ФК Ударник

ФК Ударник Пирава, Валандово

26/08/2026

Третолигашот Ударник триумфираше со 2:0 на пријателскиот натпревар против новиот третолигашот Победа од неготинско Пепелиште, во меч кој се одигра во Пирава. До ово...

🔝
25/08/2026

🔝

ФК УДАРНИК ПИРАВА БЛАГОДАРНОСТ ЗА СЕЗОНА 2025/2026 Уште една фудбалска сезона е зад нас. Сезона исполнета со натпревари,...
22/08/2026

ФК УДАРНИК ПИРАВА
БЛАГОДАРНОСТ ЗА СЕЗОНА 2025/2026
Уште една фудбалска сезона е зад нас. Сезона исполнета со натпревари, борба, емоции, радости, предизвици и моменти кои заедно ги претворивме во уште една приказна за нашиот УДАРНИК.
Но зад секој натпревар, секој гол и секој успех стојат луѓе. Луѓе кои веруваат во клубот и кои несебично помагаат тој да продолжи да живее.
🙏 ОГРОМНО БЛАГОДАРАМЕ ДО СИТЕ НАШИ СПОНЗОРИ И ПРИЈАТЕЛИ НА КЛУБОТ кои во текот на целата сезона беа со нас и ни помогнаа на различни начини.
🙏 Благодарност до нашите генерални спонзори Општина Валандово, АКВАЛУКС и Т-Стефани, до сите компании, институции, организации и поединци кои го поддржаа ФК Ударник Пирава.
🙏 Благодарност до сите луѓе кои на било кој начин беа дел од оваа сезона – оние кои работеа во сенка, помагаа, организираа, навиваа, снимаа, споделуваа и веруваа во нашиот клуб.
⚽ И најголема благодарност до СИТЕ ИГРАЧИ кои го носеа дресот на Ударник и го оставија срцето на теренот. Секој од вас е дел од оваа сезона и од историјата на клубот. 💚🤍
🏟️ Благодарност и до нашите најверни навивачи – ПИРАТИ ПИРАВА. Вашата поддршка од трибините е нешто што секогаш ќе има посебно место во нашиот клуб.
Оваа сезона заврши, но нашата приказна продолжува. Во наредниот период ќе бидете известени за нашите планови, новитеиграчи, нови спонзори и работни акции...

Оваа недела ги продолжуваме подготовките и го играме нашиот прв контролен натпревар пред новата сезона
21/08/2026

Оваа недела ги продолжуваме подготовките и го играме нашиот прв контролен натпревар пред новата сезона

training session
13/08/2026

training session

Чест и гордост за нашиот клуб!Со голема чест ве известуваме дека сме избрани за НАЈ ФЕР ЕКИПА во Трета лига Исток!Ова пр...
28/05/2026

Чест и гордост за нашиот клуб!
Со голема чест ве известуваме дека сме избрани за НАЈ ФЕР ЕКИПА во Трета лига Исток!
Ова признание е доказ за спортскиот дух, почитта кон противниците, судиите и љубовта кон фудбалот што ја покажувавме во текот на целата сезона.
Голема благодарност до сите играчи, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа успешна приказна.
ФК Ударник – фер играта пред сè!

Ви благодариме Спортска Мрежа
25/05/2026

Ви благодариме
Спортска Мрежа

Ударник Пирава успешно ја заокружи сезоната 2025/2026 во Трета македонска фудбалска лига – Исток, оставајќи силен впечаток со своите настапи, организација и атмосфера...

24.05.2026. ФК Ударник 1 - 1 ФК Карбинци.
24/05/2026

24.05.2026. ФК Ударник 1 - 1 ФК Карбинци.

Последен натпревар за оваа сезона!Утре нашиот тим го игра последниот натпревар од сезоната против екипата на ФК Карбинци...
23/05/2026

Последен натпревар за оваа сезона!
Утре нашиот тим го игра последниот натпревар од сезоната против екипата на ФК Карбинци.
Ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат на стадион и заедно да им оддадеме почит на нашите играчи за борбеноста, трудот и прекрасната сезона што ја одиграа.
Да го испратиме тимот со поддршка и аплауз како што заслужува!

Крај на натпреваротФК Тиверија 3-3 ФК Ударник Натпревар со голем број пропуштени шанси за нашиот тим. И покрај добрата и...
17/05/2026

Крај на натпреварот
ФК Тиверија 3-3 ФК Ударник
Натпревар со голем број пропуштени шанси за нашиот тим. И покрај добрата игра, не успеавме да ги искористиме сите можности и мечот заврши без победник.
Стрелци за Ударник:
⚽ Спасиќ
⚽ Георгиев
⚽ Грбашлиев
Наредната недела нè очекува последниот натпревар за оваа сезона против екипата на ФК Карбинци.

Воедно, сакаме спортски да упатиме честитки до ФК Победа Валандово за освоеното прво место во лигата и им посакуваме многу среќа и успех во бараж натпреварот!

Address

Valandovo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ФК Ударник posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category