13/02/2025
FK Tiverija
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from FK Tiverija, Sports Team, Strumica.
13/02/2025
02/01/2024
15/04/2023
13/02/2023
ЕДЕН ВЕК ИСТОРИЈА – 100 ГОДИНИ ТИВЕРИЈА
По повод 100 годишнината од формирањето (регистрирање) на спортското друштво Тиверија, управниот одбор на клубот донесе одлука да се формира Организационен Одбор за прослава на 100 годишнината на клубот
Организациониот одбор се формира се со цел да не се изостави ниту еден поранешен фудбалер, тренер, функционер и помагател кој оставил макар и мал белег во 100 годишната историја на клубот.
Централната прослава е предвидена за крајот на месец Мај со целодневна програма и одигрување на ревијален натпревар на ветераните на ФК Тиверија.
-------------------------------------------------------------------------
Инаку Спортското друштво Тиверија со активности започнува две години порано односно во 1921 година, но тогашните српски власти ја попречувале и отежнувале работата со оглед на тоа што иницијаторите за формирање на клубот биле членови на тогашното работничко движење, па така клубот официјално е регистриран на 13-ти Февруари 1923 година
Како основачи на Тиверија се спомнуваат: Љамо Џатев, Благој Карабакочев-Барбата, Ристо Заев-Зајакот, Мито Маџиров, Ристо Вртев-Сликарот, Глигор Дрваров и Ѓорги Тангачев. За секретар на клубот бил избран Борис Нецев.
Интересно е што на своето прво гостување во Солун 1924 година фудбалерите патувале со запрежни коли.
Името на клубот низ годините останало исто и никогаш не се менувало. Потекнува од старото име на градот Струмица кој во римскиот период се среќава под името Тивериопол. Во средниот век градот имал две имиња. Едното било Тивериопол кое се употребувало во византиската администрација и во христијанската црковна традиција, а второто било денешното име Струмица кое го употребувале Словените.
Првите натпревари
Во првите неколку години по формирањето фудбалерите на Тиверија играле натпревари со месниот соперник Беласица, со Кожуф од Гевгелија формиран 1923 година, Брегалница од Штип формирана 1921, а подоцна и со новоформираните клубови Брегалница од Делчево, Овче Поле од Свети Николе, Слога од Виница, Плачковица од Радовиш, Малеш од Берово и др.
Сепак највозбудливи и најинтересни натпревари биле оние со Беласица на кои секогаш присуствувале и по неколку илјади гледачи, независно дали биле првенствени или пријателски.
ЗА ДРУГИТЕ СЕ НАВИВА – ТИВЕРИЈА СЕ САКА !!

11/06/2022
Замина уште една струмичка легенда, најголемиот фан на ФК Беласица. Вечна слава дедо Петре! 🙏🙏🙏
11/08/2018
19/03/2018
15.03.2018 Ф.К.Тиверија Струмица
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Strumica
2400