Велосипедска Федерација на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Велосипедска Федерација на Македонија

Велосипедска Федерација на Македонија Официјална страница на Велосипедската Федерација на Македонија.

Конструктивен состанок со градоначалникот на Тетово, Г-дин Биљал Касами, во пресрет на Државното друмско-ридско првенств...
02/09/2026

Конструктивен состанок со градоначалникот на Тетово, Г-дин Биљал Касами, во пресрет на Државното друмско-ридско првенство 🚴‍♂️🇲🇰
Претседателот на ВФМ Емил Цветанов и Сенад Идризи од ВК „Феникс“ ги презентираа актуелните и идните иницијативи на Федерацијата, со посебен акцент на развојот на велосипедизмот. На состанокот беше разговарано и за можностите за заедничка соработка и организација на натпревари од регионален и балкански карактер во блиска иднина. Заеднички чекор кон унапредување на спортот💪

ПРОПОЗИЦИИ🔊ДРЖАВНО ДРУМСКО-РИДСКО ПРВЕНСТВО🇲🇰SHARR CUP 2026⛰️06.09.2026 – Тетово / Попова Шапка🚴 Организатор: ВК Феникс ...
01/09/2026

ПРОПОЗИЦИИ🔊
ДРЖАВНО ДРУМСКО-РИДСКО ПРВЕНСТВО🇲🇰
SHARR CUP 2026⛰️
06.09.2026 – Тетово / Попова Шапка
🚴 Организатор: ВК Феникс и ВФМ со поддршка на Општина Тетово
Категории: Сениори, Јуниори, Кадети, U15, U13, Мастерс и Хоби.
⏱️ Временска динамика
09:30–10:30 – Собир и подигнување стартни броеви, центар Тетово
11:00 – Старт на трката Тетово–Попова Шапка
U13, U15 и Кадети – старт од Лисец
13:30 – Прогласување и доделување награди, паркинг Попова Шапка
🏆 Награди: Медали за првите три места во секоја категорија.
📋 Право на учество: Регистрирани, лекарски прегледани и осигурени велосипедисти.
🚲 Сите натпреварувачи се должни да настапуваат со кацига и технички исправен велосипед.
Казни: Согласно правилниците на UCI и ВФМ.
▶️Организаторот го задржува правото на промена на пропозициите, трасата или временската динамика, со навремено известување на натпреварувачите.
✅Пријавување најдоцна до 04.09.2026 на: [email protected]

SHARR CUP 2026 — ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНО!✅На 6 септември 2026, се враќа SHARR CUP, друмската велосипедска трка која ги ...
31/08/2026

SHARR CUP 2026 — ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНО!✅
На 6 септември 2026, се враќа SHARR CUP, друмската велосипедска трка која ги предизвикува велосипедистите со искачувањето до Sunny Hill (Попова Шапка). Трката е отворена за мажи и жени, претставувајќи вистински тест на издржливост, сила и посветеност.
🏆 1 место — 600 €
🥈 2 место — 300 €
🥉 3 место — 200 €
Пријавувањето е БЕСПЛАТНО - најдоцна до 04.09.2026 на: [email protected]

SHARR CUP 2026 — REGJISTRIMET JANË TË HAPURA!✅
Më 6 shtator 2026, rikthehet SHARR CUP, gara e çiklizmit rrugor që sfidon çiklistët me ngjitjen deri në Sunny Hill (Popova Shapka). Gara është e hapur për burra dhe gra, duke ofruar një sfidë të vërtetë të qëndrueshmërisë, forcës dhe përkushtimit.
🏆 Vendi i parë — 600 €
🥈 Vendi i dytë — 300 €
🥉 Vendi i tretë — 200 €
Regjistrimi është FALAS - më së voni deri më 04.09.2026, në: [email protected]

306 натпреварувачи од 26 држави викендов беа дел од Европското првенство во Витоша, Бугарија, на една од најтешките и на...
18/08/2026

306 натпреварувачи од 26 држави викендов беа дел од Европското првенство во Витоша, Бугарија, на една од најтешките и најпредизвикувачки DH патеки на Балканот⚡ Македонија за прв пат, со репрезентација на ВФМ на Европско првенство во спуст🇲🇰
🔹 Јовче Даскаловски, поради пад на тренингот, за жал не беше во можност да настапи на трката.
🔹 Александар Стојкоски имаше механички проблем само 50 секунди по стартот, но и покрај тоа ја продолжи трката и заврши на 46. место во сениорската категорија.

Продолжуваме да градиме репрезентација, искуство и резултати! 🇲🇰🚵‍♂️
UEC - Union Européenne de Cyclisme

ПРОПОЗИЦИИ📣PELISTER DOWNHILL CUP❗29-30 Август, еден од највозбудливите настани во годината💯 Адреналин, брзина, вештина и...
17/08/2026

ПРОПОЗИЦИИ📣PELISTER DOWNHILL CUP❗29-30 Август, еден од највозбудливите настани во годината💯 Адреналин, брзина, вештина и фокус!💪Extreme Bike Team Bitola

Одличен настап на нашата репрезентација на Балканското првенство во МТБ Маратон, кое денеска се одржа во Алба Јулија, Ро...
15/08/2026

Одличен настап на нашата репрезентација на Балканското првенство во МТБ Маратон, кое денеска се одржа во Алба Јулија, Романија🇲🇰

Дуња Иванова – 4. место, сениорки
Кирил Марковски – 7. место, сениори
Љубиша Кондев – 2. место, мастерс

