LD Belasica Strumica

LD Belasica Strumica Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from LD Belasica Strumica, Shooting/Hunting Range, Јанко Цветинов 28, Strumica.

🐗 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛОВЦИТЕ 🐗Ве известуваме дека ловот на дива свиња официјално започнува од недела, 20.09.2026 година.📅 Дн...
17/09/2026

🐗 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛОВЦИТЕ 🐗
Ве известуваме дека ловот на дива свиња официјално започнува од недела, 20.09.2026 година.

📅 Дневните дозволи за лов ќе се издаваат утре, петок, 18.09.2026 година, во период од 10:00 до 16:00 часот.

📌 Право на дневна дозвола имаат ловците кои поседуваат:
важечка ловечка легитимација;
подмирена членарина за ловната 2026/27 година.
Ве молиме навремено да ги подмирите обврските и да ги обезбедите потребните дозволи.
Ви посакуваме успешен и безбеден лов! 🐗🍀

СТИГНАА НОВИТЕ ЛОВЕЧКИ ЛЕГИТИМАЦИИ! ЛД Беласица Струмица е целосно подготвена за почетокот на новата ловна сезона.Сe е н...
12/09/2026

СТИГНАА НОВИТЕ ЛОВЕЧКИ ЛЕГИТИМАЦИИ!

ЛД Беласица Струмица е целосно подготвена за почетокот на новата ловна сезона.
Сe е навреме обезбедено и организирано, со цел сезоната да започне уредно, безбедно и согласно сите прописи.

Подготвени сме. Сезоната може да започне!
ЛД Беласица Струмица – традиција, ред и одговорност.

Се продаваат две машини за исфрлање глинени голуби, во многу добра и исправна состојба. Машините се добро сочувани и под...
11/09/2026

Се продаваат две машини за исфрлање глинени голуби, во многу добра и исправна состојба. Машините се добро сочувани и подготвени за употреба.
📞 За повеќе информации јавете се на:
071 610 131

07/09/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛД БЕЛАСИЦА– СТРУМИЦА

Почитувани членови,

На денешниот состанок на Управниот одбор на ЛД Беласица – Струмица беа донесени следните одлуки:

Ловната сезона за дива свиња започнува на 20 септември 2026 година, со задолжително платена членарина и важечка ловечка легитимација.

Во периодот од 20 септември до 11 октомври, ловот ќе се организира само во недела и на државни празници.

Од 17 октомври, ловот ќе се одвива во сабота и недела, на ловиштата со кои стопанисува ЛД Беласица – Струмица.

Секој отстрелен дивеч задолжително се пријавува и се доставуваат мострите во ЛД Беласица– Струмица.

Се отпочнува постапка за земање под концесија на воените бараки, со цел нивно ставање во функција на потребите на друштвото.

Ловечкиот ручек ќе се одржи на 11 октомври, со почеток во 12:00 часот.

Се формира Комисија за утврдување на одговорност во врска со инцидентите на ловиште број 7.

На сите наши членови им посакуваме успешна, безбедна и чесна ловна сезона 2026/2027!

ЛД БЕЛАСИЦА– СТРУМИЦА
Заедно за организиран, одговорен и безбеден лов.

ЛД Беласица Струмица подготвени за новата ловна сезонаЛовочуварската служба на ЛД Беласица Струмица активно работи на те...
28/08/2026

ЛД Беласица Струмица подготвени за новата ловна сезона
Ловочуварската служба на ЛД Беласица Струмица активно работи на терен и ги презема сите потребни активности за безбедно и организирано отпочнување на ловната сезона.

Со навремена подготовка, засилени контроли и доследно почитување на сите законски прописи и ловниот ред, сезоната ја пречекуваме подготвени и спремни.

Ред, дисциплина и одговорен лов, заштита на природата и дивечот

26/08/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ЛД „БЕЛАСИЦА“
Почитувани ловци,

Ве известуваме дека утре, 27.08.2026 година, ќе се издаваат дневни дозволи за лов за следните ловни денови:

28.08.2026 (петок)
30.08.2026 (недела)

⏰ Дневните дозволи ќе се издаваат во периодот од 10:00 до 16:00 часот.

