14/05/2026
Честитки ЖФК ТИВЕРИЈА Брера Струмица
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ФК Тиверија, Sports Club, Strumica.
14/05/2026
Честитки ЖФК ТИВЕРИЈА Брера Струмица
14/05/2026
Со среќа во финалето !!!
ЖФК Тиверија Струмица
ЖФК Каменица Саса - ЖФК Тиверија
Пренос во живо на МРТ 3 денес од 15:00 часот
13/05/2026
ФК ТИВЕРИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ЗГАСНЕ !
Клуб со повеќе од 100 години историја не се руши од еден тежок период, ниту пак исчезнува поради моментални предизвици.
Тиверија е многу повеќе од фудбалски клуб — Тиверија е симбол на Струмица, симбол на генерации фудбалери, навивачи, спортски работници и луѓе кои согордост го носеле името на клубот низ децениите.
Низ оваа повеќе од еден век долга историја Тиверија поминала низ многу потешки времиња, но секогаш повторно се исправала.
На овој клуб му припаѓаат безброј спомени — полни трибини, калливи терени, големи победи, тешки порази, но и една непроценлива љубов кон фудбалот и кон нашиот град.
Неспорен факт е дека во моментов клубот се соочува со одредени проблеми, но истите ќе бидат надминати.
По завршувањето на сезоната, во најкраток можен рок ќе се организира Собрание на клубот на кое ќе бидат избрани раководни лица, со јасна цел — организациска и играчка стабилизација на ФК Тиверија.
Од наредната сезона акцентот ќе биде ставен на создавање здрава и перспективна екипа, составена од млади фудбалери кои ќе ја продолжат традицијата, заедно со поискусните играчи кои ќе бидат нивна поддршка и пример. Искрено се надеваме на поддршка и соработка со клубовите кои настапуваат во повисок ранг особено нашиот спортски ривал ФК Беласица.
Тиверија отсекогаш била клуб на народот, клубот на работничката класа, клуб кој обединува. Затоа, вратите на ФК Тиверија се отворени за секој добронамерник, за секој поранешен фудбалер, тренер, навивач и поддржувач кој сака да помогне, да придонесе и да биде дел од иднината на клубот. Затоа што клуб со ваква традиција, со ваква историја и со ваква љубов од народот — не смее и нема да исчезне.
И да не заборавиме, од ФК Тиверија е произлезен еден од најуспешните женски фудбалски клубови во Македонија - ЖФК Тиверија, клуб кој има дадено многу репрезенативки и кои утре играат КУП финале во Скопје. На девојките им посакуваме успех и освојување на куп титулата.
ЗА ДРУГИТЕ СЕ НАВИВА, ТИВЕРИЈА СЕ САКА !!!
23/03/2026
https://sportskamreza.mk/29509/
Мичковски го реши Турново, Тиверија слави триумф со 10 гола, Овче Поле е нов лидер! Трета лига – Исток има нов лидер, откако Овче Поле со минимални 0:1 славеше над Брегалница во Делчево и го презеде челното место на табелата. Дарко Нацев беше единств...
16/03/2026
14.3.2026 година
СРЕДБА НА ПОРАНЕШНИ ФУДБАЛЕРИ НА ФК ТИВЕРИЈА
(Фотографијата е преземена од „Стара Струмица“)
Тиверија не е само обичен фудбалски клуб. Тиверија е дел од душата на струмичкиот спорт, дел од историјата и гордоста на градот. Низ децениите, овој клуб бил место каде се создавале пријателства, се градел карактер и се раѓала љубовта кон фудбалот.
За многу генерации струмичани, Тиверија значела повеќе од игра – значела припадност, традиција и чест да се носи дресот на клубот. На тревникот се воделе големи спортски битки, но надвор од него се создавале спомени кои траат цел живот.
Тиверија е симбол на издржливост, истрајност и долговечност. Повеќе од еден век постоење е доказ за љубовта и посветеноста на сите оние кои биле дел од клубот – фудбалери, тренери, спортски работници и навивачи.
Средбите како оваа се потсетник дека времето минува, но спомените и пријателствата остануваат. Насмевките, разговорите и сеќавањата на старите натпревари повторно ја оживуваат славната историја на клубот.
Голем респект и благодарност до сите поранешни фудбалери, тренери и спортски работници кои со својата работа, љубов и посветеност придонеле Тиверија да остане еден од најпрепознатливите симболи на спортот и фудбалот во Струмица.
Тиверија не е само клуб – Тиверија е традиција, гордост и дел од идентитетот на Струмица.
ЗА ДРУГИТЕ СЕ НАВИВА, ТИВЕРИЈА СЕ САКА !!!
18/02/2026
ЧЛЕНСКА КНИШКА од ФК Тиверија од далечната 1982 година.
Секој дониран предмет, фотографија, документ, записник и останато поврзани со историјата на нашиот клуб се непроценливо богатство за архивата на ФК Тиверија.
ФК Тиверија изразува благодарност до семејството на еден од најголемите фанови на ФК Тиверија и долгогодишен член на управата на клубот ВАСЕ ЈАНЕВ кој почина минатата година.
16/02/2026
Мартин Шутевски, последно засилување за ФК Тиверија пред стартот на пролетната полусезона
16/02/2026
Голгетерот Никола Трајков се враќа во ФК Тиверија
13/02/2026
103 години ФК ТИВЕРИЈА
Спортското друштво Тиверија започнало со активности во пролетта 1921 година, но официјално е регистрирано две години подоцна на 13.02.1923 година.
ФК Тиверија - Историја на Струмица, историја на Македонија
Клубот на работниците, клубот на занаетчиите.
За другите се навива, Тиверија се сака !!!
12/02/2026
ФК Тиверија
Фудбалерите на ФК Тиверија на вчерашниот тренинг на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица.
На тренингот присуствуваа 16 фудбалери меѓу кои и новајлиите во клубот Терзиев, Благоевски и Ахмедов кои дојдоа од Хоризонт Турново, Беласица и Победа Валандово.