04/07/2025
И за крај сакаме да се заблагодариме на сите ЕКИПИ кои земаа учество на Турнирот, на СУДИСКАТА ДВОЈКА која беше со нас изминатите две години, ПУБЛИКАТА која ни даваше подрашка и голема благодарност до сите СПОНЗОРИ и ПОДРЖУВАЧИ кои издвојуваа средства за одржување на Турнирот, без кои и неможеше да се одражи турнирот.
Ние организаторите на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025 се надеваме дека бевме добри домаќини, изминатите две години се потрудивме турнирот да го подигнеме на подобро ниво, обезбедивме вредни награди за најдобрите, за нијанса подобри услови од минатогодишните, поделивме над 150 мајци за деца и возрасни.
За следната година се ПОВЛЕКУВАМЕ од организација на турнирот и се надеваме дека ќе продолжи Турнирот со нови лица во организацијата и на уште повисоко ниво.
Ви благодариме.
04/07/2025
Натпревари одиграа и најмалите и највозрасните, едните кои оставија белг на спортските терени, другите кои доправа треба да се докажуваат.
04/07/2025
Доделување на награди за најдобрите поединци на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025
Најдобар голман - Филип Лазаров (Штерјов Креди)
Најдобар стрелец - Бојан Иванов (Казино Вегас)
Најдобар играч - Лука Николов (Цуки Пласт)
04/07/2025
🏆 ШАМПИОНИ на овогодинешниот Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025 е екипата на ЦУКИ ПЛАСТ, кој во финалето беше подобра од екипата на ШТЕРЈОВ КРЕДИ со 1:0, додека екипата на КАЗИНО ВЕГАС од Пробиштип беше подобра од екипата на СТАРС од Куманово со 10:3 и освои 3то место на турнирот.
Честитки за освоените награди на екипите и балагодарност до сите екипи учесници на турнирот.
02/07/2025
Повелете на ден 03.07.2025 (Четврток) да ги проследиме натпреварите од финалниот ден и да ги доделиме наградите за најдобрите на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025 во Стар Караорман.
Ве очекуваме...
01/07/2025
Вечерва се играат полуфиналните натпревари на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025...
Повелете на возбудливи натпревари..
29/06/2025
Благочестиви христијани, на ден 02.07.2025 со почеток од 18:00 часот во храмот ,,св.Наум Охридски” во Стар Караорман ќе се отслужи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Негово Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион. По завршувањето на вечерната богослужба ќе биде извршен чин на осветување на темели за изградба на камбанарија при храм ,,св. Наум Охридски” во Стар Караорман.
Од црковниот одбор при храм ,,св. Наум Охридски” Стар Караорман!
29/06/2025
Веќе ги имаме првите полуфиналисти тоа се екипите на Казино Вегас Пробиштип и Цуки Пласт кои ќе се сретнат меѓусебно во полуфиналето.
Вечерва ќе ги добиеме преостанатите две екипи за другото полуфинале. Дојдите да ги проследиме заедно натпреварите.
26/06/2025
Распоред на четвртфиналните натпревари на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025