09/03/2026
Членови од нашиот тим нè претставуваа на Еразмус+ проектот „Online Smart: Create, Engage, Protect“, кој се одржа од 3 до 11 јануари 2026 година во Остерхолц-Шармбек, Германија 🇩🇪. Заедно со нив, во активностите учествуваа вкупно 36 млади од Германија, Северна Македонија, Шпанија, Турција и Бугарија 🌍.
Проектот имаше за цел да ги охрабри младите свесно, креативно и одговорно да ги користат телефоните и дигиталните алатки, претворајќи ги од пасивни корисници во активни дигитални креатори 📱💡.
Преку практични работилници и интерактивни активности, учесниците учеа како да ги користат телефоните за мобилна фотографија, истражување и дигитална соработка, како и како да создаваат едукативна и креативна содржина за социјалните мрежи 🎥📷.
Проектот исто така придонесе за развој на дигиталната писменост и безбедното однесување на интернет, при што учесниците научија како критички да ги проценуваат информациите онлајн, да ја заштитат својата приватност и да одржуваат баланс помеѓу дигиталниот и офлајн живот 🧠🔐.
Преку тимска работа и интеркултурна размена, младите развија кампањи на социјалните мрежи, со цел да ја користат технологијата за позитивно влијание во своите заедници 📲✨. Во рамки на проектот, учесниците се запознаа и со можностите што ги нуди програмата Erasmus+ за младите во Европа 🇪🇺.
13/02/2026
Шампионот Матеј Белистојаноски и вицешампионот Немања Младеновиќ на прием кај министерот Борко Ристовски
Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари прием со младите македонски каратисти кои постигнаа извонреден успех на Европското првенство за кадети, јуниори и по....
03/02/2026
Денес тргнува нашиот натпреварувач Немања Младеновиќ со македонската репрезентација во КИПАР да ја претставува Македонија на 53то Европско карате првенство… им посакуваме успех на сите натпреварувачи и дечки борете се за кого??????
За нашата татковина, за нашата земја, за нашата МАКЕДОНИЈАААА 🇲🇰
19/01/2026
Проектот „Sports for Mental Resilience“ се одржа од 31 октомври до 8 ноември 2025 година во Буштени, Романија 🇷🇴. Проектот беше насочен кон тоа преку спорт и тимска соработка да им помогне на младите подобро да се справуваат со стресот и секојдневните притисоци. Во активностите учествуваа 35 млади од Романија, Франција, Турција, С. Македонија и Италија 🌍. Преку практични вежби, дискусии и заедничка работа, учесниците учеа како да го препознаваат стресот, да се справуваат со него и како спортот може да влијае позитивно на менталното здравје 💬🏃♂️. Проектот овозможи размена на искуства меѓу различни култури и создаде основа за нови иницијативи во локалните заедници. Карате Клуб Металург беше претставен со 7 претставници од Македонија и активно придонесе со својот спортски пристап во работата со младите 🥋.
01/11/2025
ДОЈРАН ОПЕН 2025 🇲🇰🇲🇪🇧🇬🇬🇷🇽🇰🇧🇦
💯🏆НАЈДОБРИ ВО КУМИТЕ🏆💯
12 🥇 5🥈4 🥉
5 🏆КУМИТЕ ТИМ
Нема да набројуваме кој што освоил….🙂
Екипата беше составена од:
1.НЕМАЊА МЛАДЕНОВИЌ
2.МЕРИТОН ЗЕЈНЕЛИ
3.КИРИЛ ЦВЕТКОВСКИ
4.МИХАИЛ ПЕТРОВ
5.ЈОВАН НАУМОВ
6.МАТЕЈ ВЕЛИНОВСКИ
7.МАТЕА ГРУЕВСКА
8.ЕЛЕНА ТРПКОВСКА
9.НИНА ПЕТРУШЕВСКА
10.МОНИКА ПЕТКОВСКА
11.МИХАЕЛА ГРУЕВСКА
12.СТЕЛА СПАСОВСКА
13.АЛЕКСЕЈ ЃОРГИЕВ
ЗА НАС ДЕНЕС ОДЛИЧЕН ДЕН СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОДОБРИ СТАНУВАМЕ.
Честитки за сите наши деца, благодарност до родителите и убавиот дочек во Дојран и за тренерите на КК МЕТАЛУРГ
СИТЕ ЗАЕДНО ДЕНЕС ГО ОСТВАРИВМЕ ОВОЈ УСПЕХ 💪💯🏆
31/10/2025
SPEAR 2.0 (проект бр.: 101134771) е соработка во спортот кое го користи спортот како моќна алатка за промовирање на инклузија, толеранција и отпорност кај младите луѓе. Надоградувајќи се на успехот на првиот проект SPEAR, ова ново издание ги зајакнува напорите за спречување на радикализација, борба против говорот на омраза и поттикнување на социјална кохезија преку неформално образование и спорт на локално ниво.
Финансиран од програмата Еразмус+ Спорт, SPEAR 2.0 ги обединува партнерите од Италија, Полска и Северна Македонија за да создаде прекугранична мрежа на амбасадори кои ја подигнуваат свеста, се борат против нетолеранцијата и градат мостови меѓу заедниците.
За повеќе инфо посетете ја веб страната www.spear2.eu
11/10/2025
11.10.2025 КУП ПЛЕВЕН интернационален карате турнир во Р. Бугарија
Металурзите освои 6 златни медали и 1 сребрена (само затоа што во финале беа Меритон и Михаил)
Сите деца имаа најмалку по три добиени борби што е одлична подготовка за тоа што ни следи периодот.
Матеа Груевска, Матеј Велиновски, Јован Наумов, Михаил Петров, Матеј Крстовски и Меритон Зејнели се златните деца за овој одличен резултат што го добивме на овој турнир.
Со само 6 деца и 6 златни медали трети сме во генерален пласман каде добивме ПЕХАР и парична награда.
Да си продолжиме со истото темпо и само да нижиме успеси.
Воедно Среќен празник на сите!!! За нашата Македонија