12/09/2026
Megan Eckert истрча 1.024 километри за 6 дена на шестдневна ултратрка во Унгарија и стана првата жена што ја поминала границата од 1.000 километри во ваков формат.
Во ваква трка часовникот не застанува. Тркачите сами одлучуваат кога ќе спијат, кога ќе јадат и колку долго ќе паузираат, а победува оној што ќе помине најголема дистанца во 144 часа.
Уште повпечатливо е што Megan не само што постави историски резултат кај жените, туку ја доби и целата трка overall.
Ваквите моменти се потсетник дека трчањето не е секогаш само брзина. Понекогаш е издржливост, ментална сила и способност да продолжиш кога телото одамна ти вели да застанеш.