Фк Гепард

Фк Гепард Фудбалски клуб спортски активности

01/08/2026
15/06/2026

ГО СНЕМА СТАРИОТ СВЕТ

Чудно е.

Сѐ е чудно.

Го снема стариот свет.

Нема борба на лавови во арената.

Нема болка.

Нема страв.

Отпорот се препушти.

Ја исфрлив од себе сета насобрана темнина.

Луѓето ги скршија оковите.

Паднаа маските.

А јас научив да летам.

Кон новиот свет.

Затоа што стариот свет пепел се стори.

Учењата,

обрасците,

луѓето,

сѐ било лага.

Будење.

Лебдам во меѓупросторот

обвиен со свила и бледа светлина.

Сѐ уште не го гледам новиот свет.

Но, го чувствувам.

Ден по ден, интензитетот е посилен.

Назад враќање нема.

Таму назад ништо нема.

Глува тишина.

И темнина без емоција.

Чудно е.

Без отпор заврши страдањето.

Го снема стариот свет.

А јас ни малку не чувствувам каење ил' тага.

Замрзнати кадри.

Светот реши да заспие за миг.

Само јас и една бела пеперутка

дишиме во движење.

Будни сведоци на новото раѓање.

Јасно ги гледаме контурите на новиот свет.

Апсолутната нула е моето стојалиште.

А дланките веќе го допираат небото.

Се буди мојот втор живот пред очите на стариот свет.

Сѐ застана за миг.

За да земе залет повторно да се движи.

Напред.

Јуриш кон новиот свет.

15/06/2026
03/06/2026

„Од душа“ е роман, книга што не само што се чита, туку и се доживува. Елизабета Петковска нè води низ најсуптилните слоеви на човечкото битие, обединувајќи филозофија, психологија, езотерија, астрологија и духовност во едно хармонично цело. Нејзината мисла е јасна и разбирлива, а сепак исполнета со симболика и тишина што говори.

Посебен акцент е ставен на часот на душата, магичните часови меѓу три и пет по полноќ, кога завесата меѓу видливото и невидливото е најтенка. Тогаш, како што пишува авторката, душата го слуша својот сопствен глас. Книгата нè потсетува дека енергијата е жива, таа може да гради или да се исцрпува, но секогаш нè води кон раст и освестување.

Елизабета говори и за новата генерација деца, кои ќе ја спојат духовноста со технологијата, срцето со кодот, небото со интернетот: гласот на новата ера на свеста.„Од душа“ е повик за будење, враќање дома - кон изворот, кон љубовта, кон себе. По неа, никој читател повеќе не останува ист.

Делото го применува HDS стандардот за целосен авторски суверенитет и фер вредност, овозможувајќи директна врска меѓу авторот и читателот.

Доколку сакате примерок од книгата контактирајте го авторот или пишете директно до ЕНИГМА.

#енигмавизија #роман #книжевност #читајмакедонскиавтори #книги

03/06/2026
02/03/2025

Третолигашите Ударник и Малеш одиграа пријателски меч на теренот во Пирава кој заврши со триумф од 2:0 за домашниот тим. Ова е „генералка“ пред стартот на пролетнат...

Драги пријатели другари во тек е продажба на книгата ХЕРОЈ кој е од хуманитарен карактер парите од продажбата ќе биде до...
25/04/2024

Драги пријатели другари во тек е продажба на книгата ХЕРОЈ кој е од хуманитарен карактер парите од продажбата ќе биде донирани во едукативен центар Дендо вас во Скопје Цената на книгата е 300 денари остана уште 29 книги ајде да бидеме хумани и да подадеме некому рака за деца се работи
Можете да не контактирате во порака Софија Петковска Поезија на Софија Orce Janev Oki
@истакнато

Address

Цветан Димов 81
Valandovo
2460

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фк Гепард posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category