08/03/2026
Охрид Опен 07.03.2026
Над 250 натпреварувачи за првиот натпревар од домашната лига на Македонската Таеквондо Федерација.
Нашиот клуб зеде учество со 12 натпреварувачи и освои 9 медали од кои:
- Два 🥇 златни,
- Два 🥈сребрени,
- Пет 🥉 бронзени,
Ова е добар почеток за нашиот клуб за новата сезона , со нови сили до поголеми успеси на другите натпревари што ни претходат.
Благодарност до сите членови на нашиот клуб кои придонесуваат за нашиот успех и честитки до сите кои освоија медал на овој натпревар нека тоа биде потик за сите останати да бидат подобри следниот пат.
16/12/2025
Голема благодарност до Градоначалникот на Општина Бутел Г-дин Дарко Костовски за неговата подршка на нашиот клуб!
02/12/2025
12 ГОДИНИ ТКД ГОДЕЛ !
Голема благодарност до сите членови нашиот клуб, и до сите оние кои не подржуваат во изминатите години.
Таеквондо Клуб Гоце Делчев ГОДЕЛ веќе има трета генерација на членови и натпреварувачи кои дисциплинирано тренираат за ширење на спортскиот дух и менталитет се со цел на подобра и поздрава младина во с.Љубанци.
ТКД ГОДЕЛ исто така е дел од Македонската Таеквондо Федерација која безусловно ни помага во сите сфери и аспекти кога е прашање таеквондо спортот.
За подобра иднина на нашите млади уште многу години да го славиме овој наш ден.
04/05/2025
Дупница Опен 2025 - 03.05.2025 година натпревар со над 500 натпреварувачи од 30 различни земји кадешто нашиот клуб зеде учество со 4 натпреварувачи и тоа :
Теодора Костенцовска Кадет - 47 кг.
Дарија Милевска Кадет - 51 кг.
Давид Филимановски Кадет - 49 кг.
Анастасија Рајевска Јуниор - 63 кг.
Сите наши натпреварувачи направија добри борби ,но овој пат само Давид и Анастасија освоија 🥉бронзен медал.
Голема благодарност до нашите тренери Сара и Јована што беа заедно со натпреварувачите на овој меѓународен натпревар.
22/04/2025
Среќен Велигден!
Христос Воскресе✝️
22/02/2025
Аеродром Опен 2025
Прв домашен меѓународен натпревар кој е дел од лига системот на Македонската Таеквондо Федерација за оваа година со над 300 натпреварувачи од целиот Балкан кадешто нашиот клуб зеде учество со 7 натпреварувачи и освоивме 4 медали во А класа и тоа
2🥇 медали - Еден во Јуниорска и еден во Кадетска категорија
1 🥈 медал во Кадетска категорија и
1 🥉 бронзен медал исто во Кадетска категорија.
Сите наши натпреварувачи се покажаа во добра форма и изработеа одлични борби кадешто овојпат ќе ги истакнеме освојувачите на медали.
Ане прв натпревар во Јуниорска категорија се бореше многу квалитетно и стабилно и заслужено го освои нејзиниот прв златен медал во Јуниорска категорија за кој и посакуваме да го продолжи успехот и на следните натпревари што ни претходат.
Давид во Кадетска категорија се бореше многу храбро и со голем дух дојде до две победи го освои златниот медал.
Сара имаше најтежок пат до сребрениот медал во Кадетска категорија каде имаше 3 борби и чесно ги бранеше боите на нашиот клуб.
Теа се бореше на врвно ниво и многу смело и вешто, но овојпат успеа само да го освои бронзениот медал во Кадетска категорија.
Останатите натпреварувачи Мила, Дарија и Илина се бореа без двоумење во ниту момент кадешто дадоа се од себе и беа достојни противници во нивните категории.
Голема благодарност до нашите натпреварувачи и нашите помошнички тренери Сара и Јована.
Добар почеток на оваа календарска година!
19/12/2024
Голема благодарност до градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел за подршката што ја даваат на сите спортисти!
👏👏👏
03/12/2024
11 Години ТКД ГОДЕЛ !
Денес нашиот клуб слави 11ти роденден од првиот тренинг што беше одржан во О.О.У. "Гоце Делчев"
- с.Љубанци и сеуште продолжуваме со тренинзи со идните генерации до нови успеси во наредните години.
Голема благодарност до сите што не подржуваат сите овие години и за членовите од нашиот клуб кои го направија овој ден да биде малку поспецијален и поубав со нивната посветеност и лојалност.
" Домот е таму кадешто е срцето , а нашето срце е на татами"
17/11/2024
Илинден Опен 2024 меѓународен турнир,
со над 350 натпреварувачи од целиот Балкан
нашиот клуб зема учество со 6 натпреварувачи каде што освоивме:
5🥉 Бронзени медали и
1🥈 Сребрен медал
Нашите натпреварувачи се бореа храбро и достојно, и на овој натпревар посебно се истакнаа Дарија Милевска која имаше една победа во кадетска категорија и го освои 3то место и Анастасија Рајевска исто во кадетска категорија која имаше една победа и супер се бореше во финалето и го освои 2то место.
Секоја благодарност до Јована Костенцовска и
Сара Раевска кои се секогаш тука за нашиот клуб.
27/05/2024
5 Корио Опен 2024
натпревар со над 300 натпреварувачи
од целиот Балкан нашиот клуб учествуваше со
9 натпреварувачи и освои:
- 6 🥉 бронзени медали
- 1 🥈 сребрен медал и
- 1 🥇 златен медал за Мила Спасенцовска која беше наш најдобар натпреварувач на овој натпревар.
07/04/2024
Охрид Опен 2024
Околу 300 натпреварувачи, кадешто нашиот клуб освои :
🥇х 2 Златни,
🥈х 1 Сребрен,
🥉х 7 Бронзени медал,
во 2 старосни категории.
Како посебен момент за нашиот клуб на овој натпревар ќе остане дека нашата најмала натпреварувачка Леана која има само 5 години победи 2 борби и во нејзиниот прв натпревар и го освои нејзиниот прв 🥇(златен) медал.
Ќе истакнеме дека сите наши останати натпреварувачи се бореа храбро и доиствено.
Голема благодарност до сите учесници и организаторот како и нашиот дел од тимот на тренери Јована Костенцовска и сите кој се дел од нашиот клуб.