29/03/2026
🏆ВЕЛЕС ИМА ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО СТРЕЛАШТВО
🥇Злато за златните девојки од Стрелачки клуб Велес на Државното првенство со воздушно оружје во Меѓународна програма 2026.
Ели Панова и Стефани Димкова се новите државни шампионки!
Силно, фокусирано и со максимална посветеност докажаа како во квалификациониот така и во финалниот дел од натпреварот дека се најдобри!
🥇Во силна конкуренција Ели Панова го освои првото место во дисциплината 10м воздушна пушка жени- сениорки, задржувајќи го местото на врвот како во квалификациите така и во финалето.
Потврдувајќи го својот квалитет повторно по минатогодишното освоено Злато на Државното првенство во јуниорска категорија.
🥇Стефани Димкова во конкуренција на најдобрите јуниорки во дициплината 10м воздушна пушка жени-јуниорки, исто така го задржа првото место во текот на квалификациониот и финалниот дел од натпреварот.
🎯Подготовката, сериозниот пристап, посветеноста, дисциплината и упорноста дури и тогаш кога се изгледа невозможно секогаш вродуваат со плод, а победата никогаш не е случајна.
✨️Во дисциплината 10м воздушна пушка мажи- сениори Ненад Антиќ се пласираше на 4то место, додека во дисциплината 10м воздушна пушка жени- јуниорки Теодора Костовска и Мила Симоновска се прикажаа во најдобро светло, иако се натпреваруваат поединечно сите беа како еден врвен тим постојано пружајќи си меѓусебна поддршка.
Стрелачки клуб Велес има со што да се гордее!
👏Честитки до сите останати учесници и освојувачи на медали на Државното првенство во Меѓународна програма 2026г.
24/02/2026
ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА ЗА СТРЕЛЦИТЕ ОД СТРЕЛАЧКИ КЛУБ ВЕЛЕС НА ПРВИОТ КУП ОД МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА 21.02.2026
ARM Ненад Антиќ 4то место
ARW Ели Панова 🥈
ARWJ Стефани Димкова 🥇
ARWJ Теодора Костовска 11то место
ARWJ Мила Симоновска 12то место
17/01/2026
УСПЕШНА ЗАВРШНИЦА НА 2025, МОТИВ ПОВЕЌЕ ЗА НОВИ ПОБЕДИ ВО 2026!
🏆Избор на спортист на град Велес (26.12.2025)
На традиционалниот 66ти избор по ред за најуспешни спортисти, нашиот клуб блесна со две признанија:
✨ Ели Панова е прогласена за 6-та најуспешна спортистка на Велес помеѓу 10те најдобри спортисти во сениорска категорија.
✨ Стефани Димкова доби заслужено признание во категоријата млади надежни спортисти до 18 години.
🎯ФИНАЛЕ КУП (27.12.2025)
Само еден ден подоцна, успесите продолжија во силна конкуренција на Финале купот, каде меѓу 10-те најдобри јуниорки и сениорки во државата
🥉 Ели Панова го освои 3-то место во дисциплината 10м. воздушна пушка.
Честитки до нашите спортистки, сите останати стрелци во клубот и тренерите!
Продолжуваме со уште поголем мотив во новата сезона.🍀
08/12/2025
При крајот на втората полусезона можеме да заклучиме дека подготовките во летниот период дадоа одлични резултати.
Нашите стрелци континуирано постигнуваа повисоки резултати и подобри пласмани на натпреварите од Купот на МССФ, како и на турнирите и Државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта.
Младите стрелци Стефани и Андреј испукаа резултати над 600 круга и континуирано се пласираа во првите пет во нивните категории, одлични резултати за нивната возраст и за релативно краткиот период на тренинг.
На Walther Youth Cup Smederevo, државната првенка во женска јуниорска категорија, Ели го продолжи трендот на подобрување на својот личен рекорд оваа полусезона.
За споменување е и успехот на Теодора, која на Државното првенство за основни и средни училишта го освои првото место во женска категорија за основни училишта.
Овој успех, заедно со посветеноста на младите стрелци од тимот и оние што ќе се приклучат следната сезона, е потврда дека нашата обука и насоки се на вистинскиот пат.
На крајот на сезоната ни останува учеството на финале меч, на кој се пласираа четири стрелци од нашиот клуб, а каде што ќе се натпреваруваат десетте најдобро пласирани стрелци од јуниорска и сениорска конкуренција во дисциплините пушка и пиштол.
Продолжуваме упорно и со несмалено темпо, водени од спортскиот дух кон надминување на сите предизвици како и досега.
03/06/2025
Стрелците од Стрелачки клуб Велес продолжуваат со успеси.
🏆👩🎓На 26.05 на свеченото прогласување на најдобрите факултети и студенти- спортисти од Универзитетските студентски лиги, Ели Панова беше прогласена за победник во дисциплината 10м. воздушна пушка- сериска со највисок резултат во машка и женска категорија.
Ова е уште една потврда за квалитетот на Ели како стрелец која е и овогодишен Државен јуниорски првак-меѓународна програма при МССФ.
🥇🥇На меѓународниот турнир во Сандански- Република Бугарија кој се одржа на 30 и 31.05.2025год.
Андреј Димовски и Стефани Димкова се закитија со златни медали т.е. ги освоија Првите места поединечно во своите какегории со постигнати резултати кои ни даваат верба за понатамошни успеси.
