Фитнес и Аеробик Студиото се наоѓа во Хром, на ул. Панко Брашнаров бр.3.Студиото работи oд Ноември 2013 година,создадено е од двајца млади креативци, кои стручно се занимаваат со спортска област. Отворено е за нови успеси и работа со клиенти, пред се за подобрување на вашето физичко и ментално здравје и секако за добро и позитивно дружење.
...Бидете спремни, во LIFE VITA
L нудиме здрав тренинг за Витален живот :)
Краток опис за нашите вештини*
Pilates&Yoga – Јогата превентивно делува за зачувување и одржување на физичкото и психичкото здравје на човекот. Комбинирањето на разни јога положби,правилното јога дишење и медитацијата, делуваат и ги зајакнуваат нашето ментално и физичко здравје. Со редовно практикување на вежбите од јога кои ги зацврстуваат мусклулите, ја зголемуваат еластичноста и ја подобруваат рамнотежата на телото, се намалува стресот и се добива внатрешна смиреност.
Пилатесот е форма на вежбање, создадена од Јозеф Пилатес во 20-тиот век во Њујорк.Пилатесот е насочен кон подобрување на држењето на телото,преку зголемување на должината, флексибилноста и тонусот на мускулите. Тој ги користи системите на дишењето во согласност со движењата на телото, механиката на телото, рамнотежата, координацијата, соодветното позиционирање на телото, силата и флексибилноста. Сите вежби се изведуваат бавно, без нагли движења, бидејќи се работи за вежби за кои е потребна издржливост,, каде што потсетува и содржи елементи од јогата. Пилатесот е физичка вежба која го зајакнува телото и сите мускули, го намалува стресот, ја зголемува свеста за тоа како работи нашето тело, има добар ефект врз циркулација, крв, рбет, физички сме пофлексибилни и витални и го стимулира метаболизмот. Fit Ball – или пилатес со фитнес топка, има за цел да ја подобри силата, издржливоста, рамнотежата и еластичноста. Важноста на топката е во тоа што, таа, за разлика од другите фитнес реквизити за пилатес, нема стабилна база на потпирач, што бара дополнително ангажирање на сите мускули. Освен што го зајакнуваат телото,вежбите со топка ја подобруваат и свеста за движењето на телото и положбата на деловите на телото во просторот. Фитболот е осмислен да се спречат проблемите најчесто со грбот, кои ги предизвикува долготрајното седење и да се врати еластичноста на “за’рѓаните” зглобови, но може да се користи и за согорување на површинските маснотии во ткивото. Step – Степ аеробик се изведува на степ платформа. Движењата во степ аеробик имитираат качување и симнување по скали. Тоа е интензивна кардио програма за слабеење, затегнување и правење мускулатура, која ја сочинуваат кардиоваскуларни вежби. Вежбите со тегови го збогатуваат степ аеробикот со што се оформуваат мускулите на рацете,градите и грбот. Ја подобрува флексибилноста и издржливоста, силата и координацијата. Дава слобода на движењата и се исполнува со имагинација. Сите вежби се изведуваат со висок интензитет,каде за еден час степ се согоруваат околу 300 - 400калории. Body Pump – е нов и возбудлив начин да се воведе фитнесот и вежбањето во животот на луѓето. Body pump (или во превод “пумпање на телото “)е едно од новите светски вежбања, кое започна во Нов Зеланд во 1991год. од страна на Лес Милс. Со Боди Памп вежбите се тонизира мускулатурата, се согоруваат вишокот масти и се добива подобрување на обликот и дефиниција на целото тело. Вежбите го поткренуваат работењето на срцето, работи секоја област на вашето тело и предизвикува сериозно согорување на вишок калории. Трае околу 45-60 мин. Kick