Ok Mladost UGD

Ok Mladost UGD Професионален одбојкарски клуб

🏐 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОК МЛАДОСТ УГД! 🖤💗Отвораме нов упис и ги покануваме сите девојчиња кои сакаат да ја запознаат ...
31/08/2026

🏐 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОК МЛАДОСТ УГД! 🖤💗

Отвораме нов упис и ги покануваме сите девојчиња кои сакаат да ја запознаат одбојката, да тренираат, да напредуваат и да станат дел од нашиот тим.

Кај нас одбојката не е само тренинг. Таа значи дисциплина, тимски дух, нови пријателства, самодоверба и заедничко растење. Нашата цел е секое дете да добие вистинска можност да учи, да се развива и еден ден да го носи дресот на нашиот клуб. 🏐

Со професионален тренерски кадар, современи услови за работа и можност за учество на натпревари и турнири, продолжуваме да ја градиме иднината на ОК Младост УГД – почнувајќи од најмладите. 💪

📞 Пријавување и информации:
078 317 140 – Благој Тасев

Направи го првиот чекор. Можеби токму тука започнува твојата одбојкарска приказна. 💗

ONE TEAM. ONE GOAL! 🏐🔥
Blagoj Tasev Kristina Lazarovska

21/08/2026

🍀🤞

✍️❤️🍀
21/08/2026

✍️❤️🍀

Искусната одбојкарка од Босна и Херцеговина, Марија Батиниќ, по четврти пат ќе ги брани боите на штипскиот клуб, продолжувајќи ја приказната исполнета со борбеност...

🏐 🇧🇦НЕВЕНА ВИДОЈЕВИЌ – НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА МЛАДОСТ УГД🇷🇸Со задоволство го претставуваме нашето ново засилување за сезонат...
20/08/2026

🏐 🇧🇦НЕВЕНА ВИДОЈЕВИЌ – НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА МЛАДОСТ УГД🇷🇸

Со задоволство го претставуваме нашето ново засилување за сезоната 2026/27 – Невена Видојевиќ, искусен примач, родена во 2001 година во Босна и Херцеговина, регистрирана во Српската одбојкарска федерација. Невена зад себе има богата интернационална кариера и сериозно искуство од силни суперлигашки натпреварувања.

Во својата досегашна кариера има одиграно голем број важни натпревари и има освоено првенства, титули и медали. Во нашиот состав носи токму она што е потребно за следниот чекор напред – искуство, стабилност, квалитет и победнички менталитет.

Во досегашната кариера настапувала во:

🇧🇦 ЖОК Гацко — 2014/15 – 2015/16
🇷🇸 Црвена Звезда — 2016/17 – 2019/20
🇷🇸 ЖОК Спартак — 2020/21
🇷🇸 Раднички Бластерс — 2021/22 – 2022/23
🇲🇪 ЖОК Лука Бар — 2022/23
🇷🇴 CSM Lugoj — 2023/24
🇸🇮 TPV Novo Mesto — 2024/25
🇸🇰 VK Pirane Brusno — 2025/26

Со ангажманот на играч од ваков профил, со нејзиното меѓународно искуство, физички предиспозиции од 192 см висина и докажан квалитет, Младост УГД добива значајно засилување и дополнителна сигурност во тимот.

Продолжуваме да го градиме составот чекор по чекор, со јасна амбиција – да ги поставиме нашите цели уште повисоко.

Добредојде во Младост УГД, Невена! 🖤💗

ONE TEAM. ONE GOAL! 🏐🔥
-27

🔥 СИМОНА ТАСЕВА ПРОДОЛЖУВА СО МЛАДОСТ УГД! 🏐🖤💗Со особено задоволство објавуваме дека Симона Тасева, на позицијата либеро...
18/08/2026

🔥 СИМОНА ТАСЕВА ПРОДОЛЖУВА СО МЛАДОСТ УГД! 🏐🖤💗

Со особено задоволство објавуваме дека Симона Тасева, на позицијата либеро, останува дел од нашиот тим и во сезоната 2026/27! ✍️

Симона беше дел и од нашата кадетска екипа која го освои сребрениот медал, покажувајќи голем потенцијал, борбеност и посветеност. 🥈🔥

Оваа сезона добива и реална шанса да биде дел од првата екипа, да напредува и да се наметне со својата игра меѓу најдобрите.

