09/04/2015
"Boxing Club Toros"
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from "Boxing Club Toros", Sport & recreation, Sportska Sala, Vinica.
09/04/2015
i would rather suffer the pain of discipline than the pain of regret - ZYZZ
To see a man beaten not by a better opponent but by himself is a tragedy.
Na koj nacin mrzliviot simnuva kiogrami?-Gleda atletika
5 големи митови за вежбање во теретана
Митови за телото, теретаната и вежбањето ги има премногу, па затоа некогаш треба да престанете да ги слушате. Дел од нив се и следиве:
Кревање тешки тегови ќе ги напумпа вашите мускули
Повеќето луѓе веруваат дека ако дигаат тешки тегови ќе изгледаат како боди билдери. Секако дека во реалноста не е баш така. Големината на вашите мускули зависи од гените и од должината и интензитетот на тренингот, а не од тежината на теговите. Истражувањата покажале дека со подигање потешки тегови со помалку повторувања на вежбите побрзо ќе го постинете саканиот резултат.
Чувствувате болка поради млечни киселини во мускулите
Веројатно сте слушнале дека болката која во мускулите се јавува после вежбањето е причинета од млечните киселини. Вистината е дека одложената болка која се јавува ден или два по напорниот тренинг, е резултат на микросолзите кои се испуштаат во мускулите за време на вежбањето. Болката која ја чувствувате додека вежбате е мал поздрав кој ви го праќаат млечните киселини. Нивната улога е да им помогнат на мускулите подолго да го издржат тренингот.
Ако престанете да вежбате, мускулите ќе ги претворите во масти
Повеќето луѓе мислат дека ако престанат со вежбање автоматски ќе се здебелат. Но тоа не е баш така. Иако вие забележувате дека сте качиле некој килограм плус, тоа никако не значи дека вашите мускули повторно насобрале масти. Со вежбањето мускулите се ослободуваат од мастите, па не е можно за многу кратко време повторно на нив да се насоберат маснотиите.
Не треба да вежбате кога имате воспалени мускули
Ако вчера напорно сте вежбале а денес едвај одите, сигурно си мислите дека во таква состојба не смеете да вежбате за да не ве болат повеќе. Но, доколку нормално продолжите да вежбате, болката во мускулите побрзо ќе исчезне, а вие повторно ќе можете нормално да се движите.
Истегнување пред вежбањето многу помага
Веројатно оваа теорија ја знаете отсекогаш, но сега некако истата е застарена. Многу инструктори велат дека истегнувањето пред вежбите е само губење време, и дека најдобро е истото да се применува по завршувањето на тренингот.
15 ЕКСТРА МОЌИ НА НАЈЈАКИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК
Запознајте се со широкиот спектар на моќи кои ги поседува овој природен лек.
Најсилниот природен атибиотик кој уништува широк спектар на микроби, вклучувајќи вируси, бактери и габи, е екстракт од семето на грејпфрутот, познат под името цитрофит.
Грејпфрутот е познат како антиоксиданс со силно антибактериско дејство. Богат е со витамини А, Б, Ц, Д, Е и К, како и со калциум, фосфор, магнезиум, цинк, бакар и железо. Но неговото вистинско богатство се крие во неговите семчиња.
Од семките и пулпата на грејпфрутот се добива цитрофит, најјакиот расположлив антибиотик кој делува на зајакнување на имунитетот. Поради големиот број на полифенолни соединенија биофлавоноиди (60-70%), екстрактот од семки од грејпфрут покажува неверојатни својства.
Благодети од екстрактот од семе од грјпфрут:
● го намалува нивото на холестерол во крвта
● идеален е за превенција од грип и настинки
● делотворен е при алергии
● лечи акутни и хронични воспаленија
● помага при лечење на гастротестинални инфекции
● лечи болести предизвикани од паразити
● идеален е за испирање на устата, при ранички на усните, здивот, испукани и суви усни
● делува против забен плак и кариес
● помага при болки во увото и хронични воспаленија на уво
● одлично се покажал во борба против првут, чешање на темето и паразити во косата
● лековито делува при мали исеченици, ранички, изгореници, исип на кожата
● смирува убоди од инсекти
● помага при плускавци на нозете, брадавици и кожни инфекции
● делува и кај габични инфекции и вагинални паразити
● помага во борба против слободните радикали, ја подобрува работата на црниот дроб и ги зајакнува артериите.
25/04/2013
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=pzNvKNuhquY
Best Ab Workouts For Men | How To Lose Belly Fat For Men | How To Get A Six Pack Abs Download The Most Complete Quick Fat Loss Guide To Learn How To Lose Belly Fat & Get A Flat Stomach Fast With 27 Unique Methods. CLICK HERE : http://RapidBel...
Вежбајте само 10 минути дневно за да го подобрите вашето здравје
Добро е познато дека физичката активност го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабет, го намалува крвниот притисок, холестеролот, го подобрува варењето и метаболизмот, ги снабдува внатрешните органи со кислород, ја подобрува густината на коските со што драстично го намалува ризикот од појава на остеопороза.
