09/06/2026
Време е за нови фудбалски пресметки во рамки на Месец на спортот 2026! ⚽
Екипите повторно ќе ги одмерат силите на теренот во борба за бодови, подобар пласман и нови победи. Очекуваме динамични натпревари, атрактивни потези и многу спортска енергија.
Погледнете го денешниот распоред и бидете дел од уште една одлична спортска вечер. 💪
09/06/2026
Продолжуваат возбудувањата во рамки на Месец на спортот 2026! 🏐
Вечерва одбојкарските екипи повторно излегуваат на терен во потрага по нови победи, важни бодови и уште еден одличен настап.
Погледнете го денешниот распоред и подгответе се за вечер исполнета со одлична одбојка, тимска игра и спортски дух. 💪
09/06/2026
Уште една вечер со динамична игра, атрактивни потези и неизвесни пресметки на теренот. 🏀
Ги објавуваме резултатите и бодовната табела од баскет натпреварите одиграни на 08.06 како дел од Месец на спортот 2026. Честитки до сите екипи за прикажаната игра, борбеноста и спортскиот дух. 👏
05/06/2026
⚽ Резултати од натпреварите во фудбал – Месец на спортот 2026
Вечер исполнета со голови, возбудливи дуели и одлична тимска игра. 🔥
Честитки до сите екипи за борбеноста, спортскиот дух и фер-плејот прикажан на теренот. 👏
Продолжуваме со нови натпревари и нови возбудувања во најспортскиот месец од годината!
#МесецНаСпортот2026
05/06/2026
🏐 Резултати од натпреварите во одбојка – Месец на спортот 2026
Уште една вечер исполнета со одлични поени, неизвесни сетови и вистински тимски дух. 🔥
Честитки до сите екипи за борбеноста, фер-плејот и енергијата што ја донесоа на теренот. 👏
Продолжуваме со нови натпревари и нови спортски предизвици!
#МесецНаСпортот2026
04/06/2026
Уште една вечер исполнета со одличен баскет, неизвесни дуели и многу спортска енергија на теренот. 🔥
Ги објавуваме резултатите од вчерашните натпревари и продолжуваме со натпреварувачкиот ритам на Месец на спортот 2026.🏀
Честитки до сите екипи за прикажаната игра и фер-плејот. 👏
#МесецНаСпортот2026
03/06/2026
📸 Моменти за паметење од MultiSport League 2025 🏆
Уште една успешна сезона е зад нас, исполнета со натпревари, тимски дух, нови пријателства и многу спортски емоции.
Во овој албум ги споделуваме најубавите моменти од свеченото доделување на пехарите и признанијата за најуспешните екипи и поединци. 👏
Честитки до сите учесници, финалисти и шампиони кои ја направија MultiSport League 2025 посебна. Благодарност до сите компании што беа дел од оваа приказна и покажаа дека спортот е најдобриот начин за поврзување, дружење и градење тимски дух. 💪
Се гледаме во следната сезона! 🔥
03/06/2026
🏆 Шампионска завршница на MultiSport League 2025! 🏐
Вчера вечер се одигра големото финале во одбојка, со кое официјално беше спуштена завесата на уште една успешна сезона.
Во одличен и неизвесен натпревар, Alkaloid ја освои титулата со победа од 2:0 против KB, по два исклучително израмнети сета (26:24, 25:22). 🔥
Честитки до шампионите за заслужениот трофеј, како и до KB за одличната сезона и финалниот настап. 👏
Благодарност до сите компании и учесници кои беа дел од MultiSport League 2025 и придонесоа за уште една сезона исполнета со спорт, дружење и тимски дух. 💪