Атлетски Клуб Куманово

Атлетски Клуб Куманово Придружи се и биди дел од овој победнички клуб ��

Освоени вкупно 18 медали на Државното сениорско поединечно првенство. На 27 и 28 јуни 2026 година се одржа дводневното Д...
04/08/2026

Освоени вкупно 18 медали на Државното сениорско поединечно првенство.

На 27 и 28 јуни 2026 година се одржа дводневното Државно првенство во атлетика за сениори на Националната Арена Филип II во Скопје.

Настапивме во машка и женска конкуренција и ова се атлетичарите/те што успеаа да освојат медали:

Медал за освоено 🥇место:
Марјан Нојковски во фрлање ѓуле
Теа Алексовска фрлање кладиво и диск
Миа Голубовска 400м пречки

Медал за освоено 🥈место:
Михаил Стошевски - 110м пречки
Ведран Николовски - 400м пречки и трискок
Далиел Јосевски - фрлање ѓуле и кладиво
Лина Аневска - 100м пречки и далечина
Теа Алексовска - фрлање ѓуле

Медал за освоено 🥉место:
Марио Пешевски - 110м пречки
Михаил Стошевски - скок во височина и трискок
Марјан Нојковски - фрлање кладиво и копје
Миа Голубовска - 100м пречки

Машка штафета 4x100м во состав (Николовски, Јакимовски, Стошевски, Николовски.)

Пласман на 4 то место забележаа Ведран Николовски и Марио Пешевски во дисциплини 400м и трискок.

Честитки до нашите атлетичари за освоените пласмани.

Летен камп во јули во Охрид со дел од нашите дечиња на кој направивме и заеднички тренинг со децата од АК Охрид трчат на...
03/08/2026

Летен камп во јули во Охрид со дел од нашите дечиња на кој направивме и заеднички тренинг со децата од АК Охрид трчат на градскиот стадион "Билјанини извори".

Тренираме во лето = здравје, добро расположение+ подарок. И ова лето како и ланското имаме "летна акција" за награди-под...
03/08/2026

Тренираме во лето = здравје, добро расположение+ подарок.

И ова лето како и ланското имаме "летна акција" за награди-подароци за секој месец за секое дете што тренира.

Така што на тренингот имаше мала награда (маичка) за сите дечиња што тренираа во јули.

2 дел видео материјали од натпреварот "Летна шема" во организација на АК Куманово
31/07/2026

2 дел видео материјали од натпреварот "Летна шема" во организација на АК Куманово

"Летна шема" натпревар во Детска Атлетика во организација на нашиот клуб 🏃‍♀️🏃‍♂️ На 04.07.2026 (сабота) на Атлетска пат...
31/07/2026

"Летна шема" натпревар во Детска Атлетика во организација на нашиот клуб 🏃‍♀️🏃‍♂️

На 04.07.2026 (сабота) на Атлетска патека во Соколана се одржа натпревар во детска атлетика ,,Летна шема" 2026 редок ваков настан со оглед на тоа дека беше во вечерните часови.

На програмата беа 28 дисциплини, односно 14 дисциплини во машка и женска категорија оделно:

🌟 60м трка 2019 год и помали
🌟 60м трка 2018 год
🌟 60м трка 2017 год
🌟 60м и 200м трка 2016 год
🌟 60м и 200м трка 2015 год
🌟 60м трка 2014/13 год
🌟 60м трка 2011/12 год

Бевме сведоци на супер брзи и интересни трки 🏃‍♂️💥🏃‍♀️ каде заслужено најдобрите се качија на подиум, кај техничките дисциплини во голема конкуренција и натпреварувачки дух беа постигнати одлични резултати во :

Скок во далечина од место за 2017/18 генерација.
Скок во далечина 2015/16 год
Скок во далечина U16 (2011- 2014)

Фрлање вортекс (детско копје) за 2015/16 и посебна категорија 2017/18 генерација.

На овие натпревари учество зедоа повеќе од 60 дечиња од АК Теута од Куманово и АК Делта од Скопје како и наши членови, најдобрите во своите дисциплини беа наградени со дипломи и медали.

Честитки за сите деца учесници за позитивниот и мотивиран пристап во натпреварувањето. 👏🇲🇰

Тренираме во лето. И ова лето како и ланското ќе имаме "летна акција" за награди-подароци за секој месец за секое дете ш...
29/06/2026

Тренираме во лето.

И ова лето како и ланското ќе имаме "летна акција" за награди-подароци за секој месец за секое дете што ќе тренира.

На последниот тренинг имаше мала награда за сите дечиња што тренираа во јуни.

28/06/2026
Нашата "Јана" 🫶❤️💪🍀
27/06/2026

Нашата "Јана" 🫶❤️💪🍀

МАКЕДОНИЈА ИМА НОВА АТЛЕТСКА КРАЛИЦА 🏃‍♀️🏅

Има само 14 години, а на патеката остава срце и прави вистински чуда. Младата кумановка Јана Анастасовска стана главна тема во македонскиот спорт откако покажа неверојатна доминација во неколку исклучително тешки дисциплини.

Иако сè уште се натпреварува во пионерска категорија, оваа супер-девојка успеа да извојува финална победа на 400 метри со пречки во конкуренција на далеку повозрасни натпреварувачки до 20 години.

Нејзиниот матичен клуб веќе се гордее со низа медали во трките со пречки, трискок и скок во далечина, со што Јана се промовира во една од најголемите спортски надежи на нашата земја.

Додека врсниците го поминуваат времето пред екраните, ова девојче секојдневно ги урива сопствените граници на тартан патеката и покажува како се бранат боите на својот град.

Дали ваквите млади и вонсериски таленти ја добиваат вистинската поддршка и простор во нашиот јавен и медиумски етер?

Фото: Фејсбук
📌 Обработка: Галама

Address

Градски стадион б.б. 1000 Скопје
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Атлетски Клуб Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share