03/09/2026
🔴⚫ Стефан Нанчовски е наш нов голман! 🧤⚽
Ви го претставуваме нашето трето засилување на голманската позиција – Стефан Нанчовски!
Стефан е млад, 20-годишен перспективен голман кој во новата сезона ќе биде дел од нашиот голмански тим.
Заедно со искусниот Бурхан Мустафа и младиот Леонид Стојкоски, тие ќе бидат нашата голманска тројка за претстојната сезона. 💪🧤
Му посакуваме многу успешни настапи, напредок и што повеќе натпревари со зачувана мрежа во црвено-црниот дрес! ❤️🖤
Добредојде во ФК Илинден, Стефан! 🔴⚫