15/04/2026
Нешто повеќе за билјардот
👌👌👌
Фер плеј со Јана - Андреј Ѓурчиновски, билијард
Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.
12/04/2026
Честит и бериќетен Велигден
Многу здравје, љубов, разбирање, благосостојба кај сите.
❤️🕊️
Раководство на БФСМ
31/03/2026
🎱 Дел од атмосферата од вториот мастерс во А дивизија 🔥
Врвен билјард, одлични потези и неизвесни мечеви меѓу најдобрите 16 💪
📸 Уживајте во галеријата!
31/03/2026
ВТОР МАСТЕРС ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО- А ДИВИЗИЈА (ТОП 16)
Овој викенд помина во одлична атмосфера во Предатор Клуб – Кичево, успешно се одржа вториот мастерс турнир од државното првенство во организација на БФСМ, каде настапија најдобрите 16 играчи.
Високо ниво на игра, неизвесни дуели и вистинско уживање за љубителите на билијардот
🏆 Резултати:
🥇 1 место – Андреј Гјурчиновски
🥈 2 место – Диелли Весели
🥉 3 место – Христо Василевски & Златко Ицановски
Честитки до сите учесници за прикажаната игра, а посебно до победникот и финалистите.
30/03/2026
📸 Атмосфера од Б дивизијата на Вториот Мастерс турнир
Одлични партии, неизвесни дуели и вистинска борба на масата!
Погледнете дел од најдобрите моменти 👇
30/03/2026
ВИКЕНД ПОЛН СО ВРВЕН БИЛЈАРД!
Во изминатиот викенд успешно се одржа Вториот Мастерс турнир во Б дивизија во организација на БФСМ кој броеше 96 играчи.
Гледавме одлични партии, неизвесни дуели и вистинска борба до последна топка.
Играчите покажаа високо ниво на игра, спортски дух и максимална посветеност - уште една потврда дека билјард сцената кај нас оди нагоре.
🏆 РЕЗУЛТАТИ:
🥇 1 место - Николче Србиновски
🥈 2 место - Валентин Трајковски
🥉 3 место - Владо Матоски & Никола Стојановски
Честитки до сите учесници, а особено до најдобрите кои заслужено се искачија на врвот!
Голема благодарност до сите што беа дел од турнирот - играчи, организатори, публика и до клубот кој ни овозможи да се одржи овај мастерс, Гран Клуб.
Следуваат уште многу возбудувања – останете со нас.
21/03/2026
🔥 ШТО СЛЕДИ…
Државното првенство на Македонија во билјард продолжува со Вториот Мастерс турнир во дисциплината 9-ка!
📅 28 – 29 март 2026
📍 А лига – „Предатор“, Кичево (29.03.2026)
📍 Б лига – „Гран Клуб“, Скопје (28.03.2026)
Нè очекуваат возбудливи натпревари, силна конкуренција и врвен билјард од најдобрите играчи во државата 🎱
Подгответе се за два дена исполнети со адреналин, прецизност и мајсторија на масата!
👉 Следете нè за резултати, фотографии и најинтересни моменти
20/03/2026
Честит и бериќетен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.
Големиот празник нека не обедини уште повеќе, да ни даде многу здравје, слога, меѓусебна љубов, разбирање.
Раководство на БФСМ