25/08/2026
📣 ПОВИК: Биди глас за женскиот спорт!
Го сакаш спортот? Веруваш дека женскиот спорт заслужува поголема публика, поддршка и видливост?
Како дел од кампањата „Навивај за Неа”, бараме 6 личности кои ќе ни помогнат да ја испратиме пораката дека полните трибини создаваат идни шампионки.
Бараме лица кои:
* се активни или поранешни спортисти/спортистки, тренери, спортски работници или се препознатливи поддржувачи на спортот;
* имаат активна публика на социјалните медиуми (ориентациски минимум 5.000 следбеници на една платформа);
* сакаат да создаваат кратка видео содржина;
* веруваат во еднаква поддршка и видливост за женскиот спорт.
Што ќе правиш? 🎥📻
Ќе бидеш дел од видео и радио кампањата „Зошто навивам за Неа?” и ќе помогнеш да ја донесеме публиката на трибините на женската кошарка, фудбал, ракомет и одбојка.
За ангажманот е обезбеден еднократен хонорар во висина од 300 евра бруто.💰
Не навиваме само за резултатот. Навиваме за нејзиниот пат, успех и иднина. ❤️
📩 Заинтересирани? Испратете ни кратка биографија/линк до вашите социјални профили и неколку реченици зошто сакате да бидете дел од кампањата на [email protected]. Повикот е отворен до 7 септември.
Активноста се одвива во склоп на проектот “Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики”. Проектот е кофинансиран од Европската Унија.
Навивај за Неа!