17/09/2026
Маврово Опен 2026 го одбележа уште една голема идеја. Идејата беше да направиме постојана трибина покрај тениското игралиште, и секогаш да биде збирно место за млади, публика и поддршка на оние кои го користат игралиштето и кога не се случува Маврово Опен.
Едноставно, замисливме камо да го оплемениме просторот во ова делче од Маврови Анови, и одиме чекор по чекор. Конкурс, предлог решенија, па реализација в година!
Идејата за конкурсот, и самиот менаџмент на овој дел од МО26 потекнува од Сара Симоска MELEEM на која сме и бескрајно благодарни што волонтерски се вклучи во тимот, и ја збогати содржината поврзана со турнирот.
На сите 8 тимови од архитекти и автори им благодариме што издвоија време и креативна енергија за да ни испратат трудови.
Сите трудови ќе бидат изложени за време на финалниот викенд на Маврово Опен, закажан за 19 и 20 септември.
A во недела, по финалните мечеви ќе биде објавено и наградено победничкото решение.
Одлуката ќе биде донесена од страна на стручното жири, архитектите Ива Латас TAKTIK , Симон Папеш VOLART и Сара Симоска MELEEM , а предвид ќе биде земено и гласањето на публиката на социјалните мрежи.
Се гледаме викендов и со друштвото архитекти на тенис 🫶🎾💚🍸