Струмица на улица / Strumica na ulica

Струмица на улица / Strumica na ulica

Share

Ноќни трки на 5К/10К и 21,1К низ булеварите на ѕвездениот град!

#ТрчамеНизСтрумица #ТрчамеНаУлица

02/01/2026

Почитувано тркачко семејство,

Сакаме да ја честитаме новата година со желби за здравје, среќа, многу истрчани километри и едно ветување кое го дадовме пред сите вас, а тоа е дека нема да дозволиме Струмица на улица да згасне и дека ќе се врати.
Па, дами и господа, тркачи и тркачки, трчачи и трчачки, професионалци, аматери, рекреативци, без разлика како и да се декларирате, чувствувате и определувате, сакаме да Ве известиме дека Струмица на улица се враќа на 01.11.2026 и сите сте поканети!
#СеГледамеНаУлица #СтрумицаНаУлица2026

Сите за Кочани, трчаме заедно! 05/05/2025

Почитувано тркачко семејство,

Можеби не требаше вака, но Струмица на улица на некој начин се враќа, можеби сега со една поглема и поблагородна цел. Струмица е еден од седумте градови во кои канцелариите на ЕУ ќе организираат трки за помош на семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани и ние со задоволство решивме да ја поддржиме идејата.
Затоа ги повикуваме сите тркачи, атлетичари, рекреативци, спортисти, како и сите општествено одговорни компании кои сакаат да ја покажат својата хуманост, да се пријават и да излезат во Струмица на улица сите заедно да трчаме, одиме, да се дружиме и да покажеме дека Струмица е рамо до рамо со Кочани.
#СтрумицаНаУлица #СеГледамеНаУлица #ТрчамеЗаКочани

Сите за Кочани, трчаме заедно! Твојата котизација ќе биде донирана

11/02/2025

Почитувано тркачко семејство,

Дојде ред да одговориме на сите приватни пораки и коментари со прашања во врска со најавената трка која требаше да се одржи во Март, па да не одговараме поединечно еве сакаме да ви се обратиме на сите со една детална објава во која ќе ја објасниме целата ситуација и воедно ќе ве оставиме самите да извлечете заклучок.

Да почнеме со ред за редоследот на настаните да биде целосно јасен. Некој најпрвин ќе се праша зошто се прекина традицијата за одржување на нашата трка 2024 година? Причината е доста едноставна и не беше заради недостаток на средства и поддршка, туку нашата проценка и убедување дека доколку не најдеме слободен викенд и датум за одржување, едноставно не е фер и етички на веќе однапред договрен настан да влегуваме и да го „ситниме“ и така малиот број на тркачи кои се решаваат да патуваат и да учествуваат и во крајна мера да влијаеме на успешноста. Зад таа одлука која сме ја донеле, макар и на наша штета, сеуште цврсто стоиме.

Понатаму, во истиот дух, уште на самиот почеток на година во координација со Таг Тајминг уредно разгледавме и избравме датум со кој нема да сметаме во организација на ниедна друга трка, односно 23.03.2025 и после сите подготовки истиот датум беше објавен на социјалните мрежи. Се беше спремно за објава на датуми и рокови за пријавување кога пристигна изненадувањето за кое се научивме од интернет страната на Таг Тајминг каде на истиот датум, без никој да не контактира, се појави уште една трка и ги смеша сметките.

Соочени и исправени пред еден таков предизвик, во кој сите организатори на трки се бориме со притисокот за тркачките настани кои ги организраме да добијат на масовност и да не се доживуваат како приватна забава во која се затвараат градовите за некој да си прави „ќеф“, ние сметаме дека такви поединечни чинови на себичност, ароганција и суета не им е местото во спортот и не може да се пример на фер и спортско однесување.

Од сите погоре наведени причини сакаме да соопштиме дека полумаратонот Струмица на улица СЕ ОДЛОЖУВА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ, се додека не се створат поволни општествени услови за негово одржување, а Вам драги тркачи, спортисти и вљубеници во спортот, како што спомнавме на почетокот Ви оставаме да извлечете заклучок.

