15/09/2026
Дали знаеш дека има јога положби што може да ри помогнат во дигестијата?
Подолу ти ги споделувам сите бенефити на положбите од фотките 👇
1. Ваџрасана - положба на дијамант
Оваа положба може да се прави веднаш по јадење, го намалува протокот на крв во нозете и ja пренасочува крвта кон стомачните органи, со што го забрзува варењето и спречува тежина.
Седи вака 5 до 10 минути по јадење
2. Апанасана - оваа положба како што кажува и името е поврзана со апана вају виталната енергија која се движи надолу и ја контролира елиминацијата на токсините, гасовите и отпадот од телото. прави масажа на органите,ослободува заглавени гасови, ги стиѓулира цревата. Се прави 2-3 часа по јадење или наутро пред јадење
3. Parivrtta Sukhasana - извртување во седечка положба, делува како директна „масажа” за органи за варење, има ефект на „цедење” - кога се извртуваме во торзото, привремено се намалува протокот на крв во дигестивните органи, а кога ќе се вратиме во центарот, во нив навлегува бран од свежа крв богата со кислород.
Помага против констипација, ја намалува надуеноста.
4. Ardha Matsyendrasana - за детоксикација и стимулирање на дигестивниот систем. работи на принципот на „исцедување“ на абдоминалните органи. Прави масажа на панкреасот и црниот дроб, го олеснува чистењето на дебелото црево, намалува надуеност - помага да се придвижат заглавените гасови.
5. Supta Baddha Konasana - лежечка пеперутка - ги релаксира стомачните мускули и го смирува умот, со ширење на колковите се отвора простор во долниот дел на стомакот, што помага за полесно движење на гасовите и ја намалува надуеноста и грчевите
6. Balasana - положба на дете
Кога стомакот се потпира врз бутовите, се создава природен и нежен притисок кој ги масира дигестивните органи.
Оваа положба помага и за намалување на стресот - со оглед на тоа што цревата се силно поврзани со мозокот, смирувачкиот ефект на оваа поза веднаш ги намалува грчевите и подуеноста предизвикани од стрес.
•
Зачувај си, ќе ти се најде 😊
•