27/05/2026
Ѓорѓи Димитриевски, на 27 мај го прослави својот 74-ти роденден. Тој е поранешен голман на Беласица и Тиверија. Среќен роденден.
Историја на ФК Беласица од 1922 година па досега. Биографии на играчи, слики, извештаи од натпревари, табели, статистики по сезони од Ace Stojanov .
27/05/2026
Ѓорѓи Димитриевски, на 27 мај го прослави својот 74-ти роденден. Тој е поранешен голман на Беласица и Тиверија. Среќен роденден.
26/05/2026
Никола Коцев, поранешниот играч на Беласица, денес го слави својот 31 роденден. Среќен роденден!
25/05/2026
24/05/2026
Методи Трендов - Јамболот, поранешен играч на Беласица и Тиверија, а подоцна бил и тренер на Тиверија. Вечен помен.
24/05/2026
Методи Босиљанов, играл фудбал за Беласица, во периодот пред Втората светска војна. Вечен помен.
24/05/2026
Кире Ангеловски, денес го слави својот именден. Кире е поранешен играч на Беласица и Турново. Кире бил и фудбалски судија, а сега е тренер во младински категории во Брера. Вечен помен!
24/05/2026
Кире Стојанов, денес го слави својот именден. Тој минатата сезона играше за Беласица, а оваа сезона ја одигра добро во Брера. Кире минатата сезона постигна 4 гола во првенството и 2 во купот. Кире има одиграно над 25 натпревари во сите младински репрезентации на Македонија. Вечно име!
24/05/2026
Кире Панов, денес го слави својот именден. Вечно име!
Кире Панов е поранешен играч на Беласица и Тиверија. Панов потекнува од младинската школа на Беласица. Панов е дел од тимот,кој во 1997 година ќе игра финале на куп на Македонија против Вардар. Во следната сезона, младинците на Беласица ќе го освојат првенството на Македонија. Кире Панов ќе дебитира за сениорскиот тим на Беласица во Прва македонска лига во март 1997 година, против Шкендија од Тетово, на 18 години. Во оваа пролетна полусезона ќе одигра 8 натпревари, а во последните два натпревари против Саса и Брегалница од Штип ќе е стартер. Во есенската полусезона 1998 година одигрува уште 3 натпревари за Беласица, а последен му е против Овче Поле. Летото 1999 година преминува во Тиверија, каде ќе се натпреварува во Втората македонска лига. Во сезоната, 1999/2000, Панов ќе одигра 23 натпревари и ќе постигне 5 гола и заедно со М. Алачки ќе се најефикасни стрелци во екипата. Тиверија во баражот против Шкендија од Арачиново ќе го изгуби второлигашкиот статус. Панов ќе игра за Тиверија во Третата македонска лига - исток, во наредниот период од својата кариера.
24/05/2026
Кире Манолев е поранешен фудбалер на Беласица, кој во периодот од 1972 до 1975 година, одигрува 66 натпревари. Вечен помен!
24/05/2026
Мето Пасков, денес го слави својот именден. Мето е поранешен фудбалер на Беласица, во периодот од 2007 до 2010 година. Вечно име!