30/06/2021
Струга е новиот шампион во пионерска конкуренција за сезона 2020/21. Домаќинот со константно водство во текот на целиот натпревар заслужено го освои трофејот.
Конечен резултат 18:23. Честитки момци!!!
#РакометЗаСекоеДете
30/06/2021
Финале во пионерска конкуренција помеѓу #КЛ7 и РК Струга со директен пренос на официјалниот Јутуб канал на ракометната федерација на Македонија 👇
https://m.youtube.com/watch?v=qKERE18iwAA
#Струга2021 #РакометЗаСекоеДете
30/06/2021
Пласман во финале за нашите пионери на завршниот турнир во Струга. Победа со резултат 19:25 (11:13) против нашиот денешен противник, ГРК Тиквеш.
Во финалето во 19.00 часот наш противник ќе биде подобриот од второто полуфинале помеѓу Металург и домаќинот Струга.
#РакометЗаСекоеДете
30/06/2021
Следете го полуфиналето од пионерскиот завршен турнир на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=9uSgPEpXyfo
29/06/2021
Нашите пријатели од Alpsko MK им посакаа многу среќа на пионерите на завршниот турнир во Струга 🙏
#РакометЗаСекоеДете #Алпско
29/06/2021
Утре во Струга се игра завршницата од пионерската лига во ракомет за деца родени 2006 и помали. Нашите момци се дел од четирите екипи кои ќе се борат за титулата шампион на Македонија, во првото полуфинале против ГРК Тиквеш.
Среќно момци 💪🏐🤾♂️❤️🇲🇰🏆
#РакометЗаСекоеДете
28/06/2021
Изминатиот викенд беше многу успешен за нашите пионери и пионерки. И двете групи на деца настапија во своите конкуренции и забележаа добри резултати. Пионерките настапија во група "Б" во која реализираа две победи и два порази, претставувајќи се во добро светло.
Пионерите во групата "Г" имаа учинок 3/3 и без пораз го потврдија пласманот на завршниот турнир каде што ќе имаат можност да се натпреваруваат за титулата. Честитки за сите наши деца 🙏💪👏🏐❤️🇲🇰
Голема благодарност за нашите пријатели од Alpsko MK за поддршката 🙏
#РакометЗаСекоеДете #СеГледамеВоСала
27/06/2021
Две победи и два загубени натпревари е конечниот резултат натпреварите кои нашите девојки ги одиграа во групата "Б" во пионерска конкуренција.
Во двата денешни натпревари загубивме од РК Скопје до резултат 20:15, додека во вечерниот термин ја победивме екипата на ЖРК Илинден Вардар со резултат 20:17 🤾♀️🏐❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете
27/06/2021
Во крајно неизвесен натпревар во кој нашите момци влегоа како благи фаворити, имајќи предвид претходните натпревари од групата "Г", по 40 минути игра, тензии, надигрување победивме со резултат 21:20.
Со оваа победа се пласираме на завршниот турнир каде ќе имаме можност да се бориме за титулата пионерски првак на Македонија 🏆
#РакометЗаСекоеДете
27/06/2021
Пионерите се пласираа на завршниот турнир.
Честитки момци 💪🏐🤾♂️❤️🇲🇰
27/06/2021
Последен ден од групната фаза на пионерките и пионерите родени 2006 и помали.
Нашите пионери играат натпревар против РК Аеродром во 11.30 часот ⏩https://m.youtube.com/watch?v=cq19_18Z5jc
Нашите пионерки во првиот натпревар од 15 часот играат против РК Скопје ⏩ https://m.youtube.com/watch?v=nGaKDAViKbM ,
додека во вториот денешен натпревар играат против ЖРК Илинден Вардар од 19.30 часот со пренос на ⏩ https://m.youtube.com/watch?v=K5_kYB4N42U 💪🏐🤾♂️❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете
26/06/2021
Втор натпревар и втора убедлива победа на нашите пионери во групата "Г" против РК Јехона со резултат 29:10 (12:6). Утре не очекува и последниот натпревар од оваа група против екипата на Аеродром.
Честитки момци 💪🏐🤾♂️❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете