Nov Veter

Nov Veter Едриличарски Клуб | Sailing Club

Добредојдовте во ЕК Нов Ветер!

Зошто едрење?
Едрењето е одличен спорт, независно дали едрите од хоби или се натпреварувте. Незаменливо е чувството кое го имате кога сте на вода, кога ветерот ги полни едрата и кога сами или заедно со својот тим се трудите да ги искористите стекнатите теориски и практични знаења за да го извлечете максимумот од силата на природата.
Има многу причини зошто едрењето е една од најдобрите работи кои можете да ги правите во вашето слободно време. Голем број едриличари ќе ви кажат дека едрењето ви дозволува да избегате од се’, ве учи на многу технички вештини, ви го зголемува чувството на слобода, на брзина, ви помага да се почувствувате поврзани со природата.
Други ќе ви кажат дека едрењето ви дозволува да пронајдете мир и тишина, дека ви го успорува времето и ви помага да се самоспознаете.
Едрењето го наградува фокусот, напорот и натпреварувачкиот дух и најбитно од се ве учи да бидете дел од тим. Едрењето бара внимание, посветеност, создава предизвици и помага да ги спознаете своите сили.

ЕК Нов Ветер
ЕК Нов Ветер е формиран во јуни 2017 година во Скопје на иницијатива на едриличари и скипери кои во изминатите десетина години активно едреа и другаруваа на Јадран, самостојно или како членови на други едриличарски клубови.

Мисијата на клубот е преку своите активности да придонесе за промоција и зголемување на интересот за едрењето, но пред се за поморското едрење и навигацијата, да ги поттикне младите генерации да се запознаат со едрењето и да го прифатат и практикуваат истото како спорт или хоби.
Нашата визија е да создадеме клуб кој ќе биде отворен и во кој ќе биде добредојден секој вљубеник во едрењето. Клубот засега брои околу 100 членови, прекрасни и интересни луѓе од најразлични професии и старосни групи. Ќе се стремиме да прераснеме во водечки едреличарски клуб во Македонија и тоа преку:
- Примање на нови едриличари;
- Опфаќање на луѓе од различни средини;
- Посветеност кон обезбедување на учество, обука и можности за натпреварувачко едрење.
ЕК Нов Ветер организира едрење, регати и флотили на Јадран, Егеј, Јонско море и пошироко. Главен настан на клубот е регатата „Меморијал Славе Герасимовски“, со натпреварувачки карактер која се одржува во октомври и мајското едрење кое има послободна форма во зависност од интересот на учесниците, а се организира во последната недела на Мај. Клубот активно функционира од Септември до Јуни.
Покрај овие два настана, клубот одржува редовни месечни средби на своите членови, секој последен четврток во месецот. Локацијата на средбите се менува и се објавува недела дена пред средбата на FB страницата на клубот. Овие средби се најдобар начин за сите заинтересирани идни членови да дојдат и одблиску да се запознаат со активностите и начинот на функционирање на клубот.
Активностите на клубот ќе бидат насочени кон развивање на следниве четри главни подрачја: безбедност, едрење за заедницата, натпревар, капацитети.
- Одржувањето на безбедноста како највисок приоритет за сите активности при едрењето;
- Промовирање на едрењето во пошироката заедница преку обезбедување на постојани, добредојдени и опфатни можности за едрење.
- Развивање на програма за тренирање и натпреварување на едриличари;
- Организирање на разни интерни клубски натпревари;
- Сериозна посветеност во заложбите за воспоставување и работа на трајни, сеопфатни капацитети за спортови на вода во Македонија;
Членовите на клубот во текот на годината учествуваат и на други домашни и меѓународни едрења и регати.
Клубот во текот на годината организира обуки за заинтересирани членови за основите на едрењето, регатните правила и навигацијата.
Клубот организира и учествува и во други социјални настани од хуманитарен и друг карактер.

За крај, боите на ЕК Нов Ветер ги бранеа тимовите на Филип Христов, Сашо Добревски и Љубомир Петровски, со Иван Николовс...
30/08/2026

За крај, боите на ЕК Нов Ветер ги бранеа тимовите на Филип Христов, Сашо Добревски и Љубомир Петровски, со Иван Николовски, Љупчо Велевски и Бојан Оносимоски, Дарко Јовановски, Мила Добревска и Вања Младеновски, како и Ангела Зафироска, Перица Шишковски, Александар Маркоски и Денис Радески.

Благодарност до сите учесници, до судијата Иво Илинчев и до регатниот одбор кој го сочинуваа Зоран Јачев и Тони Ѓуровски за прецизно водениот натпревар, до ЕФМ – Едриличарската федерација на Македонија за покровителството, до ЕК Акватика Јахтинг и плажата Камперстоп Кʼј Дивоно за логистиката и гостопримството 💙, како и за прекрасните слики низ објективите на Иво Илинчев и нашиот член Кузман Клековски.

Лигата продолжува со голем ентузијазам, следниот собир е во Септември. За пријави и информации: 070 209 548 или [email protected]. ⚓

Едриличарски поздрав

ОБЈАВА 2 - Финале и Борба за III место (29.08.2026)На вториот ден од настанот победниците на групите, Нов Ветер 2 (Добре...
30/08/2026

ОБЈАВА 2 - Финале и Борба за III место (29.08.2026)

На вториот ден од настанот победниците на групите, Нов Ветер 2 (Добре) и Меч Рејс (Мошо), се натпреваруваа во финале за првото место, а второпласираните Нов Ветер 1 (Филип) и Акватика (Софија) во дуел за третото. Резултатите беа како што следат:

ФИНАЛЕ:
🏁 Трка 1 (старт 14:15)
🥇 Меч Рејс - 22:55:46
🥈 Нов Ветер 2 - 26:01:47

🏁 Трка 2
🥇 Меч Рејс - 27:11:65
🥈 Нов Ветер 2 - 28:15:32

➡️ Меч Рејс со 2:0 го освои првото место.

Дуелот за трето место, во кој требаше да се сретнат Нов Ветер 1 и Акватика, не се доврши, ветерот стивна и условите не дозволија регуларна трка.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН НА II РЕГАТА
🥇 1. Меч Рејс
🥈 2. Нов Ветер 2
🥉 3. Нов Ветер 1 / Акватика
🔹 4. [...]
🔹 5. ОЛС / Нов Ветер 3
🔹 6. [...]

Организациски, ни останува задоволството што и оваа регата се одвиваше во добри и фер услови, со зголемен број на тимови, спортски настапи и голем елан. Честитки до Меч Рејс за победата и до сите шест тима за едрењето! 🎉⛵

ОБЈАВА 1 - Групна фаза (28.08.2026)Вториот продолжен викенд од сениорската лига „Фар Ист 23Р" во Охрид е зад нас. И како...
30/08/2026

ОБЈАВА 1 - Групна фаза (28.08.2026)

Вториот продолжен викенд од сениорската лига „Фар Ист 23Р" во Охрид е зад нас. И каков убав викенд беше тоа.

Под покровителство на Едриличарската федерација на Македонија, ЕК Нов Ветер на 28–29.08.2026 организираше регата со нов формат и со дури 6 тима. Првиот ден го поминавме во групна фаза: по три трки во секоја група, со ротација на три брода.

