14/05/2026
🏀Виктор Талевски во репрезентацијата под 14 години.🏀
И покрај сите вложувања Битола ретко можи да се пофали со свои репрезентативци.
Еден од ретките е нашиот Виктор Талевски кој во моментот на турнир во Романија гордо ги брани боите на нашата држава.
Ова е доказ дека малиот клуб развива големи таленти.
Браво Виктор,ти посакуваме и понатамошни успеси.
09/05/2026
🏀 Тренинг натпревари🏀
🏀Кошарка,дружба,навивање,полни трибини....
🏀Браво дечки,браво тренери за преубавиот ден
🏀КК Јуниор Баскет 💪💪💪продолжуваме понатаму
01/05/2026
🏀Информација за тренинг!🏀
Поради државно првенство во пинг-понг во спортската сала при О.У Св.Кл.Охридски ве информираме дека во сабота 02.05.2026 нема да имаме тренинг.
Со редовни тренинзи продолжуваме од понеделник
25/04/2026
🏀Тренинг натпревар 🏀
🏀Убави потези,нови искуства,дружење....🏀
18/04/2026
🏀Јуниор Баскет - Иба Баскет 72:70🏀
Во одличен натпревар со преубави потези на двете страни нашите дечки извојуваа голема победа во првиот осминафинален натпревар против екипата на Иба-Скопје.
Реваншот се игра за една недела во Скопје.
Честитки за борбената игра и извојуваната победа 💪🏀
12/04/2026
Почитувани членови, симпатизери, родители ви посакуваме убави Велигденски празни!
Ви посакуваме здравје,среќа,љубов, бериќет...
За многу години!
21/03/2026
🏀М14-Вибас-Јуниор Баскет 70:77
🏀М18-Гостивар-Пелистер 54:74
Двете екипи кои се под наше водство дојдоа до нови гостински победи во своите категории.
Со овие победи Јуниорите од екипата под 14 години се пласираа во разигрувањето и ќе стартуваат од третата позиција во својата група, додека играчите на екипата под 18 години на 4 кола пред крајот се исто така скоро сигурно пласирани во понатамошното разигрување.
Честитки и успех и понатаму🏀💪
15/03/2026
🏀Победа над големиот ривал🏀
По голема борба и во спортска атмосфера во битката за третата позиција голема победа на нашиот "мал клуб" над градскиот ривал .
КК Јуниор Баскет -КК Пелистер 74:66🏀🏀🏀
Браво момци,одиме понатаму 💪💪💪
14/03/2026
🏀Утре сите во сала да ја поддржиме нашата екипа под 14 години во градското дерби и борбата за третата позиција на табелата🏀💪💪
11/03/2026
🏀 Јуниор мини Баскет 🏀
🏀Кошарка,дружба,забава,навики за здрав живот.....🏀🏀🏀