box aerobic & Tae Bo - Ова пред се е кардио тренинг. Кардио кик боксот е комбинација на танц и боречки вештини. Се подобрува издржливоста на кардиоваскуларниот систем, се добива тонус на мускулите, и се оформува абдоменот. Се карактеризира со висок интензитет и се оформуваат сите мускули на телото. Кик аеробикот пред се забавен, го намалува стресот и ви создава добро расположение. Тае Bo e кованица од тае - Kвон до и Bo – боксинг. Вклучува техники како што се клоци и тупаници. Ваквите програми ги користат движењата од боречки вештини со брз интензитет. Salsa mix fit – е најпопуларниот стил на вежбање, или фитнес програма, каде има повеќе комбинации на различни танци во една кореографија. Тоа се: хип-хоп, латино танци, салса и содржи движења кои се лесни за следење. Многумина девојки и жени велат дека зумбата е забавен начин на вежбање, или трошење калории. Зумба фитнес е кардио начин на вежби, се активираат сите мускули на телото, особено колковите и секако се равзива и позитивна енергија, се следат чекори од инструкторот и сето тоа заедно го прави тренингот возбудлив, забавен и ефикасен. Qi Gong – или Чи Кунг е облик на кинеска техника и представува координирана, различна шема на дишење со разни физички ставови и движења на телото.Чи Кунг главно се учи поради одржување на здравје, но може да се практикува и како терапевтска интервенција. Постојат повеќе од три илјади различни стилови и школи за Чи Кунг. Се базира на традиционалното кинеско верување, дека телото поседува големо енергетско поле, кое го создава и одржува природниот дух на телото. Чи – значи дух, или дишење, и тој го одржува телото живо. Кунг - значи работа или техника. И според тоа Чи Кунг е “техника на дишење” или уметност на дишење со цел постигнување и одржување на добро здравје. Во боречките вештини со помош на Чи Кунг се постигнува подобра координација на движења и издржливост. После секој тренинг на крајот од часот се препорачуваат одредени техники на дишење, за смирување на телото, и полнење со нова чиста енергија.
Следат уписи за вежбање за:
* Pilates & Yoga
* Step Aerobic
* Mix Aerobic
* Body Pump
* Kick & Tae Bo
* Salsa mix dance fit
* Fit Ball
* Pilates mix
* Fit body mix
Со голема Почит, вашите
Ивона Зинзировска, Горан Зинзировски
бр. за контакт:
+389 78 366 985
+389 77 967 065
20/01/2026
ИНФО И УПИС ~078 366-985 Лајф Витал
✨️2026та година ја стартуваме на 20ти Јануари ~Вторник,
до тогаш може кој сака да се информира, резервира термин или да си го потврди или промени досегашниот...
• Од Понеделник до Четврток 19часот и 20часот,а Недела 19:30
•Вежбаме во мали групи
( од 8 члена ~оганичени места) , најразлични ,комбинирани техники
•Нивото на вежбите е прилагодено на вежбачите , многу брзо се влегува во форма, а нивото се појачува на секој следен тренинг😉☺️
•2500денари~два пати неделно ~за 4 недели( седмици) или 8тренинга ( од датумот на кој сте започнале)
•2000денари за 6 тренинга( во рок од 3 седмици)... и се разбира ако сте редовни секогаш има гратис тренинзи во Неделите 19:30
+ резултатите се веднаш видливи !!!
• аеробик *пилатес* јога во различни варијации со топки,тегови,стапови,еластични ленти и јажиња, Аеробик и Јога на степер, со обрач,Пилатес на столче , Чи гонг Слим и др....
• индивидуалните тренинзи се во термин по договор
Се гледаме денес 💗😊
14/09/2025
•Утре~Понеделник 19:30 тренинг!!! Qigong Slim и малку Yoga ~Почетно ниво или ...ќе видиме како ќе не понесе ритамот😄😉
( тренинзите се секогаш прилагодени на вежбачите!)