ГРУПА Б

🏁 Трка 1 (старт 13:06):
🥇 ОЛС - 11:32:04
🥈 Меч Рејс - 13:39:21
🥉 Акватика - 22:38:32

🏁 Трка 2 (старт 13:40):
🥇 Меч Рејс - 10:54:05
🥈 Акватика - 15:41:11
🥉 ОЛС - 17:33:79

🏁 Трка 3 (старт 14:15):
🥇 Акватика - 10:50:67
🥈 Меч Рејс - 15:05:98
🥉 ОЛС - 16:21:30

ГРУПА А

🏁 Трка 1:
🥇 Нов Ветер 3 (Љубомир) - 12:46:39
🥈 Нов Ветер 2 (Добре) - 15:11:59
🥉 Нов Ветер 1 (Филип) - 21:04:31

🏁 Трка 2 (старт 15:45):
🥇 Нов Ветер 1 (Филип) - 16:44:92
🥈 Нов Ветер 2 (Добре) - 19:42:27
🥉 Нов Ветер 3 (Љубомир)- 24:40:08

🏁 Трка 3:
🥇 Нов Ветер 2 (Добре) - 13:58:12
🥈 Нов Ветер 1 (Филип) - 17:51:27
🥉 Нов Ветер 3 (Љубомир) - DNF

Со ова беа познати и екипите кои продолжуваат вториот ден: победниците на двете групи, Нов Ветер 2 и Меч Рејс продолжија во финале, а второпласираните, Нов Ветер 1 и Акватика, во дуел за третото место. 📸
(Втора објава во продолжение)

Боите на ЕК Нов Ветер на водата ги бранеа Сашо, Перица, Ангела, Александар, Ангел, Љубомир, Филип, Иван, Немања и Дамјан...
20/07/2026

Боите на ЕК Нов Ветер на водата ги бранеа Сашо, Перица, Ангела, Александар, Ангел, Љубомир, Филип, Иван, Немања и Дамјан, со полно залагање во текот на целиот викенд.

Им благодариме на сите учесници, на ЕФМ – Едриличарската Федерација на Македонија за покровителството, на ЕК Акватика Јахтинг и плажата Камперстоп Кʼј Дивоно за инфраструктурната поддршка и за крај, на нашите членови Кузман Кузе за фотографиите, а Филип, Љупа и Перо за поддршката со едрилиците.

Продолжуваме со наредните регати од лигата во месеците што следат, а веќе на ред ја имаме таа за викендот 28-30.08.2026. Сите заинтересирани лица можат да се јават на 070 209 548 или да ни пишат на [email protected]. ⚓

Времиња по трки (мин:сек):🏁 Трка 1 (14:05): Нов Ветер 2 15:45, Акватика 19:53, Нов Ветер 1 22:34, Match Race 32:16🏁 Трка...
20/07/2026

Времиња по трки (мин:сек):
🏁 Трка 1 (14:05): Нов Ветер 2 15:45, Акватика 19:53, Нов Ветер 1 22:34, Match Race 32:16
🏁 Трка 2 (15:05): Акватика 17:46, Match Race 18:32, Нов Ветер 2 19:59, Нов Ветер 1 30:59
🏁 Трка 3 (12:05): Match Race 18:02, Акватика 18:42, Нов Ветер 1 25:55, Нов Ветер 2 26:50
🏁 Трка 4 (13:40): Нов Ветер 2 18:50, Нов Ветер 1 21:45, Акватика 25:30, Match Race 26:40
🏁 Трка 5 (14:15): Нов Ветер 2 22:00, Нов Ветер 1 23:10, Акватика 24:30, Match Race 26:00
🏁 Трка 6 (15:05): Акватика 13:40, Match Race 14:50, Нов Ветер 2 20:26, Нов Ветер 1 20:28
🏁 Трка 7 (15:45): Нов Ветер 2 12:20, Нов Ветер 1 12:33, Акватика 12:50, Match Race 14:00
🏁 Трка 8 (16:15): Match Race 11:42, Акватика 12:10, Нов Ветер 2 16:50, Нов Ветер 1 17:02

Како организатор, на нас ни е особено драго што регатата помина во висок натпреварувачки дух, и со толку тесни резултати што разликата ја носеа навистина мали детали. Затоа, едно големо ЧЕСТИТО до сите екипажи за квалитетното едрење! 🎉⛵
(Трета објава во продолжение)

