ОФС Аеродром

ОФС Аеродром

Share

Општински фудбалски сојуз Аеродром

20/02/2026

🇲🇰⚽СЕМИНАР ЗА НОВИ ФУДБАЛСКИ СУДИИ

Почитувани,
Општински Фудбалски Сојуз Аеродром ги известува сите заинтересирани кандидати дека ќе организира семинар за нови фудбалски судии. Семинарот има за цел едукација и стручно оспособување на нови судии кои ќе бидат дел од натпреварувањата под надлежност на ОФС Аеродром и ФФМ.

🔹 Право на учество:
Кандидати на возраст постари од 18 години
Љубители на фудбалот со желба за професионален развој

🔹Семинарот ќе опфати:
Правила на фудбалската игра
Теоретска Обука

📍 Местото на одржување и датумот на одржувањето на семинарот ќе бидете дополнително известени.

Ги повикуваме сите млади и амбициозни љубители на фудбалот да ја искористат можноста и да станат дел од судиската организација при ОФС АЕРОДРОМ.

Сите заинтересирани можат да се пријават по електронска пошта со Име и Презиме и телефонски број.

Со почит,
ОФС Аеродром

--

Адреса: Ул. Видое Смилевски Бато 77/3-56
Скопје- Аеродром
Телефон: +38970-360-557
+38970-404-023
Email: [email protected]

30/12/2025
29/12/2025

Независно истражување на јавното мислење, спроведено на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници (анкетата не е нарачана од ФФМ), покажува високо ниво на доверба во Фудбалската федерација на Македонија.

✔️ 78% од граѓаните имаат висока или многу висока доверба во ФФМ
✔️ 89% позитивно ја оценуваат работата на претседателот Масар Омерагиќ
✔️ 86% сметаат дека ФФМ ги почитува принципите на интегритет и фер-игра
✔️ 48% очекуваат напредок на репрезентацијата во 2026 година

Истражувањето е реализирано во согласност со принципите на UEFA Good Governance Framework и претставува важна основа за понатамошен развој и унапредување на македонскиот фудбал.

🔗 Прочитајте го целосниот извештај: https://shorturl.at/lnK7j

22/12/2025
16/12/2025

Во Доха, присуствував на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на FIFA, на кој беше присутен и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има за цел унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри, како и тесна соработка со Olympics во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата.

Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена.

12/12/2025

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок.

Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континиутет во најдобрата селекција.

Предлогот ќе биде доставен до У.О. на ФФМ најдоцна до 25 декември.

Photos from Masar Omeragić's post 10/12/2025
Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


БУлица Видое Смилевски Бато 77/3/56
Skopje