28/06/2026
(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија
Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28 јуни во Торино, Италија. Турнир....
26/06/2026
🇲🇰🇮🇹 ЖФК Борец - Велес достојно ја претставува Македонија на меѓународниот турнир во Торино
Женскиот фудбалски клуб Борец- Велес учествува на меѓународниот фудбалски турнир што се одржува на 27 и 28 јуни во Торино, Италија, во организација на италијанскиот клуб Cit Turin LDE и со поддршка на програмата Erasmus+ Sport.
ЖФК Борец е единствениот претставник од Македонија на оваа значајна спортска манифестација, на која учествуваат екипи од Италија, Франција, Словачка, САД и Македонија. Покрај домаќините Cit Turin LDE и ASD Borgo Vittoria од Италија, на турнирот учествуваат и FC Tatran Prešov (Словачка), Grenoble Foot 38 (Франција), Selectivo San Diego (САД), Academia Torino и Torino FC (Италија).
Во рамките на престојот во Торино, фудбалерките и стручниот штаб на ЖФК Борец имаа можност да го посетат стадионот „Алијанц“ и музејот на еден од најголемите европски клубови - Јувентус. Посетата претставуваше незаборавно искуство и дополнителна мотивација за младите фудбалерки, кои за првпат имаа можност одблиску да се запознаат со историјата, традицијата и успесите на славниот италијански клуб.
Учество на вакви меѓународни настани претставува значајна можност за спортски развој, стекнување нови искуства и промоција на македонскиот женски фудбал на европската сцена.
Пријатели на ова патување се Medika Le-Ma , Meanata Na Dace и Раде Кончар ТЕП
29/04/2026
ЖФК Борец дел од турнирот за развој на женскиот фудбал во рамки на проектот ,,Од училница на терен" кој се одржува во Прешов, Р. Словачка.
Промоција на женски фудбал, тимска работа и фер игра.
Горди сме што го претставуваме Велес на ваков знаечен настан во Европа 🇪🇺🇲🇰