RK Delcevo

RK Delcevo Ракометен клуб Делчево Тренер Горан Велков Клубот е формиран 2011 година.

29/08/2026
Со првите тренинзи започнува и новата приказна на нашата пионерска екипа. Младоста носи енергија, но вистинскиот напредо...
17/08/2026

Со првите тренинзи започнува и новата приказна на нашата пионерска екипа.
Младоста носи енергија, но вистинскиот напредок се гради со дисциплина, посветеност и тимска работа. Пред нашите пионерки е период во кој секој тренинг ќе биде уште еден чекор кон подобра верзија од себе – и индивидуално и како тим. Со трпение се создаваат играчи, со заедништво се создава екипа, а со работа се создаваат идни победи.
Почнуваме полека, посветено и со јасна цел.

🔥 Се враќаме таму каде што припаѓаме! 🔥По една година пауза, РК Делчево повторно е дел од Пионерската женска лига при РФ...
06/08/2026

🔥 Се враќаме таму каде што припаѓаме! 🔥

По една година пауза, РК Делчево повторно е дел од Пионерската женска лига при РФМ!

Во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваме во две категории:
девојки родени 2012 година и помлади
девојки родени 2014 година и помлади

Подготовките започнуваат на 17 август 2026 година (понеделник).

Пред нас е нов почеток, нова приказна и генерација која со својата посветеност, талент и желба за работа ветува многу. Веруваме дека ова е една од најквалитетните генерации што досега го носела дресот на РК Делчево.

Првиот дел од подготовките ќе се одвива на отворено и на прекрасните терени на планината Голак, каде ќе ги поставиме темелите на физичката подготвеност, тимскиот дух и победничкиот карактер. Од 1 септември се селиме во сала, каде што нè очекуваат контролни натпревари и финално воигрување на екипите.

Првиот официјален тест ќе биде Меѓународниот меморијален турнир „Андреа Ампова 2026“, на кој ќе имаме чест да бидеме домаќини на екипи од Република Србија и повеќе клубови од Македонија.

Нашата цел е јасна – со многу работа, дисциплина и заедништво повторно да го вратиме Делчево на ракометната мапа и да создадеме генерација на која сите ќе бидеме горди.

Им благодариме на родителите, пријателите и сите љубители на спортот за довербата и поддршката. Веруваме дека заедно ќе славиме нови победи, нови медали и нови незаборавни моменти.

Напред РК Делчево! Срцето чука за Делчево! 💙🤍

Денес инспирација за најмалите, утре можеби  соиграч во репрезентацијата 💪
05/06/2026

Денес инспирација за најмалите, утре можеби соиграч во репрезентацијата 💪

 #Генерација2016
04/06/2026

#Генерација2016

Честитки до нашата поранешна ракометарка, Bojana Georgievska  , која заедно со својот клуб МРК Ѓорче Петров избори пласм...
03/06/2026

Честитки до нашата поранешна ракометарка, Bojana Georgievska , која заедно со својот клуб МРК Ѓорче Петров избори пласман во Супер лигата!
Особено сме горди што Бојана е и кадетска репрезентативка на Македонија, која со својата посветеност, труд и талент достојно ги претставува својот клуб и нашата држава.
Ти посакуваме уште многу успеси, здравје и нови победи на спортскиот пат. Нека ова биде само уште еден чекор кон уште поголеми достигнувања!
РК Делчево ти посакува среќа и успешна сезона во Супер лигата!

Ракометот не е само игра, туку училиште на животот. Овие мали шампиони со труд, дисциплина, редовни тренинзи и здрава ис...
02/06/2026

Ракометот не е само игра, туку училиште на животот. Овие мали шампиони со труд, дисциплина, редовни тренинзи и здрава исхрана покажуваат што значи вистинска посветеност. Секој медал што го добиваат не е само награда за постигнатото, туку и поттик за уште поголеми успеси. Тој медал е симбол на нивниот почеток — мотивација да растат како спортисти, но и како личности што ќе успеваат во животот. #Генерација2018ипомали.

🕊️🕊️🕊️
30/05/2026

🕊️🕊️🕊️

Со голема почит и љубов кон споменот на Андреа Ампова, на 5 и 6 септември во спортската сала „М.М. Брицо“ – Делчево ќе се одржи Вториот меморијален меѓународен ракометен турнир „Андреа Ампова“.

На турнирот ќе учествуваат екипи од Република Македонија и гости од Република Србија, кои преку спортот, дружењето и фер-плејот ќе оддадат почит на девојчето кое неизмерно го сакаше ракометот.

Посебен момент на настанот ќе биде и ревијалниот натпревар на поранешните ракометарки на РК Делчево, кои повторно ќе се обединат на теренот во чест на Андреа и во знак на поддршка за вредностите што ги носи спортот.

Ги покануваме сите љубители на ракометот, спортските работници, пријателите и граѓаните да бидат дел од овој настан и заедно да го зачуваме споменот на Андреа.

Да го поддржиме делото и духот на Андреа Ампова – преку ракометот, пријателството и хуманоста. ❤️🤾‍♀️

Честитки за Deana Velickovska, нашата поранешна ракометарка и репрезентативка во пионерска конкуренција, која денес засл...
16/05/2026

Честитки за Deana Velickovska, нашата поранешна ракометарка и репрезентативка во пионерска конкуренција, која денес заслужено се радува на шампионска титула.
Твојот успех е доказ дека трудот, дисциплината и љубовта кон спортот секогаш носат резултати. Горди сме што беше дел од нашето ракометно семејство и со радост ги следиме твоите успеси!

13/05/2026

Handball trophy 22-26.08.2026, Kragujevac💪💪💪

Address

Никола Јонков Вапцаров б. б
Delcevo
2320

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when RK Delcevo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to RK Delcevo:

Shortcuts

Share

Category