29/08/2026
🇲🇰 Стефан Делев на Медитеранските игри во Таранто
На 29 август, нашиот триатлонец Стефан Делев ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде што со гордост ќе го носи дресот на Македонија.
Овој настап претставува значаен момент во неговата спортска кариера и уште една можност за претставување на македонскиот триатлон на голема меѓународна сцена. Триатлон клуб АТОМ му посакува успешна трка, максимална концентрација и одличен настап.
Посебна благодарност до Македонската триатлон федерација и Македонскиот олимписки комитет за укажаната доверба и можноста Стефан да биде дел од македонската репрезентација на овие Медитерански игри.
Среќно, Стефан! Гордo до целта! 🇲🇰🏊♂️🚴♂️🏃♂️
Triathlon