста!
По затрупувањето имаме 15-20мин со 90% шанси за преживување кои потоа драстично паѓаат во следните 10+ минути. За ефективни 15-20минути, може да помогнат само трекер, сонда и лопата!
👉Лавини во Македонија се случуваат секоја зима. Комуницирајте, споделете искуство: локација, причина итн. Да градиме будна и свесна заеднца.
🛑Едноставно е: Знајте пред да одите. Учете. Не е тешко и страшно.
Постојат многу информации онлајн, но и курсеви кои домашно ги организираат организации како Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина, Македонска алпинистичка федерација или пак локален алпинистички клуб...
Ако не знаете пак - седнете си во некој дом, ресторан и додека другите се мечат качувајќи нагоре по снегот, уживајте во топло чајче/кафенце и убавиот поглед со испружени нозе... Ќе продолжите со дружењето кога другите ќе се вратат. Не е срамота да не знаете. Секогаш има „следен пат“.
ОПАСНОСТ ОД ЛАВИНИ - Специјална/Вонредна епизода #avalanche #danger #awareness АПЕЛ ДО СИТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО ПЛАНИНИТЕ - разговораме за кревање на свесноста за опасноста од лавините. Одвојте еден час и изгледајте ја целата епизода - никогаш...