Женската конкуренција совлада 73 км со 2.400 м елевација, додека мажите 90 км со 3.000 м елевација - на брза патека со суви и стрмни искачувања и предизвикувачки спустови во силна конкуренција на најдобрите возачи од балканските земји✅Честитки до нашите репрезентативци за одличниот настап, борбеноста и претставувањето на Македонија на ова значајно меѓународно натпреварување! 🇲🇰Посебна благодарност до Велосипедската федерација на Романија и Балканската велосипедска унија за извонредната организација и гостопримството💯

Го гледаме стартот. Го гледаме финишот. Го читаме резултатот. Но, она што не се гледа се овие пет минути помеѓу. Во нив ...
27/07/2026

Го гледаме стартот. Го гледаме финишот. Го читаме резултатот. Но, она што не се гледа се овие пет минути помеѓу. Во нив се содржани стотици одлуки донесени во дел од секундата, апсолутен фокус, прецизна техника, контрола на велосипедот, храброст, самодоверба и подготвеност да се поместат сопствените граници🔥
Ова е настап на Дамјан Бошевски, 15-годишен велосипедист во DHI. Дисциплина во која нема простор за двоумење, а секоја грешка може скапо да чини.
Следниот пат кога ќе видите само едно време на семафорот или место во пласманот, сетете се дека зад тие неколку минути стојат години тренинг, безброј падови, повторни обиди и огромна посветеност💪
Спортот не е само резултат. Спортот е сè што се случува на патот до целта!🇲🇰🚵

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Македонската DHI репрезентација денеска настапи на Балканското првенство во спуст кое се одржа во Поиана Брашов, Романиј...
25/07/2026

Македонската DHI репрезентација денеска настапи на Балканското првенство во спуст кое се одржа во Поиана Брашов, Романија. Воедно, натпреварот се бодуваше и како UCI Class 1 (C1) трка, со силна меѓународна конкуренција🔥
Нашите натпреварувачи ги остварија следните позиции во генералниот пласман:
🔹Елит: Александар Стојкоски – 30. место
🔹U17: Павел Талев – 12. место
🔹U17: Дамјан Бошевски – 24. место
Дисциплината Downhill претставува една од најатрактивните, но и најпредизвикувачките велосипедски дисциплини со стрмни и технички патеки исполнети со карпести делници, скокови, корени, тесни свиоци и природни препреки, при што се потребни исклучителна техничка подготвеност, брзи реакции и голема храброст⚡Честитки за настапот на момците и благодарност до водачот на екипа Андреј Нашоку за достојното претставување на ВФМ!🇲🇰🚵‍♂️

🏆 Денеска во Куманово се одржа Државното XCO првенство, во организација на ВК Крос Сајклинг и Велосипедската федерација ...
19/07/2026

🏆 Денеска во Куманово се одржа Државното XCO првенство, во организација на ВК Крос Сајклинг и Велосипедската федерација на Македонија🇲🇰Возбудлива патека, одлична атмосфера и спортски дух го одбележаа денешниот шампионат👏Честитки до сите велосипедисти кои настапија и дадоа сѐ од себе, а на новите државни прваци им посакуваме успех во понатамошните натпревари🏅Благодарност до сите поддржувачи и помагатели, до судиите, волонтерите и публиката за успешниот настан!

ПРОПОЗИЦИИ – XCO КУМАНОВО 2026🚵 Организатор Велосипедска федерација на Македонија и ВК „Крос Сајклинг“ – Куманово📅 Датум...
14/07/2026

ПРОПОЗИЦИИ – XCO КУМАНОВО 2026
🚵 Организатор Велосипедска федерација на Македонија и ВК „Крос Сајклинг“ – Куманово
📅 Датум 19 јули 2026 (недела)
📍 Локација Студена Вода, Куманово
🏁 Патека
Кружна XCO патека со должина од 3,8 km по круг и 190 m вкупна елевација по круг.
Број на кругови по категории:
Сениори – 6 круга
Јуниори – 4 круга
Кадети, Жени и Мастерс – 3 круга
U15 – 2 круга
U13 – 3 скратени круга
Хоби 20+ – 2 круга
⏰ Распоред
10:00 – 10:30 – Подигнување стартни броеви
11:00 – Старт на категоријата Хоби 20+
12:00 – Старт на лиценцираните натпреварувачи
🏁 Цел: На истото место каде што е стартот.
📩 Пријавување
До 17.07.2026 (петок) до 12:00 часот на: 📧 [email protected]
🚴 Технички услови
Лиценцираните натпреварувачи настапуваат во клубска велосипедска опрема, со задолжителна заштитна кацига и технички исправен велосипед.
За категоријата Хоби задолжителни се заштитна кацига и потпишана изјава за учество.
🏅 Награди
Медали и признанија за првопласираните тројца натпреварувачи во секоја категорија.
✅ Право на учество
Право на настап имаат сите регистрирани, лекарски прегледани и осигурени велосипедисти во категориите: Сениори, Јуниори, Кадети, Жени, Мастерс, U15, U13 и Хоби.
📊 Бодување
Трката се бодува за ранг-листата во планински велосипедизам.
Трошоци
Трошоците за организација ги покрива организаторот, додека клубовите учествуваат на сопствен трошок.
Казни
Согласно правилниците на УЦИ и ВФМ.
ℹ️ Посебни одредби
Организаторот го задржува правото на измена на пропозициите, за што ќе ги извести натпреварувачите најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот. Со прифаќањето на овие пропозиции, секој натпреварувач настапува на сопствена одговорност.
🇲🇰Кој ќе ја понесе титулата државен првак во крос кантри - дознаваме во недела!🏅

Address

Gradski Park, KK Rabotnicki PF5
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Велосипедска Федерација на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category