09/06/2013
Напредни вежби за бицепс
Интензивен тренинг за бицепс на бодибилдерот Мајк Матарацо Ако на некого може да сметате во бодибилдингот, тогаш тоа е професионалецот Мајк Матарацо. Мајк се занимава со бодибилдинг уште од 1991 година и знае што е потребно за изградба на поголем и посилен бицепс. Затоа, ви го пренесуваме неговиот т...
20/02/2013
Најдобрите вежби за гради
Вежби за најчестото прашање во теретана:
01/01/2013
Srena nova 2013 zdavje, sreka , ljubov , pari i povekje muskuli ovaa godina :)
30/11/2012
Целосна програма со вежби за стомачни мускули
Најефективините вежби за стомачни за кои не треба опрема Ви претставуваме неколку од најефективините вежби за стомачни мускули кои не бараат додатна опрема или справи и можат да се прават буквално секаде. Сите вежби треба да се прават во 3 серии со по 15 до 30 повторувања. За еден тренинг од...
22/10/2012
Workout Music Mix
Facebook : facebook.com/Jhonny.el94 Playlist: 1.Eminem-Lose Yourself 2.Snoop Doggy Dogg & Xzibit - Bitch Please 3.Lord Vital - Beastmode 4.Fort Minor - Remem...
20/10/2012
Многу често почнуваме да вежбаме кога имаме потреба да ги намалиме вишокот килограми. Но, витката линија не е единствениот позитивен ефект од вежбањето. Дури и кога немате проблеми со килограмите, имате причина за редовно вежбање. Поточно 17 добри причини!
1. Гарантира целокупна благосостојба
Сакате повеќе оптимизам и подобро расположение? Вежбањето ќе направи да се чувствувате посилни, поиздржливи и посамоуверени. Ќе бидете пофлексибилни, повеќе ќе го сакате своето тело и ќе чувствувате дека имате контрола над својот живот.
2. Го подобрува сонот
Вежбањето ја намалува напнатоста во мускулите, а со тоа Вие полесно ќе се опуштате додека спиете. Полесно ќе заспивате, сонот ќе Ви биде цврст и ќе се будите свежи наутро.
3. Влијае врз дигестивниот систем
Има позитивен ефект на констипацијата со тоа што ја стимулира активноста на цревата и ја контролира надуеноста со тоа што го стимулира потењето.
6. Им помага на постарите лица да останат независни подолго време
Вежбањето ја подобрува состојбата на мускулите, зглобовите и имунолошкиот систем. На овој начин, постарите лица остануваат независни подолго време и можат да ги извршуваат секојдневните обврски без дополнителна помош, што пак позитивно влијае на нивната психичка состојба.
7. За оддржување на здравјето и младоста
Помислете колку пари годишно трошите за своето здравје и на производи за подмладување. Но, само едноставно и редовно вежбање е доволно за да го успорите процесот на стареење.
8. Го намалува физичкиот и психичкиот стрес
Освен позитивниот ефект за контрола над физичкиот и психичкиот стресс, вежбањето ги намалува и нападите на паника.
9. Ја намалува болката во `рбетот
Вежбите за истегнување, пливањето, пилатесот и општо вежбите за грбните мускули, освен што ќе го подобрат Вашето држење и ќе направат Вашиот грб убаво да изгледа, ќе придонесат и да живеете без болки во грбот.
10. Ја подобрува флексибилноста
Вежбите за истегнување ја подобруваат Вашата флексибилност, а со редовните аеробни вежби се издолжуваат мускулите.
11. Има позитивен ефект на Вашите интелектуални капацитети
Вежбањето позитивно влијае и на Вашата продуктивност, а на тој начин Вие полесно ќе се справувате со секојдневните обврски. Ќе бидете посвежи и посконцентрирани.
12. Ја зголемува отпорноста на болка
Вежбањето го зголемува бројот на енфорфини во Вашето тело, а тие делуваат како природен аналгетик. На овој начин, вежбањето ги намалува болките за време на менструалниот циклус. Освен тоа, доколку дишите длабоко за време на вежбањето, крвта добива повеќе кислород што пак ја релаксира матката.
13. Го регулира шеќерот во крвта
Физичката активност помага при балансирање на шеќерот во крвта, што е особено важно за дијабетичарите и потенцијалните дијабетичари.
14. Го подобрува здравјето на кожата
Зголемениот дотек на кислород во телото и подобрената циркулација на крвта го подобруваат изгледот и здравјето на Вашата кожа. Кожата е поеластична, а Вие полесно се справувате со проблемите како акни.
15. Ја зголемува цврстината на коските
Вежбањето ја зголемува циркулацијата на хранливите состојки за коските, што пак го ја намалува можноста за фрактури и остеопороза.
16. Го контролира холестеролот
Вежбањето го зголемува нивото на „добриот“ холестерол на сметка на „лошиот“ холестерол и исто така го намалува нивото на триглицеридите.
17. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Кај луѓето кои не вежбаат ризикот за заболување од кардиоваскуларни болести е двапати поголем отколку кај оние кои редовно вежбаат.Физичката активност помага при лекување на болестите исто како што го намалува ризикот од нивно појавување.
Сега имате 17 причини за редовно вежбање. Па, зошто не почнете уште денес?