04/07/2026
👉На собранието на Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia, претседателот на Шаховски клуб БАФЕТ Велес, Иван Недев, беше реизбран за член на Управниот одбор на Федерацијата. Истовремено, беше избран и нов Претседател, Дејан Панделевски.
ШК БАФЕТ ВЕЛЕС им честита и посакува успешна работа на новиот Претседател, Управен и Надзорен одбор‼️
22/06/2026
На 21 јуни 2026 година на Попова шапка се одржа традиционалниот турнир во Шах - ВИЗИОНИ. Од 170 играчи, нашите членови остварија одличен успех🍻:
👉30 место - Трајче Недев со освоени 6 поени
👉53 место - Стојан Петкашинов со освоени 5 поени и
👉72 место - Николче Ѓоргиевски со освоени 5 поени.
24/04/2025
👉Сѐ повеќе деца играат шах ♥️ Иднината на шахот во Велес е загарантирана 🤗
Честитки за победниците како и за организаторите👏👏
ООУ „Блаже Конески“ - Велес Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia
13/04/2025
Првиот пораз во 4-то коло од ШК ФЛАМУРТАРИ.
👉Моментално ШК БАФЕТ е на 4-то место на табелата.
📌 Шансите за пласман во повисок ранг се задржани.
🔜На 27 април се играат следните натпревари, до тогаш, тренинг ✊
13/04/2025
👉Во 3-то коло, нерешен резултат (3:3) против ШК ШАХ ШЕХ од Битола.
👉Во тек е 4-то коло против тимот на ШК ФЛАМУРТАРИ.
Дел од атмосферата од вчера и денес👇
12/04/2025
👉Победа и во второто коло од 4-2 против тимот на ШК ЦАРЕВИ КУЛИ од Струмица‼️‼️
По првите две кола, тимот на ШК БАФЕТ Велес е на првата позиција ✊
12/04/2025
Започнаа квалификациите за втора лига. Победана ШК БАФЕТ над ШК ГАЗИ БАБА од 5,5-0,5 во првото коло‼️
08/12/2024
➡️Трајче Недев од нашиот клуб го заврши првиот настап на европското првенство во Rapid шах кое штотуку заврши во Скопје со 4 победи👏, 1 реми и 6 порази.
🗣️Vladimir Fedoseev кој игра под Словенско знаме 🇸🇮 го освои првенството со 8 победи, 3 реми и без пораз.
👉За одбележување е настапот и на Дејан Стојановски, кој е најдобриот Македонец на првенството со 5 победи, 6 реми и без пораз ‼️ и го заврши првенството на 18 место.