05/07/2026
Заврши уште едно незаборавно издание на турнирот во мал фудбал „Св. Наум“ – Мороишта!
Изминативе денови заедно испишавме прекрасна спортска приказна исполнета со борба, емоции, фер-плеј и незаборавни моменти. Благодарност до сите екипи, навивачи, спонзори, судии, волонтери и сите што беа дел од овој спектакл.
🏆 Прво место – Биро Промет
- Второ место – ДООЕЛ Марко
- Трето место – Моме Градња
- Четврто место – Мини Маркет Трајкоски
Честитки до сите екипи за прикажаната игра и спортскиот дух!
📸 Во продолжение погледнете дел од најубавите моменти од овогодинешниот турнир.
Ви благодариме што бевте дел од турнирот „Св. Наум“ – Мороишта 2026. Се гледаме повторно следната година, уште помасовно и уште поспектакуларно!
02/07/2026
ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ Е ТУКА!
По повеќе од две недели врвен мал фудбал, многу публика и незаборавни натпревари, дојде моментот што сите го чекавме!
Петок | 03.07
Борба за 3-то место
21:10 ч.
Моме Градња - Мини Маркет Трајкоски
ГОЛЕМО ФИНАЛЕ
22:00 ч.
ДООЕЛ Марко - Биро Промет
По завршувањето на финалето следува ЖИВА МУЗИКА, заедно да ја прославиме успешната завршница на турнирот!
Голема благодарност до нашиот генерален спонзор BZ Group Macedonia, како и до сите спонзори, екипи, навивачи и волонтери кои беа дел од оваа прекрасна спортска приказна.
Ве очекуваме во огромен број да бидете дел од финалната вечер и заедно да уживаме во спектакуларен фудбал, одлична атмосфера и незаборавна прослава!
30/06/2026
СООПШТЕНИЕ !
- Поради лошите временски услови, денешната утакмица се преместува за утрешниот ден, односно среда (01.07)!
- Еве ги комплетните резултати од вторник и целосниот распоред за утре :
ВТОРНИК (30.06) — РЕЗУЛТАТИ :
21:15 ч. | Дооел Марко 3 - 1 Чардак Велгошти
СРЕДА (01.07) — РАСПОРЕД:
20:00 ч. | Биро Промет 2 - 1 АГМК
21:00 ч. | Дооел Марко 5 - 1 Моме Градња
22:00 ч. | Мини Маркет Трајкоски 0 (0) - (3) 0
Биро Промет
28/06/2026
ЧЕТВРТФИНАЛЕ — РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРЕИ
📅 Понеделник (29.06)
21:15 ч. | Мини Маркет Трајкоски 4 - 0 Вевчани
22:15 ч. | Ескобар Волино 0 - 2 Моме Градња
📅 Вторник (30.06)
21:15 ч. | Дооел Марко 3 - 1 Чардак Велгошти
22:15 ч. | Биро Промет - АГМК
28/06/2026
Вечерва уживаме во фудбалот за сите!
Вечерта е резервирана за ревијални
натпревари кои се вистински доказ дека овој турнир и фудбалот се за секого – без разлика на возраста или резултатот. Играме за дружба, забава и заедништво!
Ве покануваме да дојдете во што поголем број и заедно да уживаме во прекрасната атмосфера.
Ве очекуваме!