• Со редовни тренинзи започнуваме кон крајот на Септември! (ќе има објава)
•Во редовниот распоред на тренинзи нема опција да се запишете само на Јога или само на Пилатес...бидејќи Сите вежбаме СЕ!!!
Еден тренинг е КОМБИНАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ВЕШТИНИ!!!
(Аеробик,Пилатес,Јога и ЧиГонг)
И е секогаш поразличен од претходниот и со различни реквизити❤️
Чувството е како да сте дојдени на приватен - индивидуален тренинг со личен тренер 😅затоа што вежбаме во мали групи...
•Ограничени места
•Брзи резултати
•Одлични комбинации за женското тело
•Се гледаме утре ☺️ 19:30
Инфо 078 366-985
Вежбајте со Уживање 💓
01/09/2025
Се гледаме кон крајот на Септември!!!🤩
•Почетно темпо и вежби за старт
•Вежби со кои брзо се постигнуваат одлични резултати
•Феноменални комбинации од повеќе вештини , одлични за женското тело ,
особено после триесетата😉...
Вежбаме во мали групи , бројот на членови е ограничен
•За подетално инфо слободно јавете се на телефонот
за упис 078 366-985 💓
23/05/2025
...Последниот тренинг од оваа сезона го завршивме со аеробичен салса денс во комбинација со степ и пилатес со тегови, топки и јажиња 🫠❤️
***
Се гледаме наредна сезона *Септември*со нова енергија и поНекоја нова вештина !😉
Уписите ке почнат од крајот на Август , а за онлајн се договараме по смс ..СУПЕР изгледате 😍😍😍!!!!
Уживајте во летото !!!
😘🤗🫶
08/01/2025
2025 💫 14ти Јануари се гледаме на тренинг 😉
Инфо на телефонот за упис
078 366-985
Лајф Витал
27/11/2024
✨Пилатес со столче,стап,еластична лента ,јаже...или POWER Pilates за ✓дефиниција ~ тонирање на мускулите
✓издржливост ✓флексибилност✓слабеење...
•••
Секој тренинг во текот неделата ( од понеделник до четврток 19 и 20 часот)е различна комбинација на Пилатес или Јога или Аеробик ,а недела 19 :00 ~најразлични варијации на ЧиКунг или QiGong Slim 💗
Се гледаме вечер! Вежбајте со УЖИВАЊЕ😉
инфо ~078 366-985 ЛајфВитал
06/10/2024
✨Феноменален Спој на повеќе Вештини и реквизити ✨
•Од понеделник до четврток ( недела по договор)
•19:00 и 20:00
инфо 078 366-985 Лајф Витал ...Вежбајте со УЖИВАЊЕ 💕😉
16/09/2024
✨Стартуваме од 30ти Септември✨ групите се пополнети ....Најточно инфо , консултација во врска со вежби и се останато ќе добиете на телефонот за упис 078 366-985( ЛајфВитал)
Се гледаме 💕😊
15/08/2024
✨✨✨Од Септември стартуваме со уписи ,а со тренинзи кон Крајот на Септември (ќе има објава)...до тогаш уживајте во летото ,пијте многу вода, свежо овошје и зеленчук 🫶🤗 се гледаме наскоро!!!!💞
20/05/2024
~ 18 тренинга на располагање ( за сите 5 групи) до крај на сезона !!! Понеделник, вторник, среда, четврток и недела... најразлични варијации на Пилатес со реквизити,Јога и ЧиКунгСлим и Аеробик на степер ,кик и денс 😍
~ Денес понеделнички Пилатес со столче и други реквизити ...
~ За било какво инфо во врска со тренинзите може да се јавите на телефонот за упис 078 366-985 ,за резервација на термин или само консултација... ..Работиме ,се потиме ,обликуваме,слабееме,зацврстуваме,
медитираме,денсаме,вежбаме😅😄до први Јули !!! А од Септември нови уписи и нови вештини❤️🤩🙏
Се гледаме вечер 😉