Со почит,
Тимот на Струмица на Улица

30/12/2024

Струмичани, тркачи, спортисти, и љубители на спортот – подгответе ги вашите патики! 👟

На 23-ти март 2025 година, „Струмица на Улица“ – Полумаратон повторно ќе го раздвижи нашиот град!
👉 Овој пат – освежено, забавно и со многу изненадувања!
📅 Сочувајте го датумот!

Оваа година, трчаме под мотото: #ГазиЈако! 🔥💥
Повеќе детали по празниците – а дотогаш, бидете активни и спремете се за трчање! 💪✨

#СтрумицаНаУлица #Полумаратон2025 #ГазиЈако #ТрчамеЗаЗдравје

09/10/2024

Подгответе се за традиционалната Крос трка! 🏃‍♂️

Еј, млади шампиони! 🌟 Во сабота, 12 октомври, во 11:00 часот ќе се одржат ,,Крос трки'' а овој неверојатен настан ќе се случи во срцето на Градскиот парк, каде што секој чекор ќе донесе забава, возбуда и радост за заедничко трчање! 🌳🎉

Оваа трка е за најмалите учесници, од прво до петто одделение 🏃‍♂️🏃‍♀️ и е во склоп на 11те октомвриски традиционални училишни Крос трки.

Градскиот парк ќе заживее со енергија, смеа и ѕвезди на Крос трката!
Без разлика дали сте брзи или едноставно сакате да уживате во денот со пријателите, ова е ваша шанса да блеснете!

📅 Датум: 12 октомври, сабота
📍 Локација: Градски парк, Струмица
🕕 Почеток: 11:00 часот

Дојдете и бидете дел од традицијата „Струмица на улица“ и оставете ја вашата ѕвездена моќ да блесне додека ја поминувате целта! 🌟🏅
Родители, пријатели и семејства - да ги бодриме нашите мали ѕвезди! Не пропуштајте го овој незаборавен ден полн со насмевки, изненадувања и прекрасни спомени! 💫

Организатори: АК Беласица Ран и Сојуз на училишни спортови.

05/12/2023

Ви благодариме Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Струмица и на сите други волонтери на Струмица на улица !
#СветскиДенНаВолонтерството

Секогаш први.
Секогаш подготвени.
Секогаш таму каде е најпотребно.
Ви благодариме, волонтери, кои градете подобар свет за сите нас! 🫶🏼⛑️

#светскиденнаволонтерите
#секадезасекого
#ЦрвенКрст

01/11/2023

Со ова прекрасно видео сакаме да се одјавиме и уште еднаш да се заблагодариме на сите учесници, волонтери, спонзори, институции и сите оние кои директно или индиректно помагаат магијата наречена #СтрумицаНаУлица да живее и да си ветиме дека нема да дозволиме да згасне. До следно видување!

#СеГледамеНаУлица #СтрумицаНаУлица

Photos from Струмица на улица / Strumica na ulica's post 18/10/2023

🤩 Продолжуваме со фотографии од Струмица на улица 2023 !

📷 Албум бр.7 - Борче Тимов
📍 Кружен тек кај пошта / Финиш

Photos from Струмица на улица / Strumica na ulica's post 18/10/2023

🤩 Продолжуваме со фотографии од Струмица на улица 2023 !

📷 Албум бр.6 - Stole Angelovski
📍 Кружен тек кај пошта / Финиш

Photos from Струмица на улица / Strumica na ulica's post 18/10/2023

🤩 Продолжуваме со фотографии од Струмица на улица 2023 !

📷 Албум бр.5 - Aleksandar Arabadjiev
📍 Старт / Финиш

Photos from Струмица на улица / Strumica na ulica's post 17/10/2023

🤩 Продолжуваме со фотографии од Струмица на улица 2023 !

📷 Албум бр.4 - Aleksandar Arabadjiev
📍 Старт / Финиш

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Strumica?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Strumica
2400