30/08/2026
Вториот Strumica Park Run е зад нас, а енергијата и позитивната атмосфера повторно беа на високо ниво! ⚡❤️🏃♂️🏃♀️
Уште еднаш покажавме дека љубовта кон трчањето, дружењето и активниот начин на живот во Струмица расте! 🙌
Огромно благодариме на сите кои дојдовте, трчавте, пешачевте, се дружевте и повторно создадовте прекрасна атмосфера во нашиот парк. ❤️
Посебна чест ни беше што на вториот Strumica Park Run со нас беше и Жан Тосев, носител на третиот најбрз резултат во дисциплината маратон во историјата на македонската атлетика, со време од 2:26:47. 🇲🇰🏃♂️
Неговото присуство е уште една потврда дека ваквите настани можат да ги обединат сите љубители на трчањето - од почетници до врвни атлетичари!
Посебно ни е драго што Strumica Park Run полека, но сигурно станува место каде што сите можеме да се собереме, да бидеме активни, да запознаеме нови луѓе и заедно да поминеме едно убаво саботно утро. 🏃♂️🏃♀️
Ова е само почеток! 💪
Се гледаме повторно на следниот Strumica Park Run! ❤️⚡🏃♂️🏃♀️