Maitri Yoga

Maitri Yoga

Share

🧘🏻‍♀️ Центар за јога пракса и едукација
📿 Персонализирано јога водство
💚 Обука за јога учители My name is Marina.

Здраво и добродојде!

Моето име е Марина.
Мојата љубов е помагање на луѓе да живеат во хармонија со себеси, да се ослободат од мисли и идеи кои ги ограничуваат и да го реализираат својот потенцијал.
Преку демистифицирање на јогата и истовремено негување на нејзината автентичност и намена, работам со групи, како и со поединци кои чувствуваат дека е време да направат одредена промена во својот однос

16/07/2026

Има периоди од животот кога чувствуваме дека ни треба повеќе баланс.

Баланс помеѓу работата и одморот.
Помеѓу грижата за другите и грижата за себе.
Помеѓу дисциплината и мекоста.
Помеѓу контролата и довербата.

Но, балансот не е место до кое еден ден ќе стигнеме.

✨ Тој е пракса.

Интересно е што во баланс позите најчесто не паѓаме затоа што не сме доволно силни.

Паѓаме затоа што брзаме.
Затоа што се сомневаме во себе.
Затоа што сакаме веднаш да успееме.
Затоа што вниманието ни е насекаде, освен во сегашниот момент.

И токму таму започнува учењето.

Секојпат кога ќе се занишаме, имаме можност повторно да се вратиме во својот центар.

✨ Баш затоа ги сакам баланс позите.

Тие не нè учат само како да стоиме на една нога или на раце. Тие нè учат како да останеме присутни кога работите не одат според планот.
Како да дишеме кога ни е непријатно.
Како да се вратиме кон себе, наместо да се откажеме по првиот пад.

Затоа оваа работилница нема да биде само за баланс во телото.

✨ Ќе ја истражуваме рамнотежата како начин на живеење, низ движењето, здивот, вниманието и свесноста.

Затоа што балансот не значи никогаш да не паднеме.

💫 Туку секогаш да знаеме како да се вратиме.

🤍 Баланс ~ дводневна јога работилницa ~ 18ти и 19ти јули ~ 10:00 - 13:00ч.

💌 Пишете порака за пријава.

14/07/2026

💫 Што правиш кога ќе изгубиш баланс во една асана или кога не успеваш од првиот обид?

Се критикуваш?

Се смееш?

Се споредуваш со другите?

Дали веднаш се откажуваш или едноставно земаш здив и пробуваш повторно?

Телото често нѝ покажува како се однесуваме и надвор од простирката.

Затоа балансот не е само физичка пракса.

✨ Одржувањето баланс на простирката не е потврда за тоа колку сме силни, туку показател за тоа како се однесуваме кон себе кога нѝ е тешко.

💫 Ова ќе го истражуваме заедно на дводневната работилница Баланс.

Времетраење:
18 и 19 јули од 10:00 до 13:00

Инвестиција:
Една работилница: 1500
Целосен пакет: 2500 денари

💌 Пишете порака за резервација.

08/07/2026

💎 Со голема благодарност и радост ги отвораме уписите за 10-тата по ред Обука за јога учители, која започнува во октомври.

💫 Оваа година одбележуваме десет генерации јога учители. За нас тоа не е само број, туку десет години исполнети со учење, растење, инспирација и создавање заедница од луѓе кои ја живеат јогата, секој на свој уникатен начин.

✨ Низ изминатите години, преку овие обуки запознав многу прекрасни луѓе. Некои денес се активни јога учители, други ја интегрираат јогата во својата професија, а многумина едноставно продолжија да ја живеат како начин на живот. Тоа е, всушност, и суштината на оваа програма.

Обуката не е насочена кон еден конкретен стил на јога. Таа е создадена за сите кои сакаат да ја разберат јогата во нејзината целина, како дисциплина што ги поврзува телото, здивот, умот и начинот на кој живееме.

✨ Во текот на обуката заедно ќе:

~ ја изучуваме биомеханиката на телото преку повеќе од 70 асани и нивните варијации;

~ учиме како безбедно, свесно и јасно да изградиме и водиме јога пракса;

~ навлеземе во јога филозофијата и древните текстови, со акцент на нивната практична примена во секојдневниот живот;

~ практикуваме пранајама, техники за регулирање на нервниот систем, техники за концентрација и медитација;

~ истражуваме како преку јогата да изградиме подлабок однос кон себе, поголема присутност и внатрешна стабилност.

Предуслов за учество е да имате посветена јога пракса. Не е најважно колку долго практикувате, туку вашата љубопитност, желба за учење и подготвеност да навлезете подлабоко во оваа древна дисциплина.

Не е потребно да имате цел да станете јога учител. Доволно е да чувствувате дека јогата веќе донела позитивни промени во вашиот живот и дека сакате да ја разберете и живеете на едно подлабоко ниво.