Веруваме во младите, веруваме во нејзиниот потенцијал и со нетрпение очекуваме да го видиме нејзиниот следен чекор. 💪🏐

Симона, продолжуваме заедно!
🖤💗 Иста енергија. Иста цел.

-27

💗 МОНИКА КОСТОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО НАС! 🏐Уште една важна алка од нашиот тим останува во ОК Младост УГД Штип!Моника игра на...
16/08/2026

💗 МОНИКА КОСТОВСКА ПРОДОЛЖУВА СО НАС! 🏐

Уште една важна алка од нашиот тим останува во ОК Младост УГД Штип!

Моника игра на позицијата коректор, а нејзината приказна со нашиот клуб трае уште од младинските категории. Таа беше дел од генерацијата која го освои вицешампионското место во кадетска конкуренција, а денес продолжува да расте и да се докажува во сениорскиот тим.

Горди сме што играчите кои растеа со клубот денес се важен дел од неговата иднина. 💪

Продолжуваме заедно – иста енергија, иста цел! 💗🖤

ONE TEAM. ONE GOAL! 🏐
-27

И Надица Пирова останува! 🖤🏐Со големо задоволство објавуваме дека Надица Пирова, либеро од нашата одбојкарска школа, ост...
15/08/2026

И Надица Пирова останува! 🖤🏐

Со големо задоволство објавуваме дека Надица Пирова, либеро од нашата одбојкарска школа, останува дел од нашиот тим и во сезоната 2026/27. ❤️🖤

Надица е дел од нашата школа и со својот талент, посветеност и борбеност го гради својот одбојкарски пат уште од најмладите категории.

Надица беше дел и од кадетската сребрена генерација. 🇲🇰🥈Горди сме на нејзиниот развој и среќни што продолжуваме да го градиме нејзиниот пат заедно.

Продолжуваме заедно! Иста енергија. Иста цел. 🔥

ONE TEAM. ONE GOAL. 🖤❤️🏐

-27

Тијана Пирова останува со Младост УГД! 🖤🏐Со особено задоволство објавуваме дека Тијана Пирова, техничар од нашата одбојк...
15/08/2026

Тијана Пирова останува со Младост УГД! 🖤🏐

Со особено задоволство објавуваме дека Тијана Пирова, техничар од нашата одбојкарска школа, останува дел од нашиот тим и во сезоната 2026/27. ❤️🖤

Тијана е една од девојките кои растеа и се развиваа во нашата школа, а со својата работа, талент и посветеност стигна и до кадетската репрезентација на Македонија, како дел од нашата кадетската сребрена генерација. 🇲🇰🥈

Горди сме на нејзиниот развој и уште погорди што продолжуваме да го градиме нејзиниот пат заедно.

Продолжуваме заедно! Иста енергија

-27

💗 МАРИЈА БАТИНИЧ ОСТАНУВА СО НАС! 🏐По четврти пат, Марија Батинич од Босна и Херцеговина ќе ги брани боите на Младост УГ...
14/08/2026

💗 МАРИЈА БАТИНИЧ ОСТАНУВА СО НАС! 🏐

По четврти пат, Марија Батинич од Босна и Херцеговина ќе ги брани боите на Младост УГД! 🇧🇦🤝🇲🇰

После четири сезони заедно, со право можеме да кажеме дека Младост УГД е нејзин клуб, а Штип нејзин втор дом. 💗

На позицијата либеро, Марија со својата борбеност, стабилност и искуство е важен дел од нашиот тим. Нејзиниот придонес низ годините е огромен, како на теренот, така и во растењето и развојот на клубот.

Продолжуваме заедно и во сезоната 2026/27! 💪🔥

Маја, добредојде дома 🖤💗

ONE TEAM. ONE GOAL!

-27

🫡🙏👏
14/08/2026

🫡🙏👏

ОК Младост УГД продолжува да ја гради иднината преку сопствените млади сили! Клубот потврди дека талентираната средна блокерка Андреа Митиќ и во сезоната 2026/27 ќе г....

Address

Stip
3945

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ok Mladost UGD posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ok Mladost UGD:

Shortcuts

Share

Category