И, така, првата регата од сениорската лига „Фар Ист 23Р” во Охрид е зад нас. Ќе ни фали овој прекрасен охридски викенд в...
20/07/2026

И, така, првата регата од сениорската лига „Фар Ист 23Р” во Охрид е зад нас. Ќе ни фали овој прекрасен охридски викенд во спортско едрење со дури осум успешно реализирани трки, кои натпреварот го направија неизвесен до самиот крај. Бодовите постојано се менуваа, а конечниот редослед се реши дури во последните трки:

🥇 1. Нов Ветер 2 — 17 бода
🥈 2. Акватика — 17 бода
🥉 3. Match Race — 22 бода
🔹 4. Нов Ветер 1 — 24 бода

Според правилата на World Sailing (правило A8), изедначениот број поени се реши во корист на екипажот со подобри поединечни пласмани. Резултатите од сите трки се подредуваат од најдобар кон најслаб, а предност добива екипажот кој прв има подобар резултат.
(Втора објава во продолжение)

Во организација на ЕК Нов Ветер и под покровителство на Едриличарска Федерација на Македонија, успешно го отворивме први...
19/07/2026

Во организација на ЕК Нов Ветер и под покровителство на Едриличарска Федерација на Македонија, успешно го отворивме првиот викенд од сениорската лига „Фар Ист 23Р“ во Охрид, со две реализирани трки.

Нѐ послужи пријатен ден со можност за одржување на две трки. Во прилог ги објавуваме резултатите од првите трки.

I старт (14:05)
🥇 Нов Ветер 2 — 15мин45сек
🥈 Акватика — 19:53
🥉 Нов Ветер 1 — 22:34
4. Match Race — 32:16

II старт (15:05)
🥇 Акватика — 17:46
🥈 Match Race — 18:32
🥉 Нов Ветер 2 — 29:59
4. Нов Ветер 1 — 30:59

Третиот старт беше закажан за 16:05, но ветерот стивна и, по обид за старт, трката не се одржа. По првиот ден картите се измешани и ни следат возбудливи трки денес. Им благодариме на сите екипажи и судии, а на Охрид и на плажата Камперстоп Кʼј Дивоно, како и секогаш, што нè примија.💙

Драга Претседателке,Ви благодариме од срце што нè отпоздравивте од брегот и што ни посветивте посебно внимание на прием ...
26/06/2026

Драга Претседателке,
Ви благодариме од срце што нè отпоздравивте од брегот и што ни посветивте посебно внимание на прием во вила „Билјана”. Ваквите моменти оставаат голема трага, чест ни беше да Ви приредиме дефиле на едрилиците.
„Акватика Јахтинг" Охрид - „Aquatica Yachting" Ohrid Dime Flejta Ski Club

28/05/2026

За тебе, ЦИГИ

Дванаесет едрилици исцртаа ѕвезда на Јадран — зашто такви луѓе како тебе не си одат, тие стануваат светлина по која се движиме.

Плови понатаму, пријателе.
Ветрот секогаш ќе биде со тебе.

За тебе, ЦИГИДванаесет едрилици исцртаа ѕвезда на Јадран — зашто такви луѓе како тебе не си одат, тие стануваат светлина...
28/05/2026

За тебе, ЦИГИ

Дванаесет едрилици исцртаа ѕвезда на Јадран — зашто такви луѓе како тебе не си одат, тие стануваат светлина по која се движиме.
Го носеше ветрот во едрата, патот под тркалата, небото под крилјата.
Кога ќе засвиреше на гитара, и морето застануваше да слуша.

Ти не само што живееше — ти го сакаше животот, до последниот тон, до последниот бран.

Денес ти фрливме латици од рози во морето, не за да се збогуваме, туку за да му кажеме на Јадран да те чува, како што ти го чуваше секој миг.

Плови понатаму, пријателе.
Ветрот секогаш ќе биде со тебе.

Address

Bul Srbija Bb Digital Media Park/Office VISION
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

02 511 7249

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nov Veter posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share