💎 За оние кои ќе посакаат да тргнат по професионалниот пат, оваа година постои и дополнителна можност. Денес нашата заедница расте во две јога студија, а дел од идните јога учители, по успешно завршената обука, ќе имаат можност да започнат да предаваат во едно од нив, да создадат своја група практиканти и да продолжат да се развиваат со наша поддршка и менторство.

💫 Со текот на времето, јогата престанува да биде само пракса еднаш или неколку пати неделно. Таа станува начин на кој се однесуваме кон себе и кон другите, начин на кој живееме. Токму таму започнува вистинското учење.

✨ Ако чувствувате дека е време да ја продлабочите вашата пракса, да стекнете цврста основа во јогата и да станете дел од заедница која учи, расте и се поддржува, ќе нѝ биде чест да ве водиме низ ова патување.

💌 За целосната програма и сите дополнителни информации, пишете ми порака тука или на [email protected]

Со благодарност за сите изминати генерации и со радост за онаа што допрва започнува 🤍

Марина

30/06/2026

Јули е нова можност да си подариш време за себе 🤍

Ако чувствуваш дека ти е потребно повеќе движење, сила или мир и простор да здивнеш, те поканувам да нѝ се придружиш.

Новиот распоред за јули е тука. Избери го терминот што ти одговара и резервирај си место.

📍 Московска

Понеделник и среда
19:00 Ајенгар хата јога со Симоне

Вторник и четврток
18:30 Аштанга винјаса работилници со Марина

Петок
19:00 Винјаса напредна група со Симоне/Марина
само онлајн

📍 Варшавска

Понеделник среда и петок
08:00 Хата винјаса јога со Маја

Понеделник и среда
19:00 Хата јога почетно ниво со Лилјана

Вторник и четврток
08:00 Хата јога почетно ниво со Лилјана
18:00 Винјаса динамична пракса со Наталија
19:15 Хата јога почетно ниво со Теодора

Секој час е покана да се вратиш кон себе 💫

22/06/2026

💫 Од отворање на телото кон отворање на себе

Во секојдневниот живот често учиме да се стегнеме, да бидеме силни, да издржиме, да продолжиме ..

Со текот на времето оваа адаптација не останува само во умот, туку се населува и во нашето тело, во колковите, во градниот кош, во рамената и во начинот на кој дишеме.

Таму каде што се затвора движењето, често се затвора и дел од нашата виталност.

Кога колковите се вкочанети, телото често компензира преку долниот дел на грбот и колената.

Кога градниот кош и рамениците се затворени, дишењето станува поплитко, држењето се нарушува, а телото троши повеќе енергија за да се одржува исправено.

Колковите и градниот кош се две области кои директно влијаат на нашето чувство на леснотија, виталност и слобода во движењето.

Кога овие региони почнуваат да се отвораат и интегрираат, движењето станува полесно, здивот подлабок, а праксата почувствителна, постабилна и поефикасна.

Оваа работилница е за сите што сакаат да одат чекор подлабоко во својата пракса, не само кон понапредни асани, туку и кон поголема свесност, слобода и доверба во сопственото тело.

Преку внимателно водена пракса, ќе научиме како безбедно и интелигентно да го подготвиме телото за подлабоки отворања користејќи ги јажињата на ѕидот и напредни асани како Eka Pada Sirsasana, Kurmasana, Hanumanasana, Pincha Mayurasana.

Без разлика дали практикуваш јога со години или си почетник, работилницата е адаптирана за различни нивоа на искуство.

Времетраење:
27ми и 28ми јуни од 10:00 до 13:00

Инвестиција:
Една работилница: 1500
Целосен пакет: 2500 денари

Местата се ограничени. Пишете порака за резервација.

Photos from Maitri Yoga's post 08/06/2026

Изминатиот викенд заедно истражувавме што значи да се движиме од доверба кон отвореност.

Преку инверзии и задни флексии не работевме само на сила, стабилност и мобилност, туку и на доверба, храброст и способност да останеме присутни и кога е предизвикувачки.

Сведочев на многу мали и големи надминувања, моменти на концентрација, смеа, поддршка, поврзување и радост.

Благодарна сум за секој учесник, за отвореноста, љубопитноста и прекрасната енергија што ја создадовме заедно 🤍

Секоја работилница завршува, но процесот што го отвора во нас продолжува да се развива.

Се гледаме наскоро на следното заедничко патување, со нова тема и ново патување низ телото, здивот и свесноста 💫

04/06/2026

🤸🏻‍♀️ Повеќето јога практиканти мислат дека најголемата пречка за инверзиите е силата.

Меѓутоа, многу почесто е стравот.

Страв од паѓање, од чувството на леснотија во непознат терен, од губење контрола, страв од непознати сензации во телото и како да се справиме со нив..

Затоа инверзиите не се само физичка положба, туку пракса на доверба.

💫 Доверба во себе, во своето тело и во целиот процес.

Токму овој процес на доверба ќе го истражуваме на работилницата „Од доверба кон отвореност“. ✨

Времетраење:
6ти и 7ми јуни од 10:00 до 13:00

Инвестиција:
Една работилница: 1500
Целосен пакет: 2500 денари

💌 Местата се пополнуваат. Пишете порака за резервација.

