Официјалната Facebook страна на РК Вардар 1961 | Official page
Ракометниот клуб Вардар е основан во 1961 година. Најголемите успеси ги постигнува откако Македонија станува самостојна држава, кога почнува и прогресот на клубот. Повеќекратниот првак, победник на Куп, постојано е во врвот на македонскиот ракомет.
Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонискиот ракомет како што се Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Мари
нковиќ, Зоран петковски, Игор Котевски,Стефче Алушовски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, и многу други
Последните години стандардно по неколку играчи од Вардар играат во националниот тим на Македонија, и секогаш има по неколку познатиинтернационалци. Тренерот на Вардар повеќепати бил и сeлектор на националниот тим на Македонија.
*Најголеми клубски успеси:*
Шампион на Македонија: 1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2008/09, 2012/13
Вице првак на Македонија: 1999/2000; 2005/06, 2007/08
Победник на национален Куп: 1996/97, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2007/08
Европски КПК - 1/2 финале: 1998/99, 2004/2005
Настап во Лига на шампионите: 2001/2002; 2002/2003; 2003/2004; 2004/2005, 2007/2008,
*Други клубски рекорди:*
* Прв македонски машки клуб што освоил четири шампионски титули по ред (2000/2001 - 2003/204)
* Прв македонски машки клуб со осум трофеи од Национален Куп
* Прв македонски клуб со четири титули по ред во првенство
* Прв македонски машки клуб што играл пет пати во Лигата на шампионите, четирипати по ред
* Втор македонски машки тим што играл во групите од Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл четирпати по ред во Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл петпати во Лигата на шампионите
* Прв македонски клуб што освоил пет бода во групата од Лигата на шампионите (2007/2008)
* Втор македонски машки клуб што играл во полуфинале на КПК (1998 - 2005)
*Други резултати по сезони*
1992/93 - 3 место место во македонско првенство
1993/94 - 3 место МКД првенство, 1/2 финале Национален Куп
1994/95 - 3 место МКД првенство, 1/16 финал Куп ЕХФ
1995/96 - 7 место МКД првенство, 1/16 финале Куп ЕХФ
1996/97 - 3 место МКД првенство, Победник на национален Куп
1997/98 - 3 место МКД првенство, Финале на Куп, 1/16 КПК
1998/99 - 1 место МКД првенство, финале на Куп, 1/2 финале КПК
1999/2000 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/16 финале Лига на шампиони
2000/2001 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп
2001/2002 - 1 место МКД првенство, Финалист на Куп, Игра во група од ЛШ (4 место во група)
2002/2003 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во група од ЛШ (3 место во група)
2003/2004 - 1место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место во група)
2004/2005 - 4 место МКД првенство, Полуфиналист на Куп, Игра во ЛШ (3 место), 1/2 финале во КПК
2005/2006 - 2 место МКД првенство, финалист на Куп, 1/4 финале Куп Челинџ
2006/2007 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/4 финале на КПК
2007/2008 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место, 5 бода, против Загреб, Адемар и Кадетен)
Куп, Игра во ЛШ (4 место, 5 бода, против Загреб, Адемар и Кадетен)
14/05/2026
Продолжување на соработката со кондициониот тренер Јовановски и промоција во првиот тим на Нечовски!
Нашиот кондиционен тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите.
Покрај него, промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски. Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од нашите младински категории, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим. Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар.
13/05/2026
КАПИТЕНОТ НА ВАРДАР ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ
Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар!
Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.
Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот мозаик.
РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб!
Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната!🔴⚫️
12/05/2026
Вардар ја продолжи соработката со Марио Келентриќ до 2028 година ❤️🖤
‼ РК Вардар ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година.
Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија.
👉 Келентриќ беше дел од „златната генерација на Хрватска“ која го освои светското злато во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004. Бранел за Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен и Мелсунген, а како тренер работел во Гумерсбах, каде четири години бил задолжен за сите категории на голмани во клубот. Исто така работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој
🏆 Одлуката за продолжување на соработката доаѓа по сезона во која Вардар се врати на трофејните патеки на домашната сцена и повторно ја освои двојната круна во Македонија. Голманите на Вардар на многу натпревари беа еден од клучните фактори за добрите резултати, а за нивната форма се грижи Келентриќ.
Покрај домашните успеси, Вардар имаше и значаен европски настап, откако стигна до Топ-8 фазата во Лига Европа.
Задржувањето на Келентриќ е важен чекор кон стабилност и континуитет во работата на стручниот штаб.
09/05/2026
Пораз на гостувањето кај Охрид
09/05/2026
Двојната круна е освоена... Продолжуваме кон нови успеси...
Денеска Вардар гостува во Охрид
Почеток: 18 ч.
09/05/2026
ДУПЛАТА КРУНА Е ЦРВЕНО-ЦРНА!
Шампионската сезона и дупла круна за нашиот Вардар. Една цел е остварена, а пред нас се многу други кои заедно со нашите навивачи ќе продолжиме да ги остваруваме!
Вардарци, Ви благодариме и најавуваме, борбата продолжува. Заедно за Вардар!
Вечерва требаше да се биде во „Јане Сандански“. Да се почувствува енергијата, да се радуваме заедно на титулата, да пееме за успехот и да си ветиме дека повторно ќе ја полниме салата и ќе освојуваме нови врвови.
Вардар - Еурофарм Пелистер 34-19.
На три кола до крај на сезоната, Вардар е новиот шампион, освојувајќи ја и двојната круна во Македонија.
ДЕНЕС ИГРА ВАРДАР! 🔴⚫🔥
Пред нас е натпревар што може и теоретски да ја потврди титулата и двојната круна. 💪🏆🇲🇰
Вардар вечерва го пречекува Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ во уште едно големо дерби на домашната сцена.
🗓️ 7 мај
⏰ 19 часот
🏟️ СЦ „Јане Сандански“
🎫 Билети на - https://ticketx.com.mk/events/vardar-pelister2
Сега е моментот да бидеме заедно, да ја наполниме салата и со полни трибини да му дадеме поддршка на Вардар во борбата за уште една голема радост. ❤️
Да бидеме заедно.
Да навиваме заедно.
И да се радуваме заедно. 🔴⚫🔥