За овие успеси имаат поддршка од сите стрелци во клубот со кои се подготвуваат за учество на натпреварите кои следуваат и покрај тоа што успесите се поединечни но, постигнати со тимска работа и дух.
🎯Тука се и дел од сениорите во клубот кои земаа учество на Гран при Скопје 2025 кој се одржа на 25 и 26 мај.
17/04/2025
Исполнета и успешна спортска недела!
Почнувајќи од 10ти Април кога во реновираната стрелана на нашиот клуб, во организација и по повод Денот на Командата за обука и доктрини се одржа натпревар во спортско стрелаштво, кој благодарение на судиската екипа од клубот помина во најдобар ред.
На овој натпревар учество земаа 7 екипи од град Велес.
Вклучувајќи ја и екипата составена од младите стрелци Андреј, Ана и Теодора од нашиот клуб, кој се прикажаа во најдобро можно светло, освојувајќи го првото место во екипна конкуренција, поединечно прво место во машка и прво и второ место во женска конкуренција.
По успешниот настап на овој натпревар, следуваше успешен настап и на вториот куп од Меѓународна програма кој се одржа на 12.04 во Битола.
Нашите стрелци се пласираа на трето и десето место во дисциплината 10м. воздушна пушка жени во јуниорска категорија. Дванаесетто место во истата дисциплина-мажи јуниори и четврто место во машка сениорска категорија.
Особено значајно е што на овој куп, стрелецот Мартин Ангелески од Стрелачки клуб Стрелец постави нов Државен рекорд од 630,5круга, резултат со светска вредност како и понатамошна можност за освојување на директен пласман на ОИ ЛА28, за што како клуб упатуваме искрени честитки!
Неделата се заокружи на 15ти Април со присуство на свеченоста по повод одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини во велешката касарна Алексо Демниевски- Бауман, на која беа доделени дипломите за постигнатите резултати во спортско стрелаштво на стрелците од ск. Велес, како и плакета за успешна соработка на претседателот на Стрелачки клуб Велес.
🥇Андреј Димовски 1во место мажи
🥇Ана Ѓорѓиева 1во место жени
🥈Теодора Костовска 2ро место жени.
🏆Екипно 1во место.
Нека е честит Денот на Командата за обука и доктрини!
30/03/2025
🥇ЕЛИ ПАНОВА ДРЖАВЕН ЈУНИОРСКИ ПРВАК
🇲🇰На Државното првенсто со воздушно оружје, кое се одржа на 29.03 во Битолската стрелана, а во организација на МССФ, Стрелачки клуб Велес се претстави со своите стрелци во јуниорска и сениорска категорија во дисциплините 10м.воздушна пушка и пиштол.
Посветеноста, упорноста, вложениот труд, напорните тренинзи и огромната љубов кон овој спорт на Ели Панова, не само во изминатиот период туку и во изминатите години вродија со плод, односно освојување на првото место во дисциплината 10м. воздушна пушка- жени јуниори (У-21).
Не остана незабележителен ниту настапот на останатите стрелци кои го претставуваа нашиот клуб, стрелецот Ненад Антиќ повеќекратен освојувач на медали низ минататите години, го освои четвртото место во дисциплината 10м. воздушна пушка- мажи сениори.
Додека, женската јуниорска екипа во дисциплината 10м.воздушна пушка го освои третото место.
Поединечно, нашите најмлади стрелци Андреј Димовски, Стефани Димкова и Марија Силјановска исто така се прикажаа во најдобро спортско светло, сигурни сме дека во иднина нивната посветеност и вложен труд ќе вродат со постигнување на повисоки резултати и пласмани.
01/01/2025
✨️Стрелачки клуб Велес на своите членови, пријатели и поддржувачи им посакува да имаат добро зравје, среќа, радости во новата 2025година.
А ние ќе се потрудиме во наредните 365дена да освоиме повеќе медали, поставиме нови рекорди и постигнеме нови успеси.🥂
27/12/2024
🏆ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2024-ВЕЛЕС
На вчерашната манифестација за избор на спортист на годината 2024 за Велес, во организација на Сојуз на спортови и општина Велес,
нашиот стрелец Ели Панова која е спортска надеж и добитник на субвенција од Министерството за спорт е рангирана на ПЕТТО МЕСТО од 10те најдобри спортисти- сениори, каде што за најдобар спортист беше избран кајакарот Ангелче Петрушев.
Честитки за наградените, а од Ели како и од останатите стрелци очекуваме уште повисоки резултати, пласмани и макотрпна работа за постигнување на истите.
15/12/2024
На 14.12.2024год. во просториите на Стрелачки клуб Велес, се одржа двомеч во спортско стрелаштво помеѓу стрелците од СК Велес и СК Врање од Р.Србија, чии стрелци се носители на медали и победници на лигата на училишно првенство за основни и средни училишта во Р.Србија.
Натпреварот го искористивме за размена на искуства и работа со младите стрелци од кои очекуваме врвни резултати во иднина, постигнатите резултати ни даваат надеж за тоа.
За крај, завршивме со дружба во која ја промовиравме Велешката пита пастрмајлија, а на крајот од дружбата стрелците веќе ни беа како членови од еден клуб.
Продолжуваме со почеста соработка во иднина.
10/11/2024
28 МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР РИСТО ТАНЕВ- КАВАДАРЦИ
✨️Честитки за Ели Панова за освоениот пласман на овој турнир на кој силите си ги одмерија најдобрите стрелци во машка и женска конкуренција.