14/08/2026
Нашиот Давид Јовановиќ од генерацијата 2015 селектиран во ОФК БЕОГРАД! 🇷🇸
Давид Јовановиќ ќе настапува и во младинските категории на ОФК БЕОГРАД, откако неговите настапи на тренизите и натпреварите ги забележаа тренерите на тимот и тоа на Кампот Спортстарс - "Србија те зове", кој традиционално се одржува секоја година во Белград, а за време на кампот веќе одработи тренинзи и контролни натпревари во дресот на плаво - белите "Романтичари" од Карабурма.
Давид е 11 годишен активен играч на позиција напаѓач кој активно тренира веќе четири години и има многу успеси на државни и меѓународни натпревари.
Сега, на месечно ниво покрај тренинзите во матичниот клуб дополнително ќе тренира и со неговите врсници во фудбалската академија на ОФК БЕОГРАД, а ќе настапи на меѓународен турнир на крајот на месецот август.