03/06/2026

Што се случува кога ќе се осмелиме да го видиме светот од поинаква перспектива?

✨ Инверзиите нѐ покануваат да развиеме доверба.

✨ Задните флексии нѐ покануваат да се отвориме.

На претстојната викенд работилница „Од доверба кон отвореност“ ќе истражуваме како овие две групи асани можат да нѐ поддржат не само физички, туку и емоционално.

Како преку сила, стабилност, здив и свесно движење можеме да создадеме повеќе простор, слобода и виталност во телото и умот.

Времетраење:
6ти и 7ми јуни од 10:00 до 13:00

Инвестиција:
Една работилница: 1500
Целосен пакет: 2500 денари

Местата се ограничени. Пишете порака за резервација.

Photos from Maitri Yoga's post 03/06/2026

ОД ДОВЕРБА КОН ОТВОРЕНОСТ
Дводневен соматски јога процес за инверзии и отворање на срцето 🤍

Што се случува кога ќе се осмелиме да го погледнеме светот од поинаква перспектива?

Инверзиите нѐ покануваат да излеземе од познатите обрасци, да ја негуваме довербата и да пронајдеме стабилност во непознатото.
Да се свртиме наопаку значи да ја олабавиме приврзаноста за познатото и да развиеме поголема доверба во сопствените капацитети.

Свиткувањата наназад, нѐ покануваат да се отвориме, не само низ телото, туку и низ срцето.
Да создадеме простор за виталност, храброст и подлабока поврзаност со себеси.
Да го отвориме предниот дел од телото значи да го омекнеме оклопот што сме го создале и да направиме место за здив, енергија и автентичен израз.

Во текот на овој процес ќе го истражуваме патот од заземјеност кон експанзија преку внимателно осмислени секвенци, техники на дишење, мобилност, развој на сила и свесно истражување низ движење.

Заедно ќе ги истражуваме физичките, енергетските и емоционалните димензии на инверзиите и свиткувањата наназад, и ќе откриеме како оваа моќна пракса може да нѐ води кон поголема виталност, слобода и доверба во себе.

Без разлика дали ги правите првите чекори кон инверзиите и асаните што го отвораат срцето, или веќе ја продлабочувате својата пракса, ќе добиете јасни насоки, практични алатки и индивидуална поддршка.

Сабота ~ ИНВЕРЗИИ

• Градиме темели и усогласување на телото
• Култивираме сила, стабилност и самодоверба
• Прогресии за стој на глава, стој на подлактици и стој на раце
• Работа со стравот, довербата и фокусот

Недела ~ СВИТКУВАЊА НАНАЗАД

• Отворање на рамениците, колковите и 'рбетот
• Безбедни и одржливи свиткувања наназад
• Положба на мост, drop-back техники и подлабоки отворања на срцевиот простор
• Интегрирање на силата и мекоста

Викенд можност да го свртите својот свет наопаку и да го отворите срцето за нови искуства ✨

Работилницата е отворена за практиканти од сите нивоа. Ќе бидат понудени модификации за поддршка на вашето индивидуално патување.

Времетраење:
6ти и 7ми јуни од 10:00 до 13:00

Инвестиција:
Една работилница: 1500
Целосен пакет: 2500 денари

Местата се ограничени. Пишете порака за резервација.

07/05/2026

На 14ти мај (четврток) ќе имаме гостин од Хрватска, Владимир Ќирковиќ, духовен ментор кој ќе одржи бесплатно предавање во нашето студио на Варшавска 4, со почеток од 19:30ч.

✨ Тема на предавањето:

Нашата потсвест ги обликува нашите секојдневни реакции, емоции и повторувачки обрасци на размислување.
Во оваа практична сесија, учесниците ќе бидат водени да ги идентификуваат своите внатрешни обрасци на однесување.

✨ Што ќе добиете од оваа сесија:

* Продлабочете ја вашата свест за скриените слоеви што влијаат на вашиот секојдневен живот
* Препознајте ги суптилните обрасци што го блокираат мирот и личниот раст
* Научете ефикасен, но едноставен метод за репрограмирање на вашата внатрешна состојба
* Создадете простор за мир, јасност и свесно донесување одлуки

✅ Можете да се регистрирате на овој линк: https://forms.gle/CgdMQwnMBFD6kt639

Владимир, кој е духовен ментор веќе 20 години, ќе понуди јасни и сочувствителни одговори на сите овие прашања.
Со едноставен и практичен пристап, тој ќе ви помогне да стекнете јасност, да ги надминете предизвиците и да откриете практични алатки за внатрешен раст и благосостојба.
Повеќе информации за Владимир можете да најдете на овој линк: https://info.ssrf.org/vladimir-cirkovic

✨ Настанот е бесплатен, дојдете сами, со придружба, или споделете со некој доколку сметате дека би било од полза 🤍

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Varshavska 4
Skopje
1000

Opening Hours

08:00 - 09:00
18:00 - 19:15