Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип

Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип Aрабеск e првиот центар за балетска уметност во Штип кој датира од 2016 година.

Жената која е силна.Жената која може сè.Жената која знае дека за неа нема ограничувања.Жената која е нежна, но храбра.Же...
27/08/2026

Жената која е силна.
Жената која може сè.
Жената која знае дека за неа нема ограничувања.

Жената која е нежна, но храбра.
Женствена, но моќна.
Која верува во себе, се сака себеси и знае дека заслужува време посветено само на неа.

И токму затоа — си подарува танц. ✨

Не за да биде совршена.
Не за да стане балерина.
Туку за да се почувствува убаво во своето тело, да се ослободи од секојдневието, да се насмевне, да се движи и повторно да се поврзе со себе.

Нашата група за рекреативен балет за возрасни е создадена за токму такви жени.
За жени кои сакаат да танцуваат, без разлика на возраста, искуството или формата.

За сите жени кои сакаат да си подарат еден час во кој светот ќе застане — а тие ќе бидат само тие.🤍

Ако се препознаваш во оваа приказна, придружи се.
Твоето место во нашата балетска сала те очекува. 🩰✨

Септември е пред прагот. Ја започнуваме новата танцова сезона 2026/27!🥰Уписите на нови членови се во тек се до пополнува...
21/08/2026

Септември е пред прагот. Ја започнуваме новата танцова сезона 2026/27!🥰
Уписите на нови членови се во тек се до пополнување местата во групите! Резервирајте го своето место.🩰

07/07/2026

Aрабеск e првиот центар за балетска уметност во Штип кој датира од 2016 година.

18/05/2026

✨ Бајка, танц, детска радост и една посебна година за нас… ✨

Во текот на оваа учебна година заедно создававме убави моменти, настапи, дружби и спомени, а сето тоа е дел од нашата јубилејна приказна – година во која славиме **10 години Арабеск Штип**. ❤️

Како дел од циклусот активности со кои го одбележуваме нашиот јубилеј, со огромна љубов и посветеност ви ја претставуваме детската балетска претстава:

🎭 **„Алиса во земјата на чудата“**

Нашите мали танчари ќе ве поведат низ магичен свет исполнет со фантазија, музика, игра и детска креативност.

📅 **20.06.2026 (сабота)**
🕖 **19:00 часот**
📍 **Дом на култура – Штип**
🎟 **Влезница: 200 ден**

Ве покануваме да бидете дел од оваа убава приказна и заедно со нас да прославиме **10 години Арабеск** – 10 години љубов кон танцот, растење и создавање спомени. ✨

#АрабескШтип #10ГодиниАрабеск #АлисаВоЗемјатаНаЧудата #Балет #ДетскаПретстава

Aрабеск e првиот центар за балетска уметност во Штип кој датира од 2016 година.

14/05/2026
✨ Со огромна радост го споделуваме плакатот за нашиот балетски концерт „Мали чекори, големи соништа“! ✨Овој концерт има ...
26/02/2026

✨ Со огромна радост го споделуваме плакатот за нашиот балетски концерт „Мали чекори, големи соништа“! ✨
Овој концерт има посебно значење за нас, затоа што се одржува во нашата 10-та јубилејна година од постоење – деценија исполнета со труд, љубов кон уметноста, детски насмевки, аплаузи и безброј мали чекори кои прераснуваат во големи соништа. 🩰

Во текот на оваа јубилејна година веќе реализиравме низа од настани, а овој концерт е дел од предвидените активности кои зборуваат за тоа како растеме заедно, се градиме и чекориме напред низ времето, создавајќи традиција, љубов кон танцит и публика која ја вреднува уметноста.

Ве покануваме да бидете дел од оваа магична вечер и да ги поддржите нашите учесници кои со срце и посветеност ќе ја раскажат својата приказна на сцена.

📍 Повелете да славиме заедно – затоа што секој голем сон започнува со мал чекор. 💫

#МалиЧекориГолемиСоништа #10ГодиниЈубилеј #Балет #ГордиНаНашитеБалерини

Почитувани,Ве покануваме на еден поинаков танцов настан со музичките композиции на Љубомир Бранѓолица. 🎼Во првиот дел на...
26/11/2025

Почитувани,

Ве покануваме на еден поинаков танцов настан со музичките композиции на Љубомир Бранѓолица. 🎼
Во првиот дел настапуваат учесници од Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип со композицијата "Скопски сновиденија". Низ движење ќе ви раскажеме приказна за големиот град, полн со можности и една искрена детска желба да се танцува на голема сцена. Патот до успехот не е секогаш рамен и лесен, но љубовта кон танцот и животот, вербата во себе и своите мечти, се оние кои раѓаат успех. ✨️🩰
Во вториот дел, ќе имате можност да ја погледнете минијатурата "Велеградски варијации" - еден од првите балети создадени на македонската танцова сцена (1959 година). Делото раскажува за љубовта прикажана преку серија епизоди кои опфаќаат различни драмски ситуации и ликови лоцирани во урбана градска средина. Учесници се студенти од катедрата за балетска педагогија на ФМУ Скопје. 🎈

Address

Улица Вита Поп-Јорданова бр. 2
Stip
2000

Telephone

+38975356326

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Arabesque - Центар за балетска уметност, Штип:

Shortcuts

Share

Category