РК Струга - официјална фан страна

РК Струга - официјална фан страна Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from РК Струга - официјална фан страна, Sports Team, Ulica Vlado Maleski Tale br. 5, Struga.

Уште еден крајно неизвесен натпревар за нашите ракометари, овојпат на гостувањето во Прилеп. Во текот на целата средба с...
03/10/2026

Уште еден крајно неизвесен натпревар за нашите ракометари, овојпат на гостувањето во Прилеп. Во текот на целата средба се водеше голема борба, а резултатот постојано беше тесен и ниту една од екипите не успеа да создаде посериозна предност.

На полувреме заминавме со гол предност – 15:16, а неизвесноста продолжи и во вторите 30 минути. Во драматична завршница двете екипи останаа израмнети, за конечни 29:29 и освоен бод на гостински терен.

Најефикасен во нашите редови беше Ненад Костоски со 6 погодоци, Дарко Георгиевски постигна 5, а Марио Танкоски 4. По 3 погодоци додадоа Костадин Петров, Никола Јукиќ и Дарио Симоноски.

03/10/2026
Нашите ракометари вечерва гостуваат во Прилеп, каде во рамки на Супер машката лига ќе се соочат со екипата на РК Прилеп....
03/10/2026

Нашите ракометари вечерва гостуваат во Прилеп, каде во рамки на Супер машката лига ќе се соочат со екипата на РК Прилеп. Натпреварот е со почеток во 19:00 часот.

Ова е денешниот состав на РК Струга кој ќе настапи на натпреварот против РК Прилеп.

Натпреварот можете да го следите во живо на следниот линк https://www.youtube.com/live/DG0hBUFcy2I?si=fXzN5kPioHp2t6ok

💙🤍 Кадетите на Струга гостуваат во Скопје!Во недела нашата кадетска екипа се соочува со РК Пролет 62. Да им посакаме усп...
02/10/2026

💙🤍 Кадетите на Струга гостуваат во Скопје!

Во недела нашата кадетска екипа се соочува со РК Пролет 62. Да им посакаме успешен настап на младите ракометари и да ги поддржиме во новиот натпреварувачки предизвик!

🤾 Кадетска машка лига
РК Пролет 62 – РК Струга
📅 Недела, 04.10.2026
🕑 14:00 часот
📍 Спортска сала „Македонско сонце“, Скопје

За Струга, заедно! 💙🤍

💙🤍 Следна станица - Прилеп!Сениорската екипа на РК Струга во сабота гостува кај РК Прилеп во Супер машката лига. Нè очек...
02/10/2026

💙🤍 Следна станица - Прилеп!

Сениорската екипа на РК Струга во сабота гостува кај РК Прилеп во Супер машката лига. Нè очекува нов предизвик и борба за бодови на гостински терен.

🤾 Супер машка лига
РК Прилеп – РК Струга
📅 Сабота, 03.10.2026
🕖 19:00 часот
📍 Спортска сала „Р. Ричко“, Прилеп

Напред, Струга! 💙🤍

Нашите пионери во сабота го пречекуваат РК Бутел Скопје. Дојдете да ги бодриме младите ракометари на Струга и да им даде...
02/10/2026

Нашите пионери во сабота го пречекуваат РК Бутел Скопје. Дојдете да ги бодриме младите ракометари на Струга и да им дадеме поддршка од трибините!

🤾 Пионерска машка лига
РК Струга – РК Бутел Скопје
📅 Сабота, 03.10.2026
🕒 15:00 часот
📍 Спортска сала „Тими“, Струга

Се гледаме во сала! 💙🤍

ПОБЕДА ЗА РК СТРУГА!Нашите ракометари во крајно неизвесен и борбен натпревар успеаја да слават против екипата на РК Буте...
27/09/2026

ПОБЕДА ЗА РК СТРУГА!
Нашите ракометари во крајно неизвесен и борбен натпревар успеаја да слават против екипата на РК Бутел со конечни 26:24!
Во второто полувреме се водеше голема борба за секоја топка, а разликата постојано беше минимална. Во самиот финиш, при резултат 25:24, нашата екипа остана смирена, а Ненад Костоски со погодокот за 26:24 ја запечати победата!
Нашите ракометари покажаа борбеност, карактер и тимска игра во текот на сите 60 минути и заслужено стигнаа до важни бодови.
Посебна благодарност до нашата публика која беше со нас и ни ја даде потребната поддршка од трибините!
💙🤍 Заедно до нови победи!

КАДЕТСКА МАШКА ЛИГА 🤾‍♂️Нашите кадети вчера на домашен терен го одиграа натпреварот против РК Еурофарм Пелистер, кој зав...
27/09/2026

КАДЕТСКА МАШКА ЛИГА 🤾‍♂️
Нашите кадети вчера на домашен терен го одиграа натпреварот против РК Еурофарм Пелистер, кој заврши со резултат 15:21.
Нашите кадети добро го започнаа натпреварот и во почетните минути имаа резултатска предност. Во текот на првото полувреме се играше борбено и со мала резултатска разлика, а нашата екипа постојано беше во игра.
Во второто полувреме гостите успеаја постепено да ја зголемат предноста и на крајот да стигнат до победата со 15:21.
За нашите кадети ова е уште еден натпревар, ново искуство и дополнителен мотив за работа и напредок. Продолжуваме понатаму! 💪

Address

Ulica Vlado Maleski Tale Br. 5
Struga
6330

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РК Струга - официјална фан страна posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to РК Струга - официјална фан страна:

Shortcuts

Share

Category