15/06/2026
🩰 Една сцена, безброј соништа и моменти што никогаш нема да ги заборавиме. ✨
Ballet school for classical and modern ballet
15/06/2026
🩰 Една сцена, безброј соништа и моменти што никогаш нема да ги заборавиме. ✨
Ова е мигот за кој се работи, се вежба и се сонува — аплаузот што ги наградува секој труд, секој чекор и секоја емоција оставена на сцената.
Горди на нашите балерини, благодарни на родителите и бескрајно среќни за публиката која секогаш нѐ наградува со љубов и силен аплауз.
Арт Балет 💫
11/06/2026
Сѐ што правиме е за овој момент! За насмевките на нашите балерини, за гордоста на родителите, за нашата публика која секогаш нѐ поддржува во огромен број.
Месеци труд, посветеност, вежбање и љубов кон танцот се претворија во магија на сцената. Секој чекор, секоја кореографија и секој аплауз беа потсетник зошто го сакаме тоа што го правиме.
Ви благодариме што бевте дел од нашата приказна и што заедно создадовме уште една незаборавна вечер исполнета со емоции, уметност и балетска магија.
Со љубов,
Арт Балет ❤️
Благодарност до фотографот Марко Угарковиќ за преубавите фотографи.
07/06/2026
Се гледаме на сцената на Националната Опера и Балет овој вторник 9 јуни со почеток во 19:00 часот 🤗⚘️❤️
26/05/2026
✨ Вечер на магија, емоции и балетска уметност…
Балетското студио Арт Балет ве поканува на својот годишен концерт „Балетски класици“, каде публиката ќе има можност да ужива во безвременските ремек-дела од класичниот и модерниот балет. 🩰
Со многу љубов, посветеност и талент, нашите балерини ќе ве поведат во свет исполнет со грациозност, музика и емоции.
📍 Национална опера и балет
🗓 9 Јуни
🕖 19:00 часот
Ве очекуваме заедно да создадеме уште една незаборавна балетска вечер! 🤍
24/05/2026
Секоја балетска улога носи своја магија, карактер и енергија. 🩰
Избери ја твојата омилена балетска улога од понудените и откриј што кажува таа за тебе.
Можеби ќе се изненадиш колку точно може да те опише. ✨
22/05/2026
Секој натпревар е ново искуство и претставува значителен напредок за нашите балерини. Исполнети и накитени со уште по некое прво место се вративме неодамна од меѓународниот натпревар Artist Hub, каде со многу труд, љубов и посветеност повторно покажавме дека работата секогаш носи резултати. Горди сме на секој настап, на секоја насмевка зад сцената и на секој момент поминат заедно. Овие успеси се само уште еден поттик да продолжиме да растеме, создаваме и сонуваме уште поголеми сцени 🩰✨️
Ви благодариме за убавите спомени!
| Monday | 17:00 - 21:00 |
| Tuesday | 17:00 - 21:00 |
| Wednesday | 17:00 - 21:00 |
| Thursday | 17:00 - 21:00 |
| Friday | 17:00 - 21:00 |