29/04/2026
Дисциплината е тоа што те движи кога мотивацијата ќе исчезне 💪
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from bfit.mk, Gym/Physical Fitness Center, Stip.
29/04/2026
Дисциплината е тоа што те движи кога мотивацијата ќе исчезне 💪
15/04/2026
Секој тренинг, секој здрав оброк, секој ден кога ќе се појавиш во сала иако немаш мотивација - тоа се тие „мали чекори“ што на крај прават огромна разлика. Не мора секој ден да биде совршен, важно е да не се откажеш и да продолжиш напред.
31/03/2026
Јафа овесна каша
Сок од еден портокал + вода (да биде вкупно 150мл.)
3 г. лаж. ситни овесни снегулки
1 м. лаж. какао
30 гр. протеин од чоколадо
Ставете ги сите состојки освен протеинот во мало тенџере на оган и мешајте додека овесната каша да се згусне. При крај додадете протеин и повторно промешајте. Може да додадете рендана кора од портокал, 2 коцки црно чоколадо и парчиња портокал по желба.
Доколку протеинот не е доволно благ додадете 1 м. лаж. мед или друг засладувач.
30/03/2026
Вежбањето е форма на грижа за себе, затоа што не само што го зајакнува телото, туку и го смирува умот, ја подобрува енергијата и придонесува за подобрување на целокупното здравје и расположение.
13/03/2026
Зелени палачинки / тостерки кои беа дел од
1 јајце
30 гр. овесни снегулки
80 гр. спанаќ
1/2 м. лаж. пециво
1/2 м. лаж. сол
Вода по потреба
Изблендирајте ги сите состојки и по потреба додадете вода, смесата треба да биде густа. Печете во тавче за палачинки или во тостер и комбинирајте со урда / грчки јогурт / cottage cheese, маслинки и зеленчук по желба.
12/03/2026
Сите сме зафатени - работа, обврски, секојдневен стрес... Но, разликата е во приоритетите. Некои луѓе одлучуваат да одвојат време за себе и за своето здравје. Еден час вежбање не е само тренинг, туку избор да се грижиш за себе секој ден!
Среќен 8ми Март! 💜
Денес славиме сила, храброст и жени кои инспирираат други жени да бидат посилни, похрабри и посамоуверени 🌷
10/02/2026
Честата консумација на брза храна носи сериозни последици, негативно влијае врз физичкото и менталното здравје и предизвикува низа проблеми. Да се храниш здраво и балансирано значи да внесуваш разновидна храна за да му дадеш на телото сè што му е потребно за нормално функционирање. Со ваков пристап го чуваш своето здравје, имаш повеќе енергија и го одржуваш телото во добра форма. Со други зборови, кога избираме здрава храна, не само што се чувствуваме подобро денес, туку и вложуваме во подолго, посреќно и поздраво утре 🌱
04/02/2026
Нормално е да е тешко првите недели - само продолжи и не се откажувај!
29/01/2026
Чиа пудингот е совршен ако сакаш нешто лесно, а хранливо за појадок или ужина. Те заситува долго, му дава енергија на телото и е полн со влакна, омега-3 и протеини. Плус - го правиш за 2 минути и наутро само уживаш!