07/05/2026
👉Продолжува одличната соработка со нашите пријатели КК Хебар од Бугарија.
🏀Еден тим .Две земји 🇲🇰и🇧🇬.Една мисија.
Спортот не зближува.🤝
Овие млади кошаркари ⛹♂️ тренираа заедно, се дружеа , уживаа во убавините на Охрид, создаваа нови идеи и расправаа и бараа одговори на многу важни прашања.
🙏Голема благодарност до КК Хебар, Safer.bg посебно до Калина Крумова за укажаната можност да бидеме дел од овој проект.
#ккструмицаролинг #ккхебар .bg
12/04/2026
Христос воскресе!
Навистина воскресе!
За многу години нека е!
#ккструмицаролинг💙
06/04/2026
👉Во неделата нашите млади кошаркари⛹♂️ беа гости 🚎 во Велес како дел од Минибаскет караванот организиран од 🏀Кошаркарската федерација на Македонија.
🏆Ден исполнет со многу кошарка, дружење ,забава и можност да се покажат научените кошаркарски вештини.
#ккструмицаролинг💙
05/04/2026
🔥Победа за потврда на пласманот помеѓу осумте најдобри екипи.
👉Нашите момци⛹♂️, генерација М-12 и во реваншот на домашен терен забележаа победа против екипата на КК Петровски од Битола.
👏👏Честитки до тренерот и играчите и многу успех во четвртфиналните натпревари.
#ккструмицаролинг💙
01/04/2026
👉Синоќа се одигра 12 коло во М16 натптреварувањето каде нашите момци забележаа убедлива победа против екипата на КК Овче Поле од Свети Николе.
👏👏Честитки до играчите и тренерот.
#ккструмицаролинг💙
30/03/2026
👉 Изминатиот викенд во сабота и недела нашиот клуб беше домаќин на Basket Grow Zone – Weekend Camp.
⛹♂️🏆Под палката на еден од најдобрите тренери во државата Саша Димитријевиќ нашите кошаркари имаа можност да запознаат нов начин на работа, да научат нови кошаркарски вештини, да се дружат и да уживаат во кошаркарската магија.
🏀Зад нас е исклучително успешен викенд исполнет со квалитетна работа, енергија и вистински напредок.
🙏Голема благодарност до тренерот Саша Димитријевиќ како и до сите дечиња кои беа дел од кампот за нивната посветеност, и професионалност.
#ккструмицаролинг💙
29/03/2026
🔥Со победа се враќаме од Битола!
👉Започнаа осминафиналните натпреви на нашата М12 генерација.На гостински🚃терен остваривме убедлива побада против екипата КК Петровски.⛹♂️Со оваа победа сме на чекор за влез помеѓу осумте најдобри екипи во државата.
👏👏Честитки до сите играчи и тренерот за победата и одличната игра.
#ккструмицаролинг💙
22/03/2026
👉Тренинг -девојчиња ⛹♀️
„Шансите не се случуваат. Вие ги создавате“ ❤
#ккструмицаролинг💙
21/03/2026
🏀 BASKET GROW ZONE – WEEKEND CAMP (Individual Development)
📅 28–29.03.2026
⏰ 09:00 – 12:30
👦👧 Возраст: 8–14 години
📍 Организација: КК Струмица Ролинг со Саша Димитријевиќ
👤 Саша Димитријевиќ – искусен кошаркарски тренер со долгогодишна работа со млади играчи и фокус на индивидуален развој, техничка основа и создавање на здрави спортски навики. Неговата мисија е секое дете да го подобри својот потенцијал преку квалитетен, структуриран и мотивирачки тренинг. Исто така негов син е еден од најдобрите кошаркари во Македонија Ненад Димитријевиќ.
Пријавувањето е во тек и ве очекуваме.
Повеќе информации на следниве телефонските броеви:
📞 Контакт:
Атанас Цикарск
070 315 445
Југослав Цицимов
070374626
Васко Глигоров
070818170
Зоран Гонев
078214044
#ккструмицаролинг💙