25/07/2026
Утре, 26 јули 2026 година, уште во 5 часот наутро од спортскиот аеродром Стенковец започнува „24 часа адреналин“ – спортско-авантуристички предизвик што во еден непрекинат тек ќе ги поврзе небото, планината, карпата и Охридското Езеро. Двајца учесници, девет дисциплини и голем тим за поддршка ќе минат низ маршрута што ја покажува Македонија од перспектива што ретко ја гледаме: во движење, со брзина, концентрација и почит кон природата.
Ова е последната најава пред почетокот на предизвикот за кој Паноптикум веќе пишуваше во текстот „24 часа адреналин ја претвора Македонија во патека на слобода“. Проектот го иницираа Јане Стефанов и Љубомир Нетков, зад кои стои поширока мрежа од пилоти, инструктори, нуркачи, велосипедисти, сниматели, медицинска и логистичка поддршка.
Утре започнува „24 часа адреналин“ – Македонија од небо до вода Утре, уште пред изгрејсонце, започнува патувањето од Стенковец до Охрид. Девет дисциплини, двајца учесници и цела Македонија претворена во простор за движење, храб....
24/03/2026