Всушност, физичката активност е од суштинско значење за вашето здравје.
Ќе се изненадите што се можете да направите за 10 минути дневно. Само изберете: пешачење, танцување, качување по скали, возење ролерки, аеробик, пилатес, итн. Советувајте се со вашиот лекар или физиотерапевт за да го направите правилниот избор. Исто така, можете да се приклучите и во теретана и да работите со професионален тренер кој навистина може да ви помогне во одржувањето на вашата тежина и здравје.
Не се залетувајте – одете чекор по чекор
Не е толку тепко да најдете што да правите, најголем проблем е да почнете тоа да го правите. Тука најважно е да почнете само со 5-10 минути вежбање дневно. Ова е нешто што е реално и остварливо дури и ако во последните 10 години не сте мрднале од троседот.
На пример, само одењето долж голем паркинг сигурно ќе ви одземе неколку минути. Поминете го тоа растојание два пати во денот и ете ви 5 минути пешачење. Не е тешко нели? Сигурно ќе најдете и време тоа да го направите.
Само сетете се колку пати сте чекале ред во Мекдоналдс подолго од 5 минути само за да купите храна која и онака е штетна за вашето здравје. Сега со само 10 минути дневно инвестирате во подолг живот.
Тоа што е клучно за успех на оваа стратегија е континуираноста на активностите. Мора да вежбате секој ден, нема исклучоци и нема оправдувања - нека биде дел од вашето секојдневие, само една добра навика. Дури ако врне, или ако сте болни – пешачењето ќе ви делува многу подобро отколку престојот во затворена просторија.
Со текот на времето оваа навика ќе прерасне во нешто што со нетрпение го очекувате. Тоа значи дека е време за проширување на 20 минути па дури и подолго доколку тоа вам ви одговара. Но не се форсирајте, оставете тоа да си дојде само од себе. Уживајте!
Храна која природно го снижува холестеролот
Ако сакате да го намалите нивото на холестерол во крвта, да го снижите крвниот притисок и да го одржите здравјето на срцето, тогаш треба да посегнете по овие прехранбени производи...
1. Печени бадеми со лушпа
Во само еден грст бадеми има неверојатни 9 грама монозаситени масти, кои ви помагаат да го намалите штетниот холестерол и да го зголемите корисниот. Ако наместо чипс, крофни или переци се одлучите за две ужинки дневно од бадеми, можете да го снижите лошиот холестерол за речиси 10 проценти. Дополнително, витаминот Е во месото од бадемите и флавоноидите во лушпата од плодот ќе ви помогнат да го спречите настанувањето на плакот што ги запушува артериите.
2. Авокадо
Според една студија направена во Мексико, луѓето кои јаделе по едно авокадо дневно, во текот на седум дена, забележале снижување на нивото на холестерол за цели 17 проценти. И додека штетниот ЛДЛ холестерол и триглицеридите оделе по надолна линија, ХДЛ холестеролот всушност се покачил, благодарение на монозаситените масти кои се присутни во ова јужно овошје.
3. Домати
Доколку во текот на една седмица јадете 7 или повеќе порции домати, го намалувате ризикот од кардиоваскуларни болести и до 30 проценти. Иако точната причина за ова не е утврдена, се претпоставува дека позитивниот ефект се должи на антиоксидансот ликопен или пак на високото ниво на витамин Ц, калиум и растителни влакна.
4. Лосос
Помеѓу рибите богати со омега-3 масни киселини, ниту една не е покорисна од лососот. Во една порција се содржат 1,8 грама омега-3 масни киселини кои ви помагаат да го намалите ризикот од аритмија, да го снижите штетниот холестерол, да ги смирите воспаленијата , а постојат и индикации дека оваа храна спречува оформување тромбови. Следна најкорисна риба по лососот е туната, која е и поевтина варијанта.
5. Овес
Растворливите растителни влакна кои се содржат во овесот служат како сунѓер, врзувајќи се со масните киселини богати со холестерол, по што ги исфрлаат од организмот преку изметот. Како последица на тоа доаѓа до намалување на штетниот ЛДЛ холестерол, бидејќи има помала количина холестерол што може да навлезе во крвниот систем.
25/01/2013
PEOPLE ARE AWESOME 2013 The song is 'Levitate' by Hadouken, out now on iTunes: http://bit.ly/WJxu0y It is taken from the album 'Every Weekend' available on iTunes: http://bit.ly/W0U...
19/01/2013
Најдобрите ММА нокаути за 2012 Жестоки, многу силни удари од кои не се станува лесно на нозе. Ве предупредуваме за хард-кор содржина!
09/12/2012
Todd Duffee
The SHOOT! - Todd Duffee In depth with Todd Duffee!
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Sportska Sala
Vinica
2310