07/07/2026
Тренинг на Нежилови Карпи - најголемиот локалитет во Македонија, а воедно и најдраго место на нашиот клуб (види го логото на АК Велесин).
Саботата (27.06.2026) направивме импровизиран камп во подножјето на Јужна Карпа, а следниот ден ја качивме насоката "Воскресение" III+ V+ (900 m).
01/06/2026
Викендов 29.05 - 31.05, нашиот клуб по трет пат организираше планинарска тура на Олимп.
Иако сме на прагот на летото, планината повторно ни покажа дека условите може да изненадат во било кој период од годината.
Поради снегот кој уште се држи и по консултација со домарите од домот Какалос, турата ја започнавме преку зимската патека преку местото Горица. Првиот ден имавме вкупно 11 км со 1600 м висинска разлика.
Следното утро, преку Платото на музите се упативме кон кулоарите на Стефани и Митикас.
По проценка на теренот, и предвидување на состојбата на снегот во текот на денот одлучивме дека денеска ќе се обидеме да го качиме технички по захтевниот - Стефани.
Во наврска, запазувајќи ги сите безбедносни мерки, сите заедно се качивме на врвот и безбедно се спуштивме.
Огромна благодарност до сите учесници на укажаната доверба. Сите покажавте што значи тимски дух во тешки услови, кога на егото комплетно се заборава и работиме сите како еден.
🏔