29/06/2026
Давид наш, нѐ направи сите ГОРДИ! 🇲🇰
Во нашево село свите знаемо да застанемо заедно. Да спортуваме, да послушаме музика и да се подружиме. На кафе или долга гозба. Старо и младо. Со тие што ни се најблиски и со тие што не се знаеме.
Од песните и дружбите кај бато Бубе, до турнирот во мал фудбал и убавите дружби на Пештер, па сѐ до сите наши маалски муабети и собирања, ти си дел од тоа што е Јегуновце.
Твојава победа нѐ потсети колку е убаво кога сите стоимо зад свој човек. Кога нема поделби, туку сите навиваме како едно.
Давид, брате, се радувамо заедно на твојов голем успех. Ова е потсетување дека со труд, неоткажување, скромност и со поддршка од своите, особено од своите, ѕвездите стануваат повидливи за голо око. Цврсто и храбро чекори понатаму и само небото е граница.
Честито брате, ДАВИД ГРУЈЕВСКИ, ПРВАТА ХАЈП ЅВЕЗДА! ❤️