I. Спонтан и контролиран Винг Чун спаринг
Wing Chun - Kung Fu "TAO" Skopje
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Wing Chun - Kung Fu "TAO" Skopje, Martial Arts School, St. Debarca 44, Skopje.
Структуриран тренинг за самозаштита:
• Принципи > техники
• Прецизност > сила
• Преживување > его
Закажи полу-приватен тренинг со мене на:
072 314 004
Ѓорѓи Цветковски (основач и учител)
16+ години обучен во повеќе вештини
Корекција: Po Pai може да се користи и како удар и како туркање, исто и кога си во неидеална позиција и сакаш да се извадиш од неа.
Кога туркаш и правиш простор, ги ресетираш позициите.
Кога удираш правиш штета и го виткаш телото на предаторот.
Четвртата секција од формата на Дрвената Кукла
Што точно (и што не) правиме кога вежбаме на Дрвената Кукла во Винг Чун
Контрола против континуирани, агресивни напади, и тајминг дрил.
Една примена од само едно движење од Формата на Дрвена Кукла од 3-тата секција
На сличен начин може да се вежба и од зафат на врат и борба од поблизок клинч (Мау Таи домет).
Важно за формата на Дрвената Кукла:
1. Секое индивидуално движење има своја посебна примена или повеќе посебни примени.
2. Има само неколку движења (на една рака се бројат) што се применуваат секвенционално.
3. Се користи за корекции на мали грешки (лоша позиција, вкрстување на раце, внатрешни техники...) што често се случуваат во хаотична борба. Додека Биу Џи (третата форма) е за корекции на големи грешки.
4. Не е за почетници бидејќи мораш да разликуваш најпрво добра (идеална) позиција од лоша (ризична) позиција.
5. И мораш да разликуваш помеѓу Дрвена Кукла (каде што ти движиш околу метата) и вистински, жив човек (каде што другиот треба да движи околу тебе за да го зачуваш принципот на економичност и најдиректни движења).
Примената е секогаш најпрактична на резистентен човек што сака цело време да те удира и врши притисок. Затоа е клучен техничкиот спаринг.
(во вистинска борба или животозагрозувачки ситуации не постои перфектна форма, техника, или движење).
Чувај се и вежбај јако,
Ѓорѓи Цветковски
26/05/2026
После 2 години од основањето на ТАО школата, го одржавме првиот внатрешен семинар за самозаштита.
Целосно фокусиран на првиот дел од Т.А.О Методот (таргетирање на слаби точки) и влезни техники и стратегии (стапување во контакт).
Горд сум на сите што се пријавија и истрајно го издржаа 9-часниот тренинг во тек на ден ипол.
Секој напредок што го постигнавте (и ќе го постигнете) е највеќе благодарение на вас - како резултат на реинвестирање во себе и редовен тренинг.
Без тоа, јас сум само извор на информации која нема примена за доброто на другите. И токму за тоа сум ви благодарен на вас.
Длабоко верувам, дека практикувањето на принципите и концептите на Т.А.О. Методот е токму тоа што ќе ви го спаси животот во животозагрозувачки ситуации и ќе ве научи како да бидете смирени, разумни, и фокусирани во сѐ што правите во животот.
И запамти:
1. Перспективата (објективното) е особено важна особина за критично размислување и разликување на што е што.
Перцепцијата (субјективното) е исто особено важна за да ви ги сруши лимитирачките верувања и што сѐ е можно, а што не.
2. Видеата што ги постирам на социјалниве мрежи се една работа (и се само за почетници), тоа што навистина го работиме на тренинг (и особено на вакви настани) е тоа што е сржта на ТАО школата и зошто постоиме.
3. Да изгледа нештото дека функционира (и да си "кул" или брз на видео) е едно, и дали навистина функционира е друго - секогаш тестирај сам за себе.
Тоа е тоа.
Чувај се и вежбај јако,
Ѓорѓи Цветковски
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Address
St. Debarca 44
Skopje
Opening Hours
| Tuesday | 20:00 - 21:30 |
| Thursday | 20:00 - 21:30 |
| Saturday | 18:00 - 19:30 |