24/02/2022
Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии за престојната сезона 2022/2023
Кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да бидат, не помлади од 15 години и не постари од 35 години
- Желба за кошаркарско-судиско унапредување
- Тимски работници
Дружбата и пријателствата кои ги нуди оваа професија е повеќе од мотивирачки за секој кандидат, а кошаркарската игра и судењето како дел од неа предизвик кој секој треба да го искуси.
За повеќе информации јавете се на телефонските броеви:
078 305 321 - Владимир
071 220 077 - Кире
09/06/2021
Почитувани,
Денес по кратко боледување за жал не напушти нашиот колега, пријател и огромен вљубеник во спортот Здравко Јовановски.
Толку многу поминати моменти, а за жал веќе толку малку...
Здравко ќе го памтиме како борец, како правичен и како голем пријател.
Едно знаеме ние од нашата фела, звукот на свирчето веќе нема да биде ист, но ќе биде уште посилен затоа што секој свиреж ќе те спомнува и тебе Здравко.
Почивај во мир 🙏
26/07/2019
Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии.
Кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да бидат, не помлади од 16 години и не постари од 35 години
- Желба за кошаркарско-судиско унапредување
- Тимски работници
Дружбата и пријателствата кои ги нуди оваа професија е повеќе од мотивирачки за секој кандидат, а кошаркарската игра и судењето како дел од неа предизвик кој секој треба да го искуси.
За повеќе информации јавете се на телефонските броеви:
078 305 321 - Владимир
071 220 077 - Кире
05/10/2018
Дозволени и недозволени ситуации во делот на чекори.
Повторувањето е мајка на знаењето 😀
2018 FIBA TRAVELING RULES
04/10/2018
Играчите, тренерите и навивачите во нашите лиги сакаме накратко да ги известиме за новите правила. Веројатно најзначајната промена е во начинот на казнување за техничките грешки, кои веќе не означуваат и автоматска промена на поседот. И понатаму за техничка грешка ќе се доделува едно слободно фрлање, но играта ќе продолжи така што топката ќе ја има тимот кој претходно бил во посед на топката во моментот на досудување на техничката грешка.
Уште една важна промена е направена како би се спречило одбранбените играчи да ја успоруваат играта во финишот на мечот. Од сега, откако играчите ќе ја воведуваат топката во игра, ја преминат аут-линијата во последните две минути од четвртата четвртина или продолжението, и ќе бидат попречувани од одбранбен играч на противничката екипа – истиот ќе добие техничка грешка.
Измената која би можела да ја направи играта покреативна и поинтересна за гледачите, им дозволува на играчите да ја фрлат топката да удри во таблата, и после тоа да го задржат поседот, практично на тој начин да си асистираат сами на себе за евентуално забивање“.
Останати поважни промени се:
-Тимот ја уфрлува топката во игра после досудена неспортска лична грешка од предно поле на теренот, а на часовникот ќе бидат додадени 14 секунди.
-Кога е досудена лична грешка, а тимот која ја има топката истата ја враќа на својот дел од теренот, часовникот ќе се врати на 24. секунди, или на 14 ако топката се уфрлува од противничката страна на теренот.
-Доколку тренерите побараат тајм-аут во последните две минути на четвртата четвртина или во продолжението, ќе можат да одлучат од каде ќе биде уфрлена топката поточно од предно или во задно поле, со тоа што во задно би имале 24секунди, а во предно 14секунди, за тоа што одлучил го известува судијата на крајот на тајм-аутот.
-Доколку се случи топката да биде заглавена помеѓу обрачот и таблата, а тоа не било после изведување на слободни фрлања, за поседот ќе се одлучува со потфрлање(алтернативен посед). Во таа ситуација, ако за топката се изборил тимот кој веќе бил во посед, часовникот се враќа на 14. секунди, а доколку топката ја освоил другиот, часовникот се рестартира на 24 секунди.
Среќен ни почеток на сезоната и воигрување на новите правила"
15/01/2017
Нека биде бериќетна оваа 2017та за новиот кум на судиска на град Струмица.
12/04/2016
Која е вашата одлука?
1. Неспортска грешка
2. Техничка грешка
3. Фаул во напад
Technical Foul 09 (FIBA Teaching Material 2014)
07/04/2016
Легално!?
Да или не?
Ваша одлука?
Rebounds 01 (FIBA Teaching Material 2014)