Ве замолуваме заинтересираните ловци навремено да ги обезбедат своите дозволи.

ЛД „Беласица“
Ви посакуваме успешен и безбеден лов! 🦆🍀

Сезоната започна!Лов и вистинска дружба, со многу незаборавни моменти. 🤝Зашто ловот е повеќе од страст ловот е пријателс...
09/08/2026

Сезоната започна!
Лов и вистинска дружба, со многу незаборавни моменти. 🤝
Зашто ловот е повеќе од страст ловот е пријателство! 🏹🍀

Ви посакуваме успешна сезона, ловџии!!!

31/07/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани членови – ловци на ЛД „Беласица“,

Ве известуваме дека денес, петок, ќе се врши издавање на дозволи за лов на прелетен дивеч за претстојните ловни денови: сабота, недела и понеделник.

Ги повикуваме сите членови кои имаат намера да учествуваат во ловот да ги подигнат своите дозволи навреме, во текот на денот, за да се обезбеди непречена организација и реализација на ловните активности.

Ве потсетуваме дека секој ловец е должен да ги почитува важечките законски прописи, правилата на ловното друштво и мерките за безбедно и одговорно извршување на ловот.

Ви посакуваме успешен, безбеден и ловечки етички викенд

Известување до членовите на ЛД БеласицаБраниште во ловиште бр. 7 – ТркањаГи известуваме сите членови,ловци дека, согласн...
15/07/2026

Известување до членовите на ЛД Беласица
Браниште во ловиште бр. 7 – Тркања
Ги известуваме сите членови,ловци дека, согласно Законот за ловство на Република Северна Македонија, на подрачјето на браништето во ловиште бр. 7 – Тркања е строго забранет лов.

Браништето ги опфаќа следните граници:

Од почетната точка с. Градско Балдовци (К221.5), преку местото викано Оризарник, до кота 227.8, по патот кон с. Куклиш, преку месноста Багаревица (К238) до с. Свидовица, потоа се спушта по патот кон с. Сачево, поминувајќи ги котите К219, К213.9 и К214.7, се враќа назад преку К217.9, месноста Бучало, до с. Градско Балдовци, сè до почетната точка К221.5.

Ве повикуваме сите членови да ја почитуваат оваа забрана и да не вршат ловни активности во рамките на браништето.

ЛД Беласица

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ  ЛД Беласица Струмица Почитувани членови ловци !! Ве известуваме дека отворањето на ловот на пр...
10/07/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ ЛД Беласица Струмица

Почитувани членови ловци !!
Ве известуваме дека отворањето на ловот на прелетен дивеч започнува од 02.08.2026 година.

Терени за лов:
> Ловиште бр. 1 – Водоча
> Ловиште бр. 7 – Тркања

Места определени за лов! с. Костурино
Терен познат како Костурско Поле
Тркања - Целото ловиште е наменето за лов на прелетен дивеч.

Браниште во ловиште бр. 7 – Тркања
Согласно Законот за ловство на Република Северна Македонија, браништето ги опфаќа следните граници:

Од почетната точка с. Градско Балдовци (К221.5), преку местото викано Оризарник, до кота 227.8, по патот кон с. Куклиш, преку месноста Багаревица (К238) до с. Свидовица, потоа се спушта по патот кон с. Сачево, поминувајќи ги котите К219, К213.9 и К214.7, се враќа назад преку К217.9, месноста Бучало, до с. Градско Балдовци, сè до почетната точка К221.5.

Ловен ден:
Секоја недела, во периодот од 05:00 до 20:00 часот.

>> Право на лов имаат ловците со:

Ловци со подмирена членарина за сезона 2026/2027
важечка ловечка легитимација.

Ви посакуваме успешна, безбедна и одговорна ловна сезона.
Со почит,
Ловник Мартин Стојанов
ЛД Беласица Струмица

Address

Јанко Цветинов 28
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 08:00 - 16:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when LD